Испитај бета хцг преку крв, ако и тоа е негативно направи си преглед кај гинеколог да не е до друго. Инаку може покасно да се зачне,јас после 16 каснење потврдив бременост преку крв,тестовите преку мокрача беа негативни.
Здраво девојки еве и јас да го кажам мојот случај , ми касни 2 дена правев два теста и двата негативни градите ми се осетливи имав грчеви болки како за добивање пред недела дена, но тогаш сеуште беше рано за менструација па си велев ова може да дојде порано, но ништо ве молам за совет или некоја со слично вакво нешто.
Испитај бета хцг и ќе си најсигурна. Во спротивно почекај уште некој ден и пак направи тест. Симптомите пред добивање и рана бременост се исти. Искуства можеш да најдеш милион, кај некоја тестот може да е позитивен неколку дена пред добивање, или една недела после термин за добивање, се' зависи од должина на циклус и кога настанала овулација. Ти посакувам да си го видиш посакуваниот резултат .
Ти благодарам најмогу циклусот ми е од 30 до 32 дена, ќе почекам уште некој ден па пак ке направам тест <3
Здраво девојки , Сакам да ве прашам нешто што ме мачи последниве 2 недели .. Немам редовен циклус ,пред два месеци правев хистеро и лапароскопија ,со вереникот не користиме заштита , последен циклус добив на 1ви март а ете веќе сме 26ти Април и сеуште немам добиено . Направив 3 теста и негативни се , проверив преку урина и ми рекоа пак негативно( можеби треба преку крв да проверам ) А имам мачнини, замор , спијам по цели денови , се чувствувам ептен изнемоштено , притисокот ми беше нормален но сега ми е 140 /80-90 и пулс висок 125 .. имам тахикардија и ми се случува да неможам да земам воздух , зуење на уши ...не знам што е работава но би сакала и ваше мислење па следнава недела одам на гинеколог . Поздрав
Провери си бета преку крв и ке заеш на што си. Притисокот може да ти е од времето ама не смееш да го занемариш, доста е висок.
Мене ми доцни 10 дена имам незаштитени односи правев два теста на 4 5 ден и вчера пак негативни се. Дали некоја се соочила со истово??
Здраво имам едно прашање.Овој месец се обидувавме за второ детенце.Прерходно не сме пробувале инаку пет години е првото дете.Знам дека од прва нема да може односно мали се шансите,но ми се случи следново.Следев плодни денови работевме на случајот и требаше да добијам на 22 а добив на 25 сега но ми траеше еден ден и тоа малку на тоалет при бришење како за прв ден ми беше вообичаено така имав симптоми на добивање болка во кичмата и градите.Вчера и денес немам ништо а втор и трет ден ми се лудница при менструација.Сега правев тест негативен е? Мислења ве молам дали има шанса да сум трудна
Има, особено ако уште те болат градите. Повтори го тестот за некој ден или направи бета. Исто искуство имам, ти пуштам среќа .
@LanaDelR можно е ако си имала доцна овулација, и сега се имплантира, а не е доволно јак хормонот за да се детектира на тест за бременост. Почекај неколку дена и повтори го. Јас оваа бременост имам останато на крај на циклус, т.е неколку дена пред да треба да добијам. На 2-3 дена доцнење имав негативен тест, па по една недела многу танка линија, па по неколку дена јака црвена линија на тестот.
Здраво на сите,последна менструација ми беше на 21.04,симптоми,одвреме навреме осеќам ко да ќе добијам,вени по градите но болки никакви,утрово правев тест,испадна негативен,можа ли е бременост без симтоми и при негативен тест,инаку после првата бременост имам хормонално пореметување,совети искуства
Да ви го пренесам моето искуство ... 3 години обид за бременост, од кои 1 година верени и 2 години во брак, секој месец чекав да останам бремена незнам колку симптоми не си барав и тестови безброј, прегледи следење овулации хормони , хсг за на крај конечно да го убедам сопругот да направи спермограм по што добив шок азоспермија. За жал денес 50 -50 се поделени проблемите со потомство кај мажи и жени, сите што пробувате долго не губете време како мене пред се да се испита и машкиот фактор, решение има за се , , јас мислејки ај ке биде изгубив 3 години .... ве поздравувам сите поскоро до позитивна цртка
да се надевам на позитивно,првата бременост сум била бремена месец време без симптоми требаше да одам на забар си реков ќе напрам тест може има нешто а ми доцнеше само 3 дена првиот тест ептен бледа линија,вториот не се ни гледаше,на крв позитивно,но сега негативниот ми ствара паника
Феминки здраво и во оваа тема Дали некоја имала искуство со негативен тест и преку мокрача и преку крв, а да постоела бременост? Еве 4 ден ми доцни, симптоми немам ни за пмс ни за бременост, само болка во јајници (за прв пат во мојот живот, а да не е во овулација). Денеска двата вида на тестови ми излегоа негативни.