Да, утре ќе одам на гинеколог, ќе каже дали и што треба понатаму да се испита. Ама неизвесноста периодов ме убива, па сакав да прашам за искуство. А инаку да дополнам чисто за контекст, многу чудно дека не добив затоа што 1 недела пред датумот за добивање бев на ехо и д-р ми кажа дека сум имала овулација. Тогаш рече и дека е се во ред. Затоа сум во неизвесност: овулација има, а бременост или менструација нема....
Пред една недела сеуште имаше фоликули, во овулација беше тогаш? Ако е така, доцна настапила овулација и затоа се одвлекува и ти касни сега мензисот...
Да дадам апдејт во случај некој да пребарува опсесивно како мене, да го знае исходот. Бев кај матичната и ми рече дека секој момент требало да добијам. Сепак да спомнам дека и на неа чудно и беше дека негативни тестови, дека од претходниот пат на ехо (пред 10тина дена) ендометриумот се задебелил од 12 на 14мм. Јас уште немам симптоми ни за добивка ни за бременост. Веќе прифатив дека 99,9% нема бременост ама доколку се случи чудо ќе известам тука секако. Поздрав до сите
Задебелен ендометриум укажува и на бременост и на циклус. Барем моите докторки во рана бременост кога ме гледаа така ми кажуваа дека може и едното и другото да биде, дека станува збор за промена во матка. Провери си бета.
Па еве да известам дека се случи чудо, баш како што сум пишала погоре По 11 дена доцнење бев испитав бета и беше негативен тестот. Ми рекоа да ги пијам примолут нор но нешто одвнатре не ми даваше. Чекав до 14 ден доцнење и правев тест пред да почнам да ги пијам. Тестот беше бледо позитивен, не ги почнав апчињата. На 16 ден доцнење, денес тестот веќе е потемна линијата Здравје во четврток треба да проверам пак дали е темна линијата, па ќе видиме и ехо. Поздрав до сите и не губете надеж!
Не е 16 дена доцнење, во суштина ти доцни ден-два, си имала овулација околу датата кога си претпоставила дека треба да добиеш. Честитки и да си имаш убава и лесна бременост
Ми доцни веќе 7 дена, обично на 26/27 ден ми доаѓа сега више е 32 ден, тестови негативни пред 3 дена имав контрола за полипи доктор кажа рано да се види дали е бременост
mi docni 5 dena test negativen,nemam regularen ciklus mi trae i nad 40 dena ..vo slucaj na bremenost ako ispitam preku krv ke pokaze li za dva dena (vo ponedelnik bi proverila)? nemam nikakvi simptomi ni za dobivanje ni za bremenost
Провери си за твој мир преку крв, ама нема правило поготово со нередовен циклус. Во мојот случај во вторник на 11 дена доцнење, со редовен циклус имав негативен тест преку крв, а веќе во четврток позитивен. Според мене најсигурно е да испиташ најмалку 14 дена после незаштитен однос.
Здраво на сите,последна менструација на 27 ноември со поличистични јајници сум,последните 3 4 дена гради ме болат,синоќа после туширање си велев ќе ми прснат од болка,правев тест негативен,инаку претходната недела имав зголемено бело прање бело понекогаш ксно белка од јајце,сега слабо имам само на пати како бели зрнца ептен густо,можна ли е бременост покрај негативен тест
Доколку се сомневаш на бременост тркни до болница и испитај bhcg . (Тест за бременост преку крв) . Тоа ти е најдобро. Јас правев тест 4 дена после задоцнет циклус излезе негативен. На 7ми ден од циклус (поради бодежи во лев јајник ) отидов до болница и направив тест преку крв , излезе позитивен.
Јас имам бодежи во десен јајник а пред неколку дена имав јака болка во рбетот мислев да не ми е од спиналната анестезија од првата бременост поради промената на времето,но сега читам по форуми дека и тоа е симптом на бременост,се надевам на позитивно но од друга страна се плашам повторно да не се разочарам
Никогаш не се разочарувај ,знам дека е тешко да добиеш негативен тест. Меѓутоа запомни дека ако не биде овој месец ,ќе биде наредниот . Навистина посакувам да добиеш позитивен тест. Цела година,секој месец добивав негативен тест и мислам дека душата ми се кинеше со секој нов тест . Дури и кога останав бремена , пак добив негативен тест и тогаш најмногу се разочарав , за по три дена да се радувам како мало дете. Со среќа !
Полани точно на овој ден имав негативен тест. Плачев цел ден. На 10ти април пак негативен. Бев малку посмирена, се помирив дека не сум бремена. Дури на 18ти април добив позитивен тест. Го правев бидејќи наредниот ден имав закажано на гинеколог да видиме од која причина не добивам. Веќе не се ама ич ни надевав. И јас сум со полицистични јајници, ги имав сите симптоми на добивање, ама често ми касни по 7-10 дена. И сум имала покасно овулација Ти посакувам ЖАР црвени линии!
се надевам Ти благодарам,кај мене проблемот е што ми доаѓа на 3 4 месеци,па не можам да следам овулација,пред првата бременост немав никаков проблем,после пораѓајот ми констатираа поличистични јајници
И јас мислев дека јајникот ме боли поради бодежи јаки уствари да ти било од царскиот и промената на време али сепак се работи за нормална бременост. Испитај преку крв така најсигурна ќе бидеш