Ќе почекам уште некој ден па ќе проверам,ме буни и тоа што болките во градите на моменти ме болат при допир на моменти не,сега и нозете ми трнат,се осеќам и ко да имам температура
Ништо и овој пат,на десен јајник сум имала водена циста затоа ми биле бодежите,ми ставија инекција прогестарон со неа ќе се исушела,и за околу 10 дена требало да добијам
Здраво на сите нова сум на форумов ❤️Ми касни менструација повеќе од 10 дена два теста направени и двата негативни немам никакви симптоми за бременост освен што нонстоп само ми се спие.Дали е можно да сум бремена а да немам никакви симптоми
Можно е, јас бев така без други симптоми само ми се спиеше. 2 негативни теста после 10 дена и на крв ми покажа бременост.
Дали имаш редовна овулација? На 10+ денови треба да покаже точно најчесто. Кај мене покажа на 18ти ден од каснење ама со ПЦОС сум
Јас имам симптоми а исто тест негативен. И мене ми доаѓа различно, но секогаш до пет дена ми доцнела. Последно ми рекоа дека имам полицистични јајници нешто што не ми беше кажано на ниеден претходен преглед. Што симптоми имаше?
Во ситуација со ПЦОС и нередовни циклуси, најубаво е доколку имаш сомнежи и симптоми за бременост да испиташ преку крв (бхцг) . Јас сум еден од случаевите кај што тест за бременост ми излезе негативен , а преку крв излезе позитивен на бременост. (7ден доцнење)
Од симптоми, сите ми беа како за пред добивање. Па немав никаков симптом 2-3 дена па пак некои тапи болки. Ама толку бев убедена дека не сум бремена што не отидов да испитам преку крв, а сега со паметов тоа прво би го правела ама будалава 18 дена си трескаше главата и се молеше на позитивен тест наместо да иде да си се боцне
И јас исто. А ми се врти и ми се лоши имам и како внатрешна температура. Ама не сакам да си давам лажна надеж затоа што претходно исто ми се случи а добив. И сега си чекам. А имам закажано преглед на гинеколог чисто да видам состојба со јајниците по конзумација на чај од вирак и чувар куќа.
Здраво на сите нова сум на форумов Ми касни менструација веќе 5 дена,а буквално секој месец во точно време добивам.Со маж ми пробуваме да останам бремена правев 2 теста од кога ми доцнеше ама негативни беа а сиптоми имам малаксаност и болки во долен дел од грбот и тапа болка на десна страна од стомакот.Дали е можно тестовите да не покажуваат точно, шур чек правев?
Повторно јас,последна менструација ми беше на 15 Август со пцо сум,Септември не добив некаде од 19 до 25 Септември бев сексуално активна со свршување во мене,правев тест во Саботата испадна негативен,дали е можно при негативен тест да има бременост,на колку дена после односи се добива точен резултат,симптоми немам буквално никакви ,најмногу ми е поради тоа што пијам фолиномел,а ни рекоа дека за време на бременост не треба да се пијат?
Здраво феминки ајде и јас со мојот пробем. Имам редовен циклус секогаш ми доагја на 28 дена.. Сега веке ми касни 2 дена денес правев 2 теста и излегоа нагативни резултати.. Дали да почекам уште па да напрваам за некој ден пак тест. Од симптоми имам само отечени и осетливи гради
Почекај уште некој ден.Ако не дојде повтори го тестот или ако си нетрпелива преку крв би требало да покаже. Дај боже да е тоа што посакуваш
Последна менструација имав на 9ти септември и сега сеуште немам добиено, а се обидуваме за бебе, менструацијата ми доцни веќе 6 дена, направив 2 теста и 2та беа негативни, а имам болки во јајниците и често мокрење, дали и на вас се случило да бидете бремени а тестот да ви покажува дека не сте
Здраво девојки. Имав една неуспешна бременост (киретажа) пред 3 месеци, претходниот месец ни дозволија да работиме на случанот, но ние почекавме уште еден месец (почнавме после претходниот циклус, односно еден циклус после дозволата). Еве сега ми доцни 5-6 дена, а притоа имам редовни циклуси, но сите 3 теста во овие 5-6 дена се негативни. Гинекологот ми рече да почекам 1 недела од доцнење и да појдам на преглед (закажав) но неизвесноста многу ме вознемирува (посебно после се што се случи претходниот пат). Ве молам за искуства и дали е можно да се работи за бременост или се работи за некој друг проблем.
Испитај преку крв ќе покаже сигурно дали има бременост,тука нема грешка.Иако мислам дека на 5 дена доцнење и тест ќе покажа.Се може да биде стрес,хормони
Јас бев бремена, а негативен тест и тоа по 2 недели од каснење го правев. Ама јас имам нередовна менструација, така да, поради касна овулација така покажа, покасно затруднив. Ме пушти матичниот за бета хцг и беше висок иако на ехо ништо не се гледаше, па се потврди следниот ден на ехото. Можеш да почекаш за следен тест или оди преку крв провери. Среќно!