1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Негативни искуства со доењето

Дискусија во 'Бебе' започната од Fallen.Angel, 25 мај 2021.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.872
    Здраво мајки ! Ја отворам оваа тема за да продискутираме за негативностите од доењето. Да напоменам дека не ми е целта пропаганда против доење или да се развива глупава дискусија што е подобро АД или мајчино млеко. Тоа е веќе добро познато.

    Ќе почнам од себе. Јас се спремав за доење уште пред породувањето. Купував влошки за гради, ланолин, возбудена бев. Откако се породив тешко одеше, болеше, немаше млеко ниту капка, цели 5 дена ништо. Бев приморана АД да дадам. Тука добив прекрасни совети и успеав да дојам но за жал кратко време.

    Иако сакав да дојам искрено не уживав воопшто. Доењето се претвори во мачење за мене. Тоа беше поради многу причини.
    1. Пост породилна депресија- Буквално пропаѓав. И колку и да се трудев да дојам само полошо се чувствував. Имав премногу проблеми, бев тажна, халуцинирав, стрес до плафон, па доењето беше само додатен стрес, да мислам дали му е доволно, зошто плаче, кога е најаден ?
    2. Повторно е делумно поврзано со депресијата- Не можев никаде да мрднам, бебе сакаше да цица и ништо друго, а јас изгледав катастрофа и се чувствував катастрофа, плачев зошто не можам ни да се истуширам на раат.
    3.Апетитот ми беше зголемен и наместо да почнам да ги губам килограмите од бременоста, јас се здебелив. И да сакав да внимавам на исхрана не можев, баш тоа што требаше да јадам му ствараше грчеви на бебето.
    4.После секој подој се чувствував исцрпено и уморно, енергијата ми се губеше.
    5.Почнав да халуцинирам бидејќи никако не спиев, се случуваше дури и да заспијам со бебе на града и неколку пати можеше тоа да заврши фатално. Еднаш ќе паднев со се бебе, еднаш за малку ќе го потиснев.
    6.Градите ми станаа лабави и збрчкани, еве 9 месеци има откако не дојам и не можам да ги гледам колку се олабавени, немам никакво чувство при допир. Како да не е моја таа кожа.
    7. Чувствував огромна вина кога требаше да излезам некаде, иако само што завршил подојот бебето плачеше и вриштеше и после 5 минути ми се јавуваа да ме викаат назад дома, требало да цица.

    Сѐ на сѐ за мене доењето беше тажна приказна и поради други фактори кои не сакам да ги напишам овде. Тоа што бев на работ од мастит, со секакви болки и крв од брадавиците не е негативност од доењето туку резултат на упорност или недоволна упорност. Тоа небитно. Мислам дека има и други негативности поврзани со доењето но лично за мене не беа случај. Моја блиска роднина буквално си го ризикуваше животот заради доењето. Не отиде на операција за да продолжи да дои. Ја одложуваше се додека не стана загрижувачка состојбата. Таа навидум несебичност и пожртвуваност за бебе/дете може многу да кошта. Исто така јас мислам дека доењето станува лоша навика кај поголеми деца, имам гледано 3-4 годишни деца кои се уште цицаат. За мене тоа и не е нормално.


    Лично за мене ќе си кажам. Не сметам дека сум била себична кога решив да престанам со доење толку рано. Бев суицидна и растроена, и психолог ме охрабри да престанам да дојам и самата сфатив дека така е подобро, депресијата не ми исчезна, но многу беше подобро кога се наспивав, си се посветив на себе, можев да пијам секакви суплементи и конечно да намалам малку тежина, и сето тоа позитивно беше за мене. Ќе беше себично ако продолжев да дојам и да изгледам катастрофа и да се чувствувам како вреќа компири. Да срце ми се кинеше во тие моменти кога бебе плачеше да цица, а јас му давав АД и можам да кажам дека 4 дена не бев мирна бидејќи не сакаше воопшто да пие од шише. Но сега сум добро, и мислам дека правилно постапив.

    Значи ве молам без напаѓања и непотребни дискусии. Пишувајте си ваше мислење и искуства за тоа што ви било негативно во доењето и целиот тој процес.
     
    На LadyD, Spidy, Оленка* и 14 други им се допаѓа ова.
  2. Mila_Skopje

    Mila_Skopje Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2019
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    2.640
    Пол:
    Женски
    Жално што така си се чувствувала. За мене доењето е најубавата конекција со моето дете. Ни требаше време да почне да цица поради жолтица, но успеавме и веќе 8 месеци успешно ја дојам. Не ми е проблем да ја дојам во јавност, се покривам со пелена, дури и во кафиќ ќе се тргнам на страна и решен проблем. Навечер станувала да, ама за 5 мин е готово и продолжуваме со спиење, што мислам е полесно од спремање ад. Градите да ќе омекнат, ама тоа е белег на мајчинство, и може да се реши ако некој сака,јас сега не би зашто не ми се такви, сосема океј изгледаат. Различно искуство, без предрасуди за мајки што не дојат, некој нема избор а некој така избрал, а јас големо ДА за доењето. :inlove:
     
    На IRBBB, Ognena*, Alishan30 и 15 други им се допаѓа ова.
  3. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.171
    Допаѓања:
    18.809
    Јас многу сакав да дојам. Цела бременост бев со тоа окупирана. Сите онлајн обуки ги пројдов, сите книги ги испрочитав. Си викав супер кај и да одам ќе биде лесно. Е ама ја болката не ја очекував. Уште во болница јака болка во градите. Па дома почнаа проблемите запушени канали, место да се радувам на бебето јас трчав на итно по доктори да ми ги гледаат градите на ехо. Други ми го чуваа бебето, а ја под туш се молзам, држам зелки итн. Финансиски се оптеретив ококу 10.000 денари ( ехо прегледи, консултации, апчиња) Тоа многу ми створи нервоза. И место да спијам кога бебето спиеше ја станував да се молзам.
    Никакво уживање не ми беше дали месец траеше кога една града секна и побарав апчиња за да прекине млекото на другата затоа што бебето беше секако на ад веќе.
    Сметам дека беше добра одлука мислам се вратив во живот од тој момент.
    Имав прелесен пораѓај, ама после си удри депресија се расправав со сите со бебето не се поврзав со доење не беше како што си фантазирав.
     
    На Alishan30, Snowflake97, Frosty! и 11 други им се допаѓа ова.
  4. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.872
    Да беа поинакви околностите можеби и јас ќе продолжев да дојам и ќе уживав. Но мислам дека и да ја немав пост породилната депресија доењето како и секоја друга работа си има недостатоци. Не велам дека заради недостатоците треба да не се дои, ама тоа е индивидуално за секој. Тоа ми беше муабетот, ако предностите ги надминуваат недостатоците во тој случај вреди. Ако преовладуваат негативните страни тогаш е мачење и подобро е да се престане.
     
    На Snowflake97, Bicka77 и Mila_Skopje им се допаѓа ова.
  5. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.019
    Допаѓања:
    37.307
    Пол:
    Женски
    Со првото дете, негативната страна беа ужасните болки на почетокот додека да пробијат каналите, мокрите пижами скоро секоја ноќ до воспоставување лактација и негативните коментари од типот Е што уште ли цица? (до 2 години ја доев)
    Сега со ова негативно е тоа што не сакаше да цица.
     
    На lilo, Ava.84, mal.ecka и 4 други им се допаѓа ова.
  6. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.743
    Допаѓања:
    108.730
    Втор доенечки стаж и уживам :) Првата ќерка беше пијавица, ова цица од глад. Многу ретко цица за да се мази.

    Полесно беше со второто ќерче затоа што млеко ми дојде дента кога ме испуштија од болница. Прво ќерче 4 месеци беше комбинирано, па продолжи само со цице. Бебе е друг карактер, па ќе се нацицаше и си се трга, нема глумење цуцла.

    Првите 2-3 недели се крш. Додека си дојдеш на себе, па де вишок млеко, па мањак млеко, де бебе плаче не знаеш што му е, па си мислиш гладно е, покакано, ужаси. Овој период е многу битно поддршка од блиските, ако мажот не е тука. Без притисоци, осуди и напињања. После се е полесно.

    Да знаеш дека ова бебе пораснало само од тебе, од храна од тебе 9 месеци во меше и сега од млеко е љубов:inlove:

    Со коса мрсна шетав и јас :worried: облека нит ме собираше нешто нит можев да одам да си купам. Ко исфрлена од поплава личев. Нозете исто, пораснале пак, па ни ба нога можев да ставам нешто]:) Во нормални услови за шопинг сум прва, ама сега немааа :(

    Јас интензивно не сум се молзела ни со прво, ни со второ. Верувам во понуда-побарувачка. Е сега кренав 2-3 пати температура до 40, ама грутки немав, само некој застој. Со првата ќерка ништо.

    :hug:
     
    На mKdevojce, Ava.84, SkarletOHara и 14 други им се допаѓа ова.
  7. Marge

    Marge Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    737
    Допаѓања:
    2.745
    Според мене, очекувањата околу доењето се тие што не доведуваат до тоа дереџе. Од сите страни слушаме дека тоа е едноставно, дека едноставно доаѓа автоматски, дека е лесно и кога кај нас нема да "кликне" од прва, ние не знаеме што со себе. Јас дојам, се надевам долго дека ќе дојам, секој ден плус за мене е среќа и можеби и не ми е место во темава, ама имав тежок почеток и затоа разбирам. Никој не ми кажа дека ако бебето не фати добро, ќе имам крвави и болни брадавици, никој не ме предупреди за болните грутки, за тоа дека не знаеш дали бебе е најадено или не, дека никогаш нема да знаеш дали имаш доволно млеко...Едноставно мислев дека до мене е проблемот, ама сфатив дека не е. Мислам дека е тоа клучниот момент, упорноста, за доењето од непријатно да премине во тоа што треба да биде. И време, мора да си дадеме време. Јас најверојатно имав среќа, затоа што имам советник за доење (патронажната) и од неа добивав совети и секој ден ми доаѓаше и ми даваше нови идеи како да пробуваме, додека не успеавме. Исто добив огромна поддршка и од сопругот и верувам за моја среќа, живееме сами, далеку од баби и сезнајковци, што уште толку ја разнишуваат нашата моментална кревка состојба.
    За времето и враќањето во форма, ќе кажам, со добра организација и пак најбитното поддршка, се е можно. Јас вежбав до денот на пораѓај, имав шеќер за време на бременост, отидов со +7кг, се вратив со -7.5кг. Си зацртав дека првите 6-8 недели ништо нема да правам, само ќе се опоравувам. Првите 5 недели, освен некоја прошетка, немав друга активност. Веќе после 5 недели, уловив црна мисла во глава. Земав слушалки, оставив бебе кај маж и реков - се враќам за пола саат. После тоа беше малку подобро. Нареден ден, маж се врати од работа, запалив кола, отидов да ги завршам работите што уствари требаше он да ги среди. И се јави маж после пола саат, дојди да му дадеш да јаде, се вратив, го нацицав, пак отидов. Од 6та недела веќе вежбам редовно, после зелено светло од доктор. Ниту сум згодна, ниту сум нешто слаба, ниту мускулеста, ниту ми е битно...вежбањето само ми помага гледам појасно, да се сакам повеќе себеси и тие околу мене.
    Станува попредвидливо со тек на време и знам колку време ќе спие или ќе биде мирен, без да му се јаде. А и ако му се пријаде, не е крај на свет, стискам пауза, па продолжувам.
    Скроз наш избор е дали ќе доиме или не, сите сме најдобрите мајки на светот за нашите деца, ама сметам дека клучниот момент за доењето е поддршката и да знаеме дека со нас е се во ред, да не се споредуваме и да не се осудуваме себеси. И време, да си дадеме време и мораме да го тргнеме притисокот од општеството, дека треба одма да се вратиме во форма или не знам што. Се е нормално, треба да дишеме длабоко и да си дадеме време :f:
     
    На nevermet18, Маја Т, Quincy и 10 други им се допаѓа ова.
  8. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.175
    Сеуште виновна се чувствувам оти немав доволно млеко за да ја дојам, а цела крава сум.
    Ужасно беше што докторите ме убедуваа дека јас не правам нешто како што треба.
    ... а повеќе од 5-10мл никогаш немав измолзено.

    Да сум сега, знам како треба... ама нема назад...
     
    На mal.ecka, martty06, Осе и 4 други им се допаѓа ова.
  9. bela.m

    bela.m Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2015
    Пораки:
    1.554
    Допаѓања:
    7.124
    Пол:
    Женски
    Моите палавковци имаат полни 19 месеци. Млеко ми надојде уште одма по породувањето. Измолзував и фрлав. Пиев јаки антибиотици, цел колострум во лавабо замина. И да не пиев, немаше да ги хранат од моето.
    13 дена беа во инкубатор, толку денови интензивно молзев со пумпа.
    Едниот цицаше два месеци, другиот не научи да цица па му одмолзував. Комбиниравме со ад. По два месеци секна млекото па продолживме само со Аптамил. Толку вина чувствував, беа на ад, спиеја во креветче, се чувствував немајка. И до ден денес толку многу ми е криво... Бидејќи знам колку е важно мајчиното млеко, особено за прематурчиња...
    Помина тој период, но желбата и вината се уште во мене.
    Да имав млеко, дефинитивно не би прекинала со доење и покрај тоа што е страшно макотрпен процес со две бебиња. Едмиот сака града, оп дошло време да молзиш за другиот, па да спремаш ад... И се така во круг...
     
    На Sofi.ja, mal.ecka, Осе и 2 други им се допаѓа ова.
  10. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    15.840
    Допаѓања:
    108.842
    Пол:
    Женски
    Искрено кога ќе се присетам за мене доењето беше пекол! Таква неопислива болка беше што навистина би се запрашала дали воопшто да се обидувам да дојам (АКО имам второ дете некогаш). Секогаш ќе се сеќавам дека пред доење ставав крпа во уста за кога ќе повлече да не си ги скршам забите од стисокот.
    И до ден денес ми е криво дека си го правев тоа на себеси. Да го напоменам фактот дека толку бев упорна да дојам што не помислував да купам ад, (пошто нели мора да цица (facepalm) ) за на контролата на две недели да биде дополнително падната на килажа од испишаната тежина. Бебе порасна без цицање мене медаља никој не ми даде... Греотка (facepalm)
    Вака коа ми текнува ми иде да се штипнам колку глупа ко к*р сум била.
     
    На AngIv, SuperGirl24, Frosty! и 8 други им се допаѓа ова.
  11. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.188
    Допаѓања:
    33.950
    Пол:
    Женски
    Негативната страна на доењето или ќе се обидам по ред:
    1. Негативната страна на депресијата...
    2. На немањето помош од таткото на бебето
    3. На немањето подршка, ќе си се здебелела па ќе си ослабела, и пак е и тука депресијата вмешена
    4. На неправилна исхрана, ниско железо, фембион 3 дали пиеше?
    5. На немањето доволно помош од таткото, претпоставувам тој како бебе спиеше
    6. На немањето самодоверба или на таткото не му се допаѓаат градите, бидејќи претпоставувам не си фото модел па да ти требаат гради како од списание
    7. На неорганизираноста, кога ќе излезеш можеле да го понудат со измолзено мајчино млеко со шприц или АД

    Те разбирам ама сепак се што си напишала не е негативната страна на доењето, можеби треба некои други зборови да се употребат како доење и депресија, доење без подршка и слично.
     
    На Alishan30, mKdevojce, Sofi.ja и 12 други им се допаѓа ова.
  12. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.743
    Допаѓања:
    108.730
    хахаха :rofl::rofl::rofl: ме изнасмеа :)

    За второ поразлично е затоа што знаеш што да очекуваш, па стресот е помал од зададените норми и очекувања (сами што си ги поставуваме).

    јас бев убедена дека на ова ќе давам ад за да ми е полесно, едно шише во ноќта мм да дава, ама ете, бебе имаше друг план.

    јас не мислам дека ад е страшно, ниту имам проблем да давам. Да ни се живи е најбитно. Никому не му треба додатен стрес.
     
    На Chanell*, mal.ecka, Happyinlove и 6 други им се допаѓа ова.
  13. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.872
    :D:D:D:D:D
    Медаља не даваат на никој, ама ете некој опасен тренд е да се биде доилка. Без навреда мајки, како што кажа @gjoker4e кај мене имаше и други околности, не само тоа што го имам набројано во воведниот пост. Но сепак и јас мислам дека ако имам второ некогаш нема ни да се обидам да дојам. Зошто мислам така не знам, ама реално кога гледам мислам дека доењето не е за мене, за тешко знам дека е, на сите им е тешко но ете јас не уживав ни откако се воспостави лактацијата.
    А тие осудите кон мајки што не дојат ми станаа смешни. Претходно знаев да се изнервирам и да почнам да се објаснувам на таквите, ама веќе не. На една тетка и го дадов думанот и повеќе никој не се осмели да ми спомне. Ме запна да не давам АД, и викам не е отров АД што си ме напнала, дојди ајде ти дој го ако повеќе од мене го сакаш. После неа, само свекрвата се дрзна еднаш да каже кога го одбивав малиот, да сме го носеле да цица од комшивката и таа имала мало дете, во таа жолта минута и на неа и се развикав и толку биднаа муабетите со доење.
     
    На AngIv и Slonce91 им се допаѓа ова.
  14. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.784
    Пол:
    Женски
    Негативната страна на доењето... Интересна тема да прочиташ искуства ама од прееска се мислам и не ми текнува ниедна. Ајде може дека бебето е 'закачено' на града 24/7, се укочуваш и не можеш да мрднеш. За една обврска да ја завршиш надвор од дома мораш да се организираш, измолзиш ама не е нешто комплицирано.
    Мене повеќе ме нервира таа ноншалантност од сите као доењето си доаѓа спонтано, бебето искача од матка и одма почнува да цица. Има рефлекс, знае што треба, млеко си доаѓа... Лабаво ама само во теорија. Се изнамачив додека се научиме и двајцата ама успеавме. Имав моменти кога уживав, имав моменти кога само си повторував 'Од утре го одбивам'.
    Сега на 12+ уште дојам колку толку, иако 2 дена нема побарано.
    За второто дете здравје, 100 пати си реков ќе биде на комбинирано за да си олеснам ама @kukla21 на два пати ме замислува :D
    Нека биде како што ќе биде, јас пак ќе дадам се од себе, тешко е ама поминува. Плус далеку полесно е да ја кренеш маицата отколку да носиш со себе вода, млеко, шишиња. Да не збориме за бенефитите.
    Ги разбирам и тие што имале потешкотии и се откажале, но навистина не можам да се сетам на ниедна негативна страна на доењето.
     
    На Veki4kaa, Ognena*, Butterfly1107 и 12 други им се допаѓа ова.
  15. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.188
    Допаѓања:
    33.950
    Пол:
    Женски
    @Fallen.Angel Не е опасен тренд да се биде доилка. Доењето постои откако постои и човекот.
    Позади недоењето се кријат други причини, најдобро е разговор со психолог за позадината и консултант за доење за самиот чин.
    Јас не дека сакам да дојам (ќе помисли некој од муабетиве дека имам љубов кон доењето) ама позади тоа се крие некоја позадина. Значи не е доењето како доење само по себе такво какво што е за одредена индивидуа.
     
    На WonderGuurl, SkarletOHara, Kate Rina 93 и 8 други им се допаѓа ова.
  16. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.743
    Допаѓања:
    108.730
    на искачање од болница зедовме хип. И тоа не единечно, дупло пакло :rofl:
     
    На mssuniquee, CareTee, mal.ecka и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.872
    Не не грешка ме сфативте. Во последно време е како тренд. Јас лично знам жени кои ми признале дека даваат АД, но во јавност мораат најголеми доилки да се прават за да не ги осудуваат и да се спасат од глупи коментари. РЕКОВ И ЈАС сакав да дојам, не е ова пропаганда против доење ниту нешто слично. Само за себе си кажав дека согледав дека не ми одговара да дојам по секоја цена. Баш опасен тренд е станато доењево, фалење кој колку успеал, па мајки сезнајки во таа соба за доење совети делат и навредуваат дека некоја ако не дои е себична или не е упорна не сакала да се мачи.
     
    На LadyD, JoyJoy, BlackNight и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. kanella

    kanella Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2015
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    10.190
    Пол:
    Женски
    Јас со доењето почнав многу лесно на сам почеток. Бебе веднаш фати, млекото ми дојде за 2-3 дена, се доевме секаде гајле немав. Имав малку мака со позицијата и болки во брадавиците но со помош од патронажни сестри и подршка од мм и тоа се среди за брзо време. Уживав во доењето два месеци.

    Е од 3 месец кога не заредија скокови, вакцини .... бебе се трга не сака да фати, сите позиции ги пробавме никако не сакаше да цица. Шише не прифати до ден денес.
    Се доевме легнати, во полузатемнета просторија, некогаш со пуштен фен, почесто мораше да ја успијам па да цица. Не сме мрднати од дома подолго од 2 саати заради цицањево. Сега во 5ти скок нан6 месециниста приказна, океј за нијанса подобро е ама пак се буни за цицање.
    Ова бунење и одбивање значи таков стрес ми прави, кога гледам по соц.мрежи колку лесно им оди на некои мајки доењето многу ми е криво.

    Ако имам второ бебенце, веројатно ќе биде на комбинирано. Чисто да си олеснам ако пак не затераат луди скокови или слично. Без страв и грижа на совест би вовела шише.
     
    На Love86 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    17.102
    Допаѓања:
    164.641
    Ама опасен тренд е тоа што сите се си мерите, на кого кога прво забче му пораснало, кога научило да седи, кога да стои, кога да прди(facepalm). Не се занимавајте со другите, главата пораат ќе ви биде.

    А како негативна страна на доењето, гледам дека е немањето поддршка ко што рече Џокерче. Искрено не мислев дека е толку сериозно, за да бидат потребни лактациски советници ама ете. И под советници, не мислам свекрва:shake:.
    Јас не се сеќавам дека било трауматично, освен стандардната грешка, фрустрација (илузија можеби) дека сум немала доволно млеко. Пораснав дете делумно на доење, подоцна комбинирано со АД, ама инсистрирав на доењето до 1 година. И таа си бараше де. После еден ден рече- нејќам и толку беше.
    Е со никого не се мерев и не се замарав, уште еден од бенефитите да пораснеш дете на ,,остров,,
    Инаку мене лично ми беше полесно ексклузивно доење- вадиш цицка било каде и решен проблем.
     
    На viva.la.vida, Mikha4, Kitten и 15 други им се допаѓа ова.
  20. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.019
    Допаѓања:
    37.307
    Пол:
    Женски
    Мислам дека тоа горе што го напишала членката во воведот не е негативната страна на доењето, туку на оној пост партум период. Оти не само тие што дојат имаат ппд, зголемен апетит, умор и слично. Тоа се си доаѓа само од себе после пораѓај и нема врска со доењето
     
    На Alishan30, Kitten, Kate Rina 93 и 3 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.