1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Негативни искуства со доењето

Дискусија во 'Бебе' започната од Fallen.Angel, 25 мај 2021.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.612
    Допаѓања:
    18.177
    Пол:
    Женски
    Кој каде пиша дека е помајка ако дои? Оладете и олабавете, ама стварно.

    Ни мене никој не ми кажа дека сум помалку мајка што родив царски. И да кажал некој сеедно ке ми е.
    Ако вие му го пружате најдоброто на бебето, зошто се наоѓате во некои ваши замислени титули?

    Моето искуство со доење е позитивно ама не и безболно. Предизвик број 1 вовлечени брадавици. Ги извлече со силиконски за ден два ама болеше. Првата недела ако не и две недели, секое цицање беше болно, додека да се разработат каналите. Не знам што повеќе ме болеше, дали грбот од спинална, дали вратот од држење бебе, само во класична позиција лулка дојам, дали резот. Дали рацете од инфузии, клексани, бев избоцкана по цели раце, дланки, странично, каде не.
    Од домашните имав огромна поддршка и идеални услови за да се грижам за синко. Јас се што требаше да правам е да дојам, одмарам и да менувам пелени. Никој не ми кажа ништо од страна, а тоа е најбитно.

    Мајчино млеко секогаш ке е супериорно за едно бебе во споредба со секое друго. Ако ве мачи тој факт, ако сте се откажале од доење од некоја причина, а тоа да не е немање млеко, расчистете сами со себе и носете се со одлуката.
    Деца и со алпско разредено пораснале и со ад растат.
    Ние што доиме ве разбираме дека не сте сакале да доите, ама зошто сте гневни кон нас?
    Цитирајте ми која доилка кажала дека е помајка од онаа што дала ад, јас ке ја скарам.
     
    Последна измена: 26 мај 2021
    На Chanell*, mKdevojce, Осе и 5 други им се допаѓа ова.
  2. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.531
    Допаѓања:
    27.734
    Пол:
    Женски
    Најнегативно искуство со доењето е што го мачев детето.
    Го мачев да ги извлече моите вовлечени брадавици, го мачев да се труди да цица млеко кое го нема и го држев гладно од пуста желба да порасне со мајчино млеко и само со мајчино млеко. Бебе стагнира во тежина јас нудам града и така два месеци.
    И најнегативно ми беше постојаната мисла дека јас нешто не правам како што треба дека јас сум виновна што ете тоа што треба природно и лесно да биде кај мене оди претешко. Дека на детето му давам нешто што е второ разредно, дека не го добива најдоброто за него секогаш (нели АД е второразредно).
    Детето порасна на комбинирано доење и ад до 10 месеци. Потоа се откажа сам од цицање па продолживме само со АД (едно шише само ноќе дење ни АД не сакаше).
    @MilaSs12 експлицитно никој можеби не кажува, ама имплицитно со тоа кажување секој нека се преиспита сам со себе и слично и ти го кажа тоа.
     
    На MarijaMi90, Snowflake97, mimiiiii и 2 други им се допаѓа ова.
  3. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.612
    Допаѓања:
    18.177
    Пол:
    Женски
    Јас кажав дека мајка која не дои за да не и виснат цицките е себична. Тоа не е исто со мајка и најмајка.

    Овде многу жени се правдаат дека доењето им било непријатно искуство, не можеле да дојат зошто не сакале, се во негативна конотација. Се правдаат за одлука што сами ја донеле. Ако јас мислам дека одлуката што сум ја донела е исправна, зошто да се правдам на трети лица?
    Јас никому не се правдам што давам чоколадо на син ми. Ама од одредени причини тоа за мене е прифатливо и толку.
     
    На Осе, kukla21, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    1.807
    Допаѓања:
    8.126
    Пол:
    Женски
    И мене едната ми е вовлечена, син ми несакаше да ја чепне. Значи буквално. Стрес. Секое искуство е индивидуално.
    И аман доста со тоа природата не создала да доиме, доењето е старо колку и човекот и бла бла. Порано немале форуми и фб и незнам што за да се знае колкава била да речам бројката на жени што имале млеко и што немале. Мајка ми е порасната на оризова вода и кравјо, мм дека од поновиве генерации дел ад, кравјо, а на почеток брашно и вода му давале. Тетка ми исто немала млеко. Шо ние што немаме млеко немаме допирна точка со природата? Братучетка на мм капка млеко немаше ама буквално НИ КАПКА. Ваљда робот е, не е од мајка природа.
    Жени што немаат/немале млеко одсекогаш постоеле и ќе постојат. Јас сум една од нив, кај мене беше минимално и јас сакав да бидам упорна, бев дур можев. Кога нешто не иде, не иде. Неморате одма со осуди и колкава жртва сте направиле вие, друг не. Не се сите луѓе исти и не секој поднесува болка исто и незнам што друго.
     
    На mila89, violetblue, Snowflake97 и 5 други им се допаѓа ова.
  5. SkarletOHara

    SkarletOHara Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2012
    Пораки:
    1.224
    Допаѓања:
    2.881
    Не, туку се гледа самообвинувачки став кај мајките што поради некоја причина дале ад, и бараат тука оправдание.
    Баш ми е гајле како туѓите деца ќе ги храните. Едино на сестра ми правев на некој начин притисок, повеќе преку совети ама ниту за нејзе никогаш не помислив дека е помалку мајка. Едноставно и таа и некои другарки што ги имам, имаа негативен став кон доењето, со одбивност гледаат на мајки кои дојат и тоа неможеле да го скријат, и баш кај нив не успеа доењето на нивните бебиња.
    Сепак не доела ама сестра ми е херој мајка, посилна од мене многу пати.
     
    На Осе и mal.ecka им се допаѓа ова.
  6. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.872
    Точно, да ми рушат кредибилитет. Не е прв пат, а богами ни втор. Кај и да пишам нешто одма ми се нафрлаат ПОмајки, ПОалфа жени и општо се појаки прејаки. Не знам искрено зошто уште пишувам на овој форум полн со отров. Одамна требаше да го напуштам.
    Демек најмајкиве не осудувале, ама како што кажуваш само во гради се чукаат и беспотребно мешаат се и сешто во темите ни викани ни прашани. Напади и закачки од сите страни. Не дај Боже па буквално да сфатат нешто и да се фатат за тоа како слеп за стап и ненормална ќе ме направат.

    Цела тема е за во канта чим не може да се развие квалитетна дискусија.Насловот ми бил несоодветен. Утре сабајле. Сфаќам јас што значи човек да има цврст став за нешто, ама вакви муабети за мојот живот и не се складни со темата. Тоа што сум згрешила и сум се искажала на погрешно место и на погрешни луѓе веќе го увидов. Веќе не планирам да се бламирам. И онака џабе е што и да каже човек, одма има зналци што ме студирале и ме памтеле па ќе фрчат осуди.
     
    На eliesaab, Осе и mal.ecka им се допаѓа ова.
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.792
    Допаѓања:
    65.501
    Пол:
    Женски
    Се согласувам дека темава нема поента и насока.
    Веќе има и тема за Доење наспроти АД, единствено ако сака некоја членка да отвори тема за предизвиците за доење, за тешкотиите, па темата да земе поинаква насока, а да не биде вака испомешано и да се знае што е дискусијата.
     
    На Mila_Skopje, fana, SuperGirl24 и 4 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.