1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Негативни искуства со доењето

Дискусија во 'Бебе' започната од Fallen.Angel, 25 мај 2021.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    @Fallen.Angel не било која тебе доењето проблем, туку немањето на соодветна поддршка. И тоа и те како е проблем.
    Верувам доењето не е лесно, ама со многу поддршка и соодветна едукација секоја мајка би била во состојба и да направи информиран избор за дали ќе дои или не, и да и биде целото навикнување и прилагодување на доењето многу поедноставно.
    Не можеш сам, јбг... А ти си била сама. Од поддршка ни п не си добила, само притисок.
     
    На Butterfly1107, Kate Rina 93, Annath и 6 други им се допаѓа ова.
  2. Lianna Anna

    Lianna Anna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.458
    Допаѓања:
    19.574
    Пол:
    Женски
    Fallen, ништо апсолутно против тебе, уште помалку против темава, те читав и знам што минуваше. Сепак мислам дека треба насловот да се смени, да се најде некој посоодветен. Пошо, ако некој повеќе се посвети, одма може да те побие. На пример, доењето лачи големи количини серотонин, кој е од огромна помош при ппд. Е, пошо е во прашање ппд, поентата е да се натераш да доиш, што секако дека во таква ситуација е тешко. Затоа е тука поддршката од околината.

    Доењето нема негативни страни, негативна страна има притисокот/неразбирањето од околината да се дои или не. Во ред е да не доиш поради тоа и тоа, макар и градите биле причина и нема потреба никому да се правдаш. Ама, дури и да го одбереш тоа, ако средината окулу тебе е таква рецимо како твојата, кај тебе и недоењето ќе има негативна страна.

    Сакам да кажам, околината секако ќе осудува. Ако доиш, зошто доиш, немаш млеко и затоа плаче и натамошни бесцелни муабети. Ако не доиш, зошто не доиш. Тешко е да не се падне под влијание, ама е полесно да се излезе од кругот, ако имаш поддршка, доволна е таа од сопругот. И тие што дојат и тие што не дојат и дале ад си ги сакаат децата. И едното и другото е тешко и бара жртви и непроспиени ноќи.

    На темава конкретно, имам прекрасно позитивно искуство. Доенечки стаж со три деца. Тешко ми беше единствено со првата ќерка, бидејќи недела скоро чекав на млекото и не знаев како да се справам со болката на градите. И тоа што не бев доволно информирана допринесе дополнително. Ама имав преголема поддршка од сите околу мене, најмногу од мм. Во каква фаза без везе почнав да паѓам. Не беше депресија, некоја меланхолична фаза повеќе и грижа на совест. Сега кога ми текнува, мислам дека сигурно ќе се откажев да немав поддршка.
     
    На drugarka, Mikha4, Butterfly1107 и 16 други им се допаѓа ова.
  3. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.872
    Да, но индивидуално е. Точно се лачи серотонин, ама ете јас не уживав дури и кога убаво цицаше малиот. За бебињата апсолутно нема подобро од доење, но за мајката е друга приказна. Не го доживуваме сите исто. Не знам. Да битна е поддршката. Ама општо доењето си има и недостатоци за мајката. Повеќето не се грижат за изгледот на градите, но не е само тоа. Јас можам да се заколнам дека килажата одеше нагоре додека доев бидејќи после секој подој бев како пред умирање уморна. Ме исцрпуваше и сакав сите глупости на светот да ги изедам. Патем има и други работи. Познавам жени на кои забите им се расипаа од доењето, бебето влечело витамини. Јас пиев и витамини за доилки, верувам и повеќето пијат.

    Но да бидеме реални.Не постои ништо на светот кое е 100% позитивно. Сите работи носат и по некој недостаток, некоја негативност, но како што веќе кажав и претходно за некои мајки преовладуваат позитивните страни и затоа успешно дојат и уживаат.
     
  4. Mila_Skopje

    Mila_Skopje Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2019
    Пораки:
    1.403
    Допаѓања:
    2.640
    Пол:
    Женски
    За килажата реално се губи ама не дека ќе се направиш манекенка, освен ако немаш такви предиспозиции од претходно. Јас ослабев и под килажата со која останав бремена, но не од доењето туку внимавав. Во врска со поддршката апсолутно е потребна, но и да ги ставиш сите други на игнор. Јас се посветив многу на доењето иако беше тешко, будење на 2 часа да цица со молби, бидејќи имаше жолтица, употреба на брадавки на почетокот, не прифаќаше града, но се посветив сама. Сопругот апсолутно ме поддржуваше и помагаше, ама никој друг не ми доаѓаше и не им дозволував да ми коментираат за цицањето, еднаш само свекрва ми искоментира гладно ти е, и покажав каде и е местото и ниту ми доаѓа ниту ми коментира сега. Тежок е секој почеток, но ако не иде и е мачење и за мајката и за бебето, ад без проблем. Мислам дека доењето треба да е уживање за двајцата за да е успешно.
     
    На Осе, SkarletOHara, kukla21 и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.786
    Пол:
    Женски
    И јас сакав и ги јадев сите глупости. Јадев се што ќе ми посака душата. Толку благо во живот немав изедено и вагата идеше нагоре ама не ми беше важно во тој момент. Ете тебе ти било и сама си праела нервози. Јас си реков 'Има време, ќе слабеам'. Сами си правиме притисок, ти за едно, јас за друго.
    За забите, на другарки им се расипаа уште во бременост или веќе биле расипани ама не иделе на редовни контроли. Бебето влече уште во стомак.
     
    На drugarka, Butterfly1107, Kitten и 8 други им се допаѓа ова.
  6. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.101
    Допаѓања:
    37.575
    Пол:
    Женски
    Јас многу ослабнав додека доев
     
    На Kate Rina 93, mal.ecka и elimkd им се допаѓа ова.
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.805
    Допаѓања:
    65.525
    Пол:
    Женски
    Мислам дека посоодветен наслов би било притисок за да се дои, нешто во таа насока.
     
    На Kate Rina 93, CareTee, mal.ecka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Lianna Anna

    Lianna Anna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.458
    Допаѓања:
    19.574
    Пол:
    Женски
    Не знам дали ќе има поента ако посериозно навлегувам во аргументи, бидејќи мислам дека наративот тука ти е евоциран од многу стресен период за тебе.

    Апсолутно е индивидуално и не секој го доживува исто. Затоа е во ред што и да одбереш или да прекинеш тековно доење ако една од двете страни се чувствува лошо. И е од особено значење да имаш поддршка и за едното и за другото.

    За тоа како се чувствуваш во врска со килажата во доење или бременост, нема врска со доењето. Има врска со психата/погледот кон себе си, поддршката. Не е недостаток на доењето, туку е можен ризик кој на една жена може да и се случи. Како таа ќе се носи со тоа и зошто се носи така како што се носи, е веќе психичка природа, притисокот и очекувањата од околината, очекувања од самиот себе на кои или подлегнуваш или не. И секако дека полесно се минува со поддршка. Патем, повеќето доилики слабеат. Ама е тоа сосем небитно, бидејќи нормално, не секој на еднаков начин ги доживува промените. Забите исто така влегуваат во ризик фактори, но уште во бременоста.

    Никој не ги негира промените, факт е дека постојат, психофизички, вакви или онакви. Ама, ги доживуваат речиси сите родилки и оние кои дојат и оние кои не дојат. А психичката природа и поддршката од околината за истото, е она со помош на кое се справуваш со промените.
     
    На Kitten, Осе, Kate Rina 93 и 11 други им се допаѓа ова.
  9. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.163
    Допаѓања:
    16.442
    Пол:
    Женски
    И јас многу слабеам кога дојам.
    Не би да образложувам зошто е добро мајчиното млеко за детето,придобивките сите ги знаеме.
    Доечки стаж со првото година ипол,со второто две.Не ми беше уживање ама не ми беше ни тешко или одбивно си го сфаќав тоа како нормална исхрана на бебето.

    Од негативности би набројала:

    -максимално ми го исцрпеа организмот,ми се собраа една по друга бременост,па во континуитет доев три ипол год со пауза од некои 7 месеци.
    - константно држење на бебето на града,затоа што тоа така си сакаше.
    - неквалитетно спиење долггггг период,уште осеќам мачнини во кичма.
    - неможност да пиеш одредени медикаменти
    - за крај на дојачката кариера она што највеќе ми пречи се упропастените гради,свиснати,пупки огромни километарски :)

    И за крај,за ништо не се каам,кога веќе сум имала можност сум им приуштила максимално да уживаат.
     
    На Butterfly1107, Kate Rina 93, kukla21 и 3 други им се допаѓа ова.
  10. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.850
    Допаѓања:
    47.948
    Пол:
    Женски
    Според мене најголем проблем се очекувањата на жена која станува мајка за прв пат, животот се менува за 180степени, ниту телото е исто ко што било, ниту психата, ниту секојдневието. Се раѓа нов живот кој бара целосно внимание и посветеност. Доењето само по себе за мајката е претешко и исцрпувачко, па на почеток дилеми не знаеш дали е доволно, па како да фатиш удобна положба, бебе виси на цицка, да отидеш во парк, на гости или дома со гости не се осеќаш пријатно бар јас така осеќав, а да не зборуваме за непреспиени ноќи. Спомнавте и килажа, ја вратив за 6месеци што мене лично не ми се допаѓа пак да сум волку слаба.
    Ама придобивките од доењето за малото се непроценливи, плачело, урлало, грчеви, заби, температура, настинка, со еден допир се смирува и тоа е тоа што ги засенува сите недостатоци и тешкотии низ кои поминува доилката.
     
    На Butterfly1107, Осе, Kate Rina 93 и 5 други им се допаѓа ова.
  11. kjofti4

    kjofti4 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2012
    Пораки:
    990
    Допаѓања:
    3.582
    Додека доев слабеев многу брзо и за 2м го намалив вишокот од бременоста и уште - 4кг.
     
  12. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    17.264
    Допаѓања:
    166.178
    Ама не е тоа. Каква врска има со притисок за доење, ако збориме за незнам виснати гради и расипани заби? Ова е доење без поддршка- раѓаш и очекуваш да доиш без проблеми и предизвици. Ама ретко кога е така.
    Последици- заби, гради и незнамшо- стварно не знам во која категорија да ги ставам. Индивидуално е, некому е проблем, некому не му е премногу гајле, некому не му се случува.
     
    На Kate Rina 93, Milkiway, cresa-jagoda и 4 други им се допаѓа ова.
  13. kjofti4

    kjofti4 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2012
    Пораки:
    990
    Допаѓања:
    3.582
    Јас доев краток период али не гледав ни една негативна страна.. Да мачно е додека фати додека се отнат млечни жлезди што кај мене една се отнуваше друга се затнуваше 3м бев со 38тт. Али тоа не го сметам дека било негативна страна, бидеќи тоа е индивидуално кај многу жени.. Бев решена дека ќе дојдам можи ме читавте многу бев посветена млеко добив на 3ти ден, а бев царски дома бев упорна со молзење за да имам што е можно повеќе млеко за да складирам за недај боже ако јавам проблем како што јавував често да има за бебе.. Се одадов од пари две електрични две рачни пумпи и кога требаше да престанам со доење ради терапија јас се упропастив тогаш западнав во тешка депресија.. Му давав ад млекце и плачев среќа мм огромна подршка беше и од сам старт не сакаше бебе да го дојам ради овие причини. Али помина и тоа све се заборава..
    Едино сум со став ако не сакаш да го доиш и не мораш, ако ти е мачно, затоа има ад млеко.
    Секој со свој став со свое искуство со своја приказна
     
  14. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.872
    Како сакате нека се вика темата. Јас така ја ставив бидејќи така гледам на работите. Како што и за многу други нешта се дискутира за предности и недостатоци може и за ова. Но ете повеќето мајки сметаат дека недостатоците или негативните ефекти се занемарливи. И јас сметам дека е занемарлива болката, напорно е, занемарливо е и мастит дури и изгледот на градите да речеме дека е занемарлив. Ама баш заради тоа што некои"несебично" дојат не значи дека сите исто гледаат. Има негативности и доењето, освен што е заморно доењето прави и потешкотии за тргнување на работа, финансиски делува како посиплатливо ама ајде пресметајте влошки за гради, пумпа, силиконски брадавици, кеси за замрзнување и уште 300 други тракатанци дали се ефтини? И тоа молзење, стерилизирање пумпи и чуда одзема премногу време.
     
    На AngIv, starfish и BlackNight им се допаѓа ова.
  15. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    17.264
    Допаѓања:
    166.178
    Ништо од тоа немам појма што е.
    Да требаше да се молзам ќе се откажев одма.
    И колку е често ова како проблем? Зошто би се молзело и замрзнувало, мислам имате 9 месеци породилно, не сте Америка со 4 недели трудничко. Стварно немам појма.
     
    На Butterfly1107, Kitten, Осе и 5 други им се допаѓа ова.
  16. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.101
    Допаѓања:
    37.575
    Пол:
    Женски
    Ништо од ова сум немала со првото.
    Со второто имам само една рачна пумпа која сега не ја користам, влошки кои само неколку имав искористено и наместо кеси за замрзнување користев стерилни чашки за урина. Веќе не се одмолзувам оти немам млеко, давам ад и испод 3000-3500 месечно не сум. Па ти пресметај што е поевтино.
    Патем пумпицата ја купуваш еднаш а не секој месец, ама ад мораш да купуваш и стално да имаш дома ако сакаш бебето да не ти седе гладно.
     
    На Осе, Kate Rina 93, MacenceEna и 3 други им се допаѓа ова.
  17. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.163
    Допаѓања:
    16.442
    Пол:
    Женски
    Не би рекла дека е скапо доењето,кога би ставила на кантар со адаптираното.Малку не те разбирам.На пример јас не уживав дури доев,како што уживам како кога си лежам на плажа и се сончам,ме сфаќаш?Ама не ми било така напорно да ми предизвикува депресии и нервози.Ако ти така се чувствуваше зошто не прекина со доењето?Зошто се измачување?
     
    На cresa-jagoda, kukla21, Jana06 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.373
    Допаѓања:
    317.603
    Пол:
    Женски
    Ништо од ова што си го набројала немам користено.А доев две цели години.Вадиш цицка каде сакаш,колку сакаш.Слободно патувавме со малата секаде(Грција,Германија,Словенија,Бугарија).И на раб се вратив пола месец порано без проблем.Мм ја чуваше од сабајле со оброци(цврста храна) а после раб продолжувавме да се доиме нај нормално.
     
    На Alishan30, Kitten, Осе и 11 други им се допаѓа ова.
  19. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.850
    Допаѓања:
    47.948
    Пол:
    Женски
    Тие влошки од никаква корист, кога ќе се натопеа со млеко камења се правеа влошките, пумпица исто непотребна бар кај мене, не знам на кои уште триста тракатанци? Вадиш цицка и тоа е тоа, ако правиме муабет од финансиски аспект нема споредба ниту место за дискусија да се убедуваме, најисплатливо е мајчино
     
    На Kitten, Осе, Kate Rina 93 и 5 други им се допаѓа ова.
  20. CareTee

    CareTee Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2020
    Пораки:
    1.188
    Допаѓања:
    3.447
    Пол:
    Женски
    Можеби е рано да коментирам бебе е 12 недели исклучиво на доење сме. Ништо немам користено ни јас, освен влошки за гради. Мене ептен ми се посреќи со доењето мислам, бебе цица уште трет ден од болница и млеко тогаш ми дојде. Никаква болка немам осетено до сега, пупу така нека остане да не се урочам.:D

    Е сега да има денови ми виси на цицка, има денови не, почести се првиве.:D Ама мене ми е уживање искрејно. Си седиме бебе си цица мама одмара, освен грбов малку што боли.:^) Уште да ја научам легнати да цицаме и таман сме.

    За изгледот, слаба, дебела, виснати гради, не ми е важно за сега. Нека потпорасне ќе се средуваме. Иако веќе ја вратив почетната килажа ама обликот на телото не е тој што беше, и не ни очекував да биде како претходно. А за градите само нека ја има таа смелост мм да искоментира нешто, тек тогаш ќе ме види во светло како никогаш до сега.:emo:

    Негативно само би рекла неможноста да биде вклучен и таткото повеќе.
     
    На Alishan30, Осе, Kate Rina 93 и 5 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.