1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Негативни искуства со доењето

Дискусија во 'Бебе' започната од Fallen.Angel, 25 мај 2021.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. *katja*

    *katja* Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2016
    Пораки:
    398
    Допаѓања:
    896
    Како ги изврте работите, алал да ти е. Ако ти го имаш прифатено тоа како ок, тогаш што има да ти влијае кој што мисли. Проблемот е психичката состојба на мајката и тоа е факт. Не сите можат иста тегоба да прифатат, од различни причини. Ти впрочем сакаш сите да те разберат и "подржуваат" во одлуката да не доиш ама не сакаш да разбереш дека на некој му претставува задоволство и му е мило што ете успеал да може на тој начин да го храни своето дете, да се поврзе со него итн. Ми е гајле дали околината ќе знае или не, како и за многу други работи, битно јас го сметам за правилно.
     
    На joy1, kukla21, fana и 4 други им се допаѓа ова.
  2. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    За жал, не се тоа негативности и негативни страни затоа што не се универзални. Тоа е твое негативно искуство кое што веројатно не ни било предизвикано единствено од доењето туку од склоп околности меѓу кои спаѓа и притисокот да доиш.
    Зборување за негативни искуства е сосема во ред. Што сакаше ти? Да се зборува колку доењето е ужасно и не е во ред и жени на сила се тераат да доат и мора да се бориме против тоа?
     
    На Kate Rina 93, thelittle17, Biljarkata и 7 други им се допаѓа ова.
  3. SkarletOHara

    SkarletOHara Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2012
    Пораки:
    1.224
    Допаѓања:
    2.881
    Исто. Првата се галеше на града утеха за се, мислам цело време висеше на мене и така теарвме 4 г. Ова второво само од глад цица, а како почна со храна само за заспивање, ако е гладна си сака да си ручка, абе се лути на града.
    Во секој случај јас само позитивни страни гледам, се што е пропратно со ексклузивно доење (мрсна коса, мокри пижами...) сум прифатила како нормално, за тоа сум платена овие месеци устври да бидам со бебе.
    Може зашто кај мене се дојде баш природно, без болки, бебињата сами си се наместија како требало.
    Сепак не треба по секоја цена да се инсистира на доење, имаме добри опции сега, па и побитно среќна мајка за среќно бебе. Прифаќам и скроз да не се обиде мајката да дои ако така решила.
    А ако сака да дои за да не се соочи со негативности многу е битно и чиви совети ќе се слушаат, многу не успеваат од погрешни совети.
    Среќа веќе и кај нас има консултанти за доење ние ја имаме овде и Каетана. Само имам приметено многу бараат совети, таа дава совет, мајката си тера по нејзино го игнорира советот и после проблем, епа проблем.
    А блиски што не доеле, сум приметила, секогаш како да се оправдуваат пред други кога ќе кажат дека бебето е на дохрана. Ваше бебе, ваши проблеми, ваши одлуки. Нема потреба од оправдување пред друг. И јас уште се смеам на коментарите дека 4 години се многу. ОК. За неа тоа беше доволно за ова сега и година ќе е многу.
     
    Последна измена: 25 мај 2021
    На Осе, thelittle17, CareTee и 3 други им се допаѓа ова.
  4. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.612
    Допаѓања:
    18.177
    Пол:
    Женски
    Нема ништо негативно во доење. Има негативности во замислата на жената за тоа како е да бидеш мајка. Како изгледа доење. Како се чувствуваш додека доиш.
    Ако не сакаш да доиш во ред е, ама не е доењето проблем туку твоите чувства кон чинот.
     
    На Kitten, MacenceEna, Jana06 и 4 други им се допаѓа ова.
  5. Lianna Anna

    Lianna Anna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.456
    Допаѓања:
    19.572
    Пол:
    Женски
    Доењето нема негативни страни, напротив исклучиво бенефити и по физичко и по психичко здравје и на мајката и на бебето. Докажано е со студии, ова никој не го измисли. Деца кои растат на ад, се исто така здрави деца и не се ништо поразлични од оние кои се на доење. И тие се сакани и за нив се ноќи непреспиени. Значи вакви "последици" нема само од доење.

    Ти цело време зборуваш за психичкиот момент, кој очигледно ти го детерминира околината, во форма на притисок и/или очекувања. Тоа не е затоа што доиш или не доиш.

    Пошо и мајка која дава ад може да има болки во кичмата/грбот кои можат да се јават уште во текот на бременоста, а продолжуваат со самото наведнување да го земеш и спуштиш детето во креветче по 6277652562 дневно и постојано носење во раце. Со тек на време, неговата тежина си го прави своето. И тие кои не дојат, имаат психолошки момент дали е детето гладно, дали му е млекото доволно и останати психолошки моменти кои прават да се осеќаш лошо. И они се исцрпени и уморни. Самиот момент од сон да станам и млеко да правам, јас не можам да го замислам. Еве мое мислење е дека им е нив потешко. Ама е тоа само мој субјективен поглед. И се друго што напиша како негативна страна на доење, тоа не е. Туку се сајд ефекти, не знам како да ги наречам, кои се јавуваат кај родилки, вклучувајќи тука и ппд. Освен болката во градите/испукани и крвави брадавици, мастит што е валиден аргумент. Но кои за среќа, се третираат успешно.
    Не мора да се дои по секоја цена. Зошто толку сериозно го разбираш ова? Не мораш да правиш ништо што не сакаш. Не си помалку мајка од другите со тоа.

    Ниту го разбирам моментов на другите кои се истакнуваат со успешни стории за доење со цел самоцентричност и супериорност. Во услови кога ти треба поддршка, треба да се тргнеш од вакви ликови.

    Уште помалку пак мислам дека е срамота да се зборува за ова. Скроз напротив. Јас имам прекрасно искуство, ама и покрај тоа имаше денови кога плачев, кога не можев да издржам, кога имав болки во градите, кога имав успорен летдаун рефлекс, кога изигравав лажалка. Ама се тоа го надминав со поддршка. И да не доев, верувам дека пак ќе искусев дел психички моменти.
     
    На SexiLy, Kom.pot, Kitten и 8 други им се допаѓа ова.
  6. SkarletOHara

    SkarletOHara Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2012
    Пораки:
    1.224
    Допаѓања:
    2.881
    Браво. Ова сакав да го кажам а се изнапишав.
     
    На Kate Rina 93 и MilaSs12 им се допаѓа ова.
  7. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.118
    Допаѓања:
    18.310
    Пол:
    Женски
    Инаку градите "виснуваат" од бременоста, а не од доењето. Со првото никако не можев да се снајдам дали неколку пати фати да цица, после се молзев за на крај да биде целосно на ад. Со второво многу ми помогнаа сестрите во болница, бев поупорна не беше лесно заради вовлечените брадавици. Земав силиконски со нив убаво фати цицаше со брадавици до 3 месеци после без. Еве го година ипол веќе си цица.
     
    На Осе, Kate Rina 93, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    198.969
    Пол:
    Женски
    Негативно искуство со доењето имав со првото дете, дека прво. Прво додека ми надојде млекото, потоа додека се отворија каналите, и на крај разранетите брадавици. И моментот што детето баш и не креваше на тежина и покрај редовното доење и давање дохрана.
    Друго негативно искуство немам. Доењето ќе ми остане како еден убав, а краток период во животот во кој сум уживала во близината и гушкањето со децата кои сега се веќе големи.


    @Fallen.Angel доењето само ти било плус причина за фрустрација оти не ти ги исполнило очекувањата кои си ги имала. Во право се членките што ти кажуваат дека притисокот што си го чувствувала и немањето поддршка од сопругот си го направиле своето. Никој не те осудува што не си доела и не мораш да се правдаш. Подобро да даваш адаптирано млеко, отколку да доиш и притоа да вриеш од нервоза и да се истураш на детето.

    Никој не врши притисок дека мора да се дои. Ама од друга страна, самото доење како чин не е негативна работа, може да има негативни искуства, впрочем, како и за се' друго. Сите жени се различни, и некогаш и покрај сите очекувања и напори, не сите успеваат да дојат.
     
    На Kitten, Cherry333, cresa-jagoda и 10 други им се допаѓа ова.
  9. felisitas

    felisitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2012
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    1.144
    Exactly
     

    Прикачени фајлови:

    На Spidy, Осе, CareTee и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.872
    Да не ве цитирам.
    Не се налутив воопшто. Само си кажав дека според мене секоја работа има две страни: позитивна и негативна. И доењето е едно од тие. Ама некако сите сакате да кажете дека не е така. Ок реков за некој преовладуваат позитивните страни, негативните се занемарливи, но факт е дека ги има само кај кој колку се присутни и како го афектираат. Апсолутно е точно дека за бебе нема ништо негативно во доењето, но за мајките мислам дека има.

    Некој рекол дека сакам да се зборува колку е ужасно доењето или сите да ме разбереле. НЕ, само сакав да слушнам различни мислења. Супер е тоа што на повеќето ви претставува задоволство, тоа и е целта на доењето. Но реално не се согласувам дека нема негативни страни. Секоја работа има, само како што кажав за секој е индивидуално.

    Многу мајки знаејќи ги бенефитите од доење избрале да не дојат за да не ги сносат некои од негативните последици.

    јас со мојот краток доенечки стаж од 3 месеци не можам да знам како е доење од 2-3 години. Но пак ќе кажам се е различно кај различни луѓе.

    Немам против доење, ниту против мислењата на никоја членка. Само мислев дека насловот треба да остане негативности од доењето чисто за да си кажеме секоја што почувствувала и како. А лоши искуства со доење се веќе приказни. Факт е дека сите имаме некакво искуство, кој добро, кој не толку добро. Но самото доење има свои негативности за кои не се зборува ете не знам и јас од кои причини.
     
  11. SkarletOHara

    SkarletOHara Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2012
    Пораки:
    1.224
    Допаѓања:
    2.881
    Ништо од ова немам купено, бебето цица, не се измолзувам, плус поаѓаш на работа кога веќе има дохрана, не знам зошто да е потешко да се вратиш на работа ако доиш? Ако прочиташ повеќе ќе видиш дека, напротив доењето му помага на бебето полесно да го надмине периодот на разделба.
     
    Последна измена: 25 мај 2021
    На thelittle17, mssuniquee, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. CareTee

    CareTee Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2020
    Пораки:
    1.188
    Допаѓања:
    3.447
    Пол:
    Женски
    Баш така.:rofl::rofl::rofl:

    Јас знам да почнам да му зборам муабет да му правам, во ретките случаи кога ќе не осетел и отворел очи. Ама кој ме врти, си спие он мука нема.:rofl: И ја би спиела реално.:wasntme:
     
    На Осе и felisitas им се допаѓа ова.
  13. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.431
    Допаѓања:
    47.633
    Пол:
    Женски
    И јас се приклучувам на клубот на недојачи иако тој хорор го преживеав некако првите 2 месеци.После тоа пресеков и реков доста е ова мачење, нема да биде ни прва ни последна која не била доена и пиела адаптирано млеко.
    Јас од секогаш сум имала вовлечени брадавици ама секогаш ми викале дека кога ќе останам бремена ке излезат- која лага !
    Се породив а никогаш не помислив дека доењето ќе ми биде поголем хорор него пораѓајот. Очигледно требаше повеќе да се плашам од тоа него ли од порагајот.
    Млеко ми дојде уште во болница, но не беше нешто многу. На совет на стручните лица одма купив вештачки брадавици-НЕ МИ ПОМОГНАА ВООПШТО.
    На ден 33 роденден не пуштија од болница и место тоа да биде еден од најсреќните денови во мојот живот, јас ќе го памтам како денот кога почна пеколот за мене седната на плочки во кујна со солзи во очи од болка додека мајка ми ми ги стиска цицките за да ме измолзи и да му дадеме млеко на беебто. Јас плачам, она плаче покрај мене гледајки ме како се мачам. Инаку жената е акушерка со 30 и кусур години стаж на Гинекологија.
    И така додека сите среќни и весели се сликаат со балони со мајката и бебто, наздравуваат за новиот почеток како семејство, мојот прв ден дома ке остане запаметен како што кажав погоре.

    Ден 2, ден 3 и така до 2 месеци.....
    На совет на сите душебрижници во мојата околина со своите преуспешни стории за доењето купивме уште едни вештачки брадавици-да не случајно не чинеле првите, купивме рачна пумпа демек за полесно-мижи асан да ти баам, електрична пумпа-среќа на време преставме со нејзе пошто почнаа да ми пукаат брадавиците па на мајка ми и беше страв да не направам инфекција, термофори за да држам топло на нив, чај за доилки, капсули некои за доилки, ампули неоки кои ги шмркав у нос...
    Во мегјувреме.-литро млеко на ден, литро сок од јаболко.

    Деновите траеа БЕЗКОНЕЧНО. Се во мојот живот циркулираше околу молзењето дали биле 10 мл,50мл,100мл. На секоја измолзена капка и се радувавме како на дијамант а во меѓувреме со секое ново стискање се осеќав како некој душата да ми ја зима капка по капка наместо млеко.
    И тоа траеше, не се предавав. Таман си седнал да јадеш-стани од маса дошло време за молзење, таман си седнал филм да гледаш-стани дошло време за молзење, таман си легнал попладне да дремнеш истоштен од веќе не знам што-стани дошло време да се молзеш, таман си заспал вечерта-стани време да се молзеш, таман си влегол да се бањаш-излези од вц дошло време да се молзеш.
    И така зачаран круг во кој ти како личност тонеш а крајот го нема освен сам ако не го ставиш.

    Јас после 2 месеци го ставив. Сватив дека повеќе не можам да го издржам тоа. Психичкиот притисок, болките во телото после цел саат наведнат со пумпата во раце само за да едвај измолзеш 100 мл млеко.
    Да цел саат за само 100мл.

    Сфатив дека за бебето е побитно да има здрава и среќна мајка него ли мајка која си го мрази секој нов ден што треба да го живее. Сфатив дека да било толку "лошо" вештачкото млеко немало да постои толкава индустрија која го произведува, сфатив дека нема да биде ни прва ни последна која пие такво млеко битно е само да е здрава.

    Притисокот за доењето си го правиме самите, особено жена на жена.
    Нешто како ја дојам и сум поголема мајка од тебе, поише се грижам за моето дете од тебе, попожртвувана сум од тебе бла бла бла. Се е под контрола госпоѓо! Секој си го сака детето на свој начин и не значи дека ако не ми заспива секоја вечер со брадавицата во уста не се грижам за нејзе и не знае што е љубов.

    Да можам да се вратам 6 месеци назад, на сите што си земаа за право да коментираат би им акнала по еден токмак по глава и би ги испратила дома да си ги гледаат нивните деца. Дури сега сфатив колку непристојно прашање е - А ја доиш? - Као... што те боли курац ?!?

    Ми се свиѓа темава, баш треба да се обрне внимание и на негативните работи кои ги носи чинот на доењето а не само пресветоста негова. Верувам дека многу жени се имаат соочено со проблеми на оваа тема и би било убаво да знаат дека не се сами и дека не се единствени наспроти популарното мислење дека само мајка што дои е мајка во права смисла на зборот.
    Од друга страна секоја чест на оние кои се успешни во ова поле.
     
    На LadyD, SexiLy, mila89 и 14 други им се допаѓа ова.
  14. AngIv

    AngIv Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    823
    Допаѓања:
    9.040
    Истиот ден кога се породив имав и млеко, убаво ми објаснија околу доењето, бебуш убаво си фати, млеко имав премногу што морав да се одмолзувам и тоа што го одмолзував го ставав во стерилни кесички и го замрзнував за во случај кога треба да одам до некаде и да ја оставам да ја причуваат да има што да и дадат. Ама кога и да го ставев бебуш на града јас бев толку нервозна, депресивна, неможам да објаснам колку глупаво се чуствував, едноставно не можев. Буквално се чуствував ко крава:(. Цицаше само 3 месеци, повеке не можев да продолжам со доење. Знам колку е добро бебето да цица и дека мајчиното млеко е нај добар избор,ама цело време си одев сама против себе. Кога оваа ке го кажев пред некој друг наидував на низа осудувања, како јас сум не мајка, како си мислам само за мене итн. Секој може да мисли што сака, се додека не го доживее истото не може да разбере.
     
    На Spidy, Frosty!, SuperGirl24 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. sunmoonstars

    sunmoonstars Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2016
    Пораки:
    712
    Допаѓања:
    753
    Пол:
    Женски
    @Fallen.Angel Така е, во право си се што си напишала, да се оправдам и јас првин дека сум свесна дека доењето е најдобро, нема спор тука. Еве се пронаоѓам во некои твои ситуации како на пример да се чувствувам виновно ако излезам некаде во град а бебето плаче, знам дека само на града се смирува најдобро и најбрзо,....неистуширана зошто бебе беше нон стоп на града, а времето кога не беше незнаев што побрзо да направам, и последно качив многу килограми за време на доењето зошто јадев храни што не му ствараат грчеви на бебе, и имав огромен апетит. ....сето тоа со првото бебе. Сега имам второ бебе и сликата е друга, но и бебето е подруго посмирено, и прифаќа и да цица и шише, првото а фатеше шише после тоа беше плачење и тегнење пак да фати цице, а јас чувствував грижа на совест. Но прво дете и му се тресев многу и ми беше грижа на совеста ако не цица. Сега лактацијата додека се воспостави не ми направи ниту тежина ниту проблем, бебе убаво фајка да цица, не е како првото, да му е тивко, да му е темно, да се грчам во позиција удобна за него, но сега сум со многу повеќе домашни обврски немам помош од бабите како со првото дете, дополнително обврски околу големата и немам многу млеко па е на комбинирано хранење доење и АД, и не паѓам во депресии и грижа на совест сега.
     
    На Fallen.Angel и kanella им се допаѓа ова.
  16. Chuchanov

    Chuchanov Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2019
    Пораки:
    1.519
    Допаѓања:
    2.939
    Пол:
    Женски
    Здравје за второ од старт на комбинирана исхрана на почеток, а од 6 месеци ад и кашички. Пошизав првите месеци,коментари небитни, јас нервозна прво дете маж ми на пат хаос, бебе 24 часа на града хаос бев јас хаос дома, а и плачка се погоди малата што само на града се смируваше. Братучедка ми од старт си почна со ад па што му фали на бебето-ништо си порасна како и сите други.
    Ама пусто на 21 век натпревар е кој подолг доенички стаж ;)
     
    На lovely91, Milkiway, sunmoonstars и 2 други им се допаѓа ова.
  17. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.096
    Допаѓања:
    37.563
    Пол:
    Женски
    @SuperGirl24 сочувствувам со тебе, знам како е.
    Јас имав огромна желба и второто да го дојам како и првото, имав и млеко, немав проблем со брадавиците. Ама ете кога бебе не сака, тоа е. Еве веќе 3 дена како не сум се одмолзила. Не ни пробувам, знам дека само 20мл ќе извадам. А толкав напор и толку време ќе изгубам.Не се чувствувам како немајка оти знам дека направив се што треба. Битно ми е само да напредува, а со моето измолзено напредуваше ептен малку
     
    На Ava.84, kukla21, Milkiway и 5 други им се допаѓа ова.
  18. Chuchanov

    Chuchanov Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2019
    Пораки:
    1.519
    Допаѓања:
    2.939
    Пол:
    Женски
    Дали со ад, дали со измолзено или доење бебето секако ќе порасне ама ние сме таков народ за се имаме коментар, ако не го доиш си себична, ако го доиш повеќе од година-ее доста му е гледај заби има се си јаде (facepalm)
     
    На Ava.84, Milkiway, elimkd и 3 други им се допаѓа ова.
  19. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.096
    Допаѓања:
    37.563
    Пол:
    Женски
    Со второто ми коментираа само дека било многу мака да се одмолзуваш и се чудеа како при мое млеко бебе да не цица. И јас се чудев. Не верував дека има бебиња што не сакаат да цицат се додека не родив такво
     
    На Milkiway му/ѝ се допаѓа ова.
  20. SkarletOHara

    SkarletOHara Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2012
    Пораки:
    1.224
    Допаѓања:
    2.881
    Значи притисокот доаѓа од самите нас. Претпоставувам чувствителен период е за тоа.
    Не секое прашање значи и осуда?
    Поточно, кога ќе погледнам околу мене, повеќето биле на комбинирано или АД. Имам жени околу мене со свои бизниси, динамиката на живот не им дозволи да седат 9 месеци дома и 6 месеци ексклузивно да дојат.
    И пак ќе речам и верувам дека негативните искуства, не би биле толку негативни доколку се има вистински и правилни совети.
    Ја читав Јулија од соба за доење, првиот пат успеав со нејзина помош, ја читам и Каетана овде несебично помага со совети.
     
    На elimkd, thelittle17, PurpleMind и 5 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.