1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Негативни искуства со доењето

Дискусија во 'Бебе' започната од Fallen.Angel, 25 мај 2021.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.613
    Допаѓања:
    18.180
    Пол:
    Женски
    Притисокот да доите, иако не сакате/ мачно ви е/ ве боли/ немате млеко го стварате вие сами. Вие и никој друг.
    Тоа ке е исто како јас да кажам дека ке го одбијам син ми на 22+ месеци затоа што другите ме прашуваат зошто уште цица. Нема да го одбијам додека не сме спремни двајцата. Од страна кој што сака нека збори, доењето е врска меѓу мене и син ми.

    Јас никому не сум наметнала ништо. Две блиски другарки ме прашаа и им помогнав колку можев и колку знаев. Едната од нив дои 20 месеци, од комбинирано ад и доење, од брадавици се префрлија на ексклузивно доење. Не сум и наметмала ништо, ме праша, помогнав и тоа е тоа.

    Има две опции - доиш и не доиш. Во групата на оние што не дојат, едните сакале ама не успеале од некоја причина, други не сакале да дојат иако можеле. Во која група сте, не е битно, одлуката е ваша и не треба да ви е криво за ништо, и нема да ви е, доколку тоа навистина го сакате.
    Дури и на форум се правдате како сте правеле, што сте правеле. Сте пробале се, а некој друг крив што не сте успеале. Не ми е јасно.

    Јас секогаш за доењето ке зборам со љубов, за мене тоа е нешто најинтимно и прекрасно. Ако можам со задоволство ке помогнам и други да имаат успешен и долг доенечки стаж.
     
    На Ognena*, Ava.84, kukla21 и 8 други им се допаѓа ова.
  2. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.130
    Допаѓања:
    18.401
    Пол:
    Женски
    За доењето многу е битно да имаш поддршка прво од медицинскиот персонал во болница, после дома. Мене да не ми помогнаа во болница да го местат за да фати да ми покажуваат како да го држам, немаше да успеам да дојам. Исто ми помогнаа брадавиците зошто без нив немаше шанса сама да го наместам да фати. Ако немаш поддршка од никој е многу тешко исто и досадни свекрви и стринке, тетке кој даваат непотребни совети се непожелни зошто создаваат допилнителен притисок и нервоза кај мајката. Исто ме нервираше прашањето" Цица"? Буквално прво прашање им е тоа на сите и тука " објаснување" ако не цица зошто, а ако цица зошто па уште го доиш голем е...
     
    На mila89, Mnik и sunmoonstars им се допаѓа ова.
  3. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.786
    Пол:
    Женски
    А како да се издвоиме тие што доиме од љубов? Или сега сите ќе одиме во ист кош Помодарство? :D
    Свашта.
     
    На cresa-jagoda, Ognena*, kukla21 и 9 други им се допаѓа ова.
  4. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.872
    Никој не го спори тоа што го викаш ти. Ама погоре имаш примери од две мајки кои можеле да дојат, одело како подмачкано, ама не им било убаво, не сакале. Слободно кажувам дека и јас не сакав. Сѐ што си набројав во воведниот пост е така. Точно е дека мојот избор да не дојам беше сплет на околности, но искрено и цела поддршка на свет да ја имав не знам дали ќе се измачував со саати да седам и да смрдам само за бебе да цицало. Вака многу розево е опишувано доењето, а уствари не е воопшто. И ете и покрај сите тешкотии се успева, ама ако се сака само. А за некоја мајка да не сака да дои мора да има причина (здравствена, психолошка, недостиг од млеко, поддршка или било што) или некој негативен ефект од доењето кој сака да го избегне (вишок килажа, олабавени гради, стресови од типот дали е гладно и зошто не качува килажа и сл.)
     
  5. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.252
    Допаѓања:
    124.609
    Негативни:
    1. Доев цели ноќи, таткото спиеше и не можеше да помогне. Нормално, што ќе прави? Не може да ме замени.
    2. На 18 месеци мастит, со 39 темп.
    3. Сите главоболки, мигрени, болки, морав сама да ги поднесам без никаков лек
    4. Немаше можност за антидепресиви, а ме уби депресија. Се борев како знаев и умеев
    5. Болки у брадавици до трети месец. Памет ми се вртеше од болка на прво повлекување.
    6. На почетокот не знаев дали цица бебето и дали го хранам. Бев у паника.
    7. Се потев страшно.
    8. Никаде не смеев без дете, оти морав да дојам цели 6 месеци. Шише не фати детето никогаш, ниту цуцла. Ниту еднаш. Јас бев цуцлата лажливка.
    9. Не јадев омилена храна - лути јадења две години.
    10. Кога почнав на работа цела недела се молзев у веце, ми прскаат градите и до дома како самар да имав ме болеше грбот од тежината.


    Дали жалам?! НЕ. Нема подобро за детето од мајчино млеко. Дали би постапила поинаку? НЕ.
    Мајката се може и се треба да истрпи за детето. Тоа ни е у генот, у душата. Болело?? Уште сто пати по толку нека боли, за детето се трпи.

    Ако мора да пие лекови мајката или нема млеко, тоа е тоа. Нема опција. Мора да биде жива. Се друго се преживува.
     
    На cresa-jagoda, lovely91, Ognena* и 14 други им се допаѓа ова.
  6. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.252
    Допаѓања:
    124.609
    Со доењето се трошат 500 калории повеќе, и побрзо се слабее. Ова е неточен факт.
     
    На cresa-jagoda, Осе и thelittle17 им се допаѓа ова.
  7. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.872
    Од мое искуство и од искуство на блиски зборувам. Трошиш 500 калории да, ама апетитот се крева и јадеш многу повеќе од што трошиш. И сама знаеш сигурно дека за млеко да имаш советуваат боза, сокови кои содржат шеќери, храна полна со скроб и слични срања.
    Единствена "доилка" која ослабна со "доење" која лично ја познавам доеше само во јавност, а од аптека повеќе АД од мене купуваше.
    Едит: Некаде пишува, уствари на многу места дека додека доиш си заштитена од бременост, а куп бебиња се родија додека мајки доеле и имале секс слободно мислејќи дека дои, нема циклус па не може да затрудни.
    Така да многу нешта не се како што пишува и како што ние ги земаме здраво за готово.
     
    На Mnik му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.252
    Допаѓања:
    124.609
    Јас за три месеци ослабев 25 кила. Пиев само вода и чај за доилки. Научно е докажано дека се слабее по 500 калории. Ако некоја јаде над 2000 калории на ден,нормално ќе се здебели. Ама ако јаде нормално, ќе ослабе.

    Сите тие ,,срања" кои си ги напишала се срања. У свет со интернет срамота е срања да се јадат и пијат за млеко.

    Еве сега знаеш уште една доилка кои ослабе од доење.

    За едитот, ми е срам да пишам дека таква неука работа некаде ја пишува. Веројатно баба некоја рекла, научен труд не. А ако мајката не се едуцира, тоа е нивен проблем. Не нејзин, нивен. Оти и детето има проблем оти мајките се неуки.
     
    На cresa-jagoda, lovely91, kukla21 и 13 други им се допаѓа ова.
  9. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    5.433
    Не гледам никаква разлика помеѓу деца доени само мајчино, деца само на ад и комбинирано. Дека мајчиното млеко е добро за детето да, ама ад е направено да биде соодветна замена на мајчиното. Единствена негативна страна на ад е што е скапо, друго ништо. Дека можеш да се здебелиш додека доеш можеш, ако внесуваш повеќе калории одколку што трошиш, не е по дифолт кај секој да слабее од доење. Јас не би трпела болка за доење, како што не би трпела ни породилни болки, кога има анестезија. Не гледам никаква врска или блискост помеѓу мајката и детето кога се дои. Детето може да се гушка и да имате блискост и без доење.
    Доењето е премногу исфорсирано, исто како и природниот пораѓај без анестезија така да секоја мајка треба да си одлучи за себе како и е најдобро. И не мора да е физичка болка еве нека биде и од психолошки аспект ако доењето ти е измачување зошто да поминуваш низ тоа кога има алтернатива.
    Јас никогаш не би ги оставила антидепресивите за доење, сметам дека како прво на детето ќе му треба жива мајка, како второ психички здрава мајка, а тоа секако нема да биде без храна на толку голем избор на ад.
     
    На sunmoonstars, Milkiway и Fallen.Angel им се допаѓа ова.
  10. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.613
    Допаѓања:
    18.180
    Пол:
    Женски
    Добро не сакаш да доиш. И? Зошто се правдаш?

    Јас сакам да дојам и 22 медеци на никого не се правдам. Ги има такви кои прашуваат дали уште, зошто, голем е, немало сврха итн. Ми е гајле? Не. Се топам кога ке каже титем и крај на приказната.

    Доењето не е розево, ама што е битно? И раѓањето не е. И животот не е.

    Негативна работа е што не можам да пијам вино.
     
    Последна измена: 25 мај 2021
    На Осе, mssuniquee, joy1 и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.786
    Пол:
    Женски
    Па што не кажа одма, не заобиколи као киша око Крагујевца, па нова тема и се изнервира кога ја сменија.
    Дај смени ја околината, примерите што ги кажуваш во многу наврати се богдачува. Се чудам како може да има толку забегани луѓе.

    Нема потреба да имаш грижа на совест дури требало уште одма ад да му купиш, а не да се мачиш и ти, и маж ти со виснатите цицки и дебелината.
    Мене да ме прашаш да, многу си себична односно од глупи причини си се откажала 'бебето да цицало'. Тебе градите да ти беа толку важни немало ни да почнеш да доиш како многу жени што пазат на изглед.
    А тебе па ич не треба да те интересира јас што мислам за твоето доење и да се објаснуваш. Не гледам како си поразлична од тие што глумат дека дојат. И таа и ти имате грижа на совест. Get over it.
     
    На cresa-jagoda, Ema.Sk, Mikha4 и 8 други им се допаѓа ова.
  12. emits

    emits Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 септември 2015
    Пораки:
    397
    Допаѓања:
    830
    Пол:
    Женски
    Да го споделам и јас моето искуство. Пред породувањето бев со мисла и решена дека ќе дојам. За моја среќа уште наредниот ден после породување добив преееемногу млеко, дури се молзев и тоа му го даваа на бебе плус. Ама бебе се роди со попочната врвца околу врат, па бљуцкаше и падна на килажа и покрај изобилието од млеко. Нејсе дома продолживме со доење и бебе одлично напредуваше.На почеток уживав и покрај околностите и коментарите од околината, гладно е, не му е доволно и слично. Едноставно сакав да дојам и терав по мое. Пак со моја одлука решив полека да преминеме на ад, поради проблемите со сколиоза и тоа што од еден подој цела се укочував и не можев да си го титнтрам бебе после тоа. Искрено и мн ми сметаше препотувањето, обврската постојано да си дома, немањето доволно време за себе и одмор. Бебе полека премина на ад, прво само денски, а потоа и ноќе. Доенечкиот стаж траеше 6 месеци вкупно. Да бидам искрена на почеток осеќав грижа на совест, зошто бебе да не цица, но гледајќи го бебе дека е среќно, најадено и задоволно помина и тоа. Така што мој став ок е и да доиш и не. Тоа е избор на мајката и на никој друг. А коментари и прашања еве бебе е 9 месеци уште има. Тоа е наш менталитет и нема менување. Кога доиш зошто доиш, дај ад, кога ќе дадеш ад, зошто ад, дај кравјо и т.н. ... Така што мајки правете така како што вас ви одговара и ќе се чувствувате среќни. На бебе му треба среќна и пред се здрава мајка :)
     
    На sunmoonstars, Milkiway, PurpleMind и 2 други им се допаѓа ова.
  13. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.101
    Допаѓања:
    37.575
    Пол:
    Женски
    Потењето нема врска со доењето. Јатрвата не доеше ни ден, па се потеше и мирисаше.
     
    На cresa-jagoda, Осе, thelittle17 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.872
    Кај па и јас отворив ваква тема на форум полн со поборници за доење кога имав доволно видено и слушнато. Здравствени проблеми имав и операција ми се закануваше за сколиозата. Ама небитно тоа. Абе доктор гинеколог, четири пати му отидов, 5 месеци од породувањето крварев без прекин. Во животот сум немала проблеми со крвта, почнав слабокрвна да станувам и тој ебате докторот доењето го стави пред моето здравје и не ми препиша ништо, да сум доела не ми давал терапија. Јас пак и пак му одам, он ми вика јади спанаќ и месо ќе се оправи крвната слика, ама доењето не го прекинувај. Јас му велам човеку 5 месеци крварам, он глув се прави. Така да заебете, нека оди темата во канта.
     
    На Mnik му/ѝ се допаѓа ова.
  15. SkarletOHara

    SkarletOHara Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2012
    Пораки:
    1.224
    Допаѓања:
    2.881
    Добро, не сакаш. Тоа е тоа. Некој рекол На сила убавина не бидува.
    Кога нешто НЕ САКАШ не може да ти биде убаво.
    Стресот е пропратна работа на создавање деца.
    За едитот, погрешни совети, веќе реков, веќе имаме консултанти за доење! Не слушајте баби и тетки и не дозволувајте да ве влечат за цицки бре за да извлечат брадавици. Има подобра опција не сум ја пробала ама мислам побезболно би било :) прочитав некаде маж да фати града да цица да проба да ги извлече брадавиците.
     
    На Mikha4 и thelittle17 им се допаѓа ова.
  16. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.252
    Допаѓања:
    124.609
    whats-in-breastmilk-poster-canada.jpg

    Има голема разлика.

    Ако мајката е самоубиствена, нека пие АД. Подобро жива отколку мртва, така секако ќе нема млеко..
    Ако треба да пие лекови за притисок оти ќе умре без нив, тоа е. Нема да умира.

    Ама: не сакам да сум дебела, цицките ми се побитни од здравјето на бебето и не сакам да ме боли, не е основа.
     
    На cresa-jagoda, Ava.84, Mikha4 и 15 други им се допаѓа ова.
  17. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.101
    Допаѓања:
    37.575
    Пол:
    Женски
    А
    Каква врска има доењето со крварењето, не те разбирам?
    Ерготилот кој што се препишува може да се дава и додека се дое, препарати за железо исто така.
     
    На cresa-jagoda, kukla21, Осе и 3 други им се допаѓа ова.
  18. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.613
    Допаѓања:
    18.180
    Пол:
    Женски
    Доев и пиев тотхема. :)

    Јана цитирала се што е битно, овој дел,

    Fallen.Angel напиша:
    цела поддршка на свет да ја имав не знам дали ќе се измачував со саати да седам и да смрдам само за бебе да цицало.

    Не сакаш да доиш и крај. Според мене си себична, ама тоа е мое мислење и твојот живот нема да се смени, небитно што мислам јас.
     
    На cresa-jagoda, Ognena*, thelittle17 и 5 други им се допаѓа ова.
  19. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.252
    Допаѓања:
    124.609
    Најголеми дози и инекции имав за крварењето и пак доев. Немаат врска со доењето.
     
    На cresa-jagoda, kukla21, mssuniquee и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.872
    Нема врска можеби крварењето. Ме револтираше односот од докторот. Работи демек на крвна слика и доење лекови не ти давам за крварењето.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.