1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Негативни искуства со доењето

Дискусија во 'Бебе' започната од Fallen.Angel, 25 мај 2021.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.119
    Допаѓања:
    18.333
    Пол:
    Женски
    Жени бе полека со тоа " себична си", некогаш се претерува на крај краева нејзино дете, нејзини гради. И деца со ад растат и доени деца растат. На никој не сме му во кожа па да знаеме точно како се чуствува.
     
    На Just.do.it, Spidy, Ava.84 и 7 други им се допаѓа ова.
  2. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.245
    Допаѓања:
    124.493
    Неговиот однос не е причина за недоење.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.786
    Пол:
    Женски
    Па да де, баш така. Во ред е, не ги осудуваме што не дојат ама доилките од помодарство дојат, мислааам :fubar:
     
    На kukla21, VDT2906, Осе и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    17.245
    Допаѓања:
    166.055
    Една мала забелешка околу ова ,,за себе,,. Само за себе не влегува во описот на позицијата мајка. Во позицијата мајка престануваш да бидеш сама, свесно носиш одлука да донесеш на свет дете а тоа дете е првенствено твоја одговорост. И тука веќе почнуваш да мислиш и учиш, што е најдобро за него, а не што ти е најпријатно тебе. И не ги носиш тие одлуки под притисок на тетки и комшики ( фала богу, јас немам такви), биологија се вика тоа, хормони, инстинкт.
    Инаку апсолутно ништо не мораш, ни дете да имаш, ни да доиш, не се мери така љубовта.
     
    На SexiLy, Mikha4, Kitten и 8 други им се допаѓа ова.
  5. Frosty!

    Frosty! Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2018
    Пораки:
    1.111
    Допаѓања:
    3.636
    Пол:
    Женски
    Додека бев бремена одев на сите предавања што слушнав дека постојат за да дојам. Откако се породив многу работи не испаднаа како што планирав. Мислев мене постпартална депресија не може да ми се случи затоа што имам минато и знам да се носам. Не баш. Плачам, не знам зошто, гради огромни, а млеко нема. Пробував, имав поддршка, се откажав. Не ми е криво, важно ми е да е здрав и жив. Чувствував вина првите неколку месеци, се правдав на сите што ќе ме прашаа зошто не дојам. Сега е поинаку.

    Секоја чест за тие што дојат и уживаат. Не има различни, затоа не генерализирајте. Колку повеќе ги прифаќате различностите, толку подобро.
     
    На Mikha4 и Осе им се допаѓа ова.
  6. SkarletOHara

    SkarletOHara Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2012
    Пораки:
    1.224
    Допаѓања:
    2.881
    Бидејќи те читав дека се уште учиш полагаш, може не ти беше планирана бременост?
     
  7. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.872
    Ама кажува многу за ситуацијата во која се голем број мајки. И затоа многу не се зборува на темава, не им се докажува на некои луѓе. И џабе сите муабети излегуваат на крај само додатно се глупира човек..
     
    На Mnik му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Smeski632

    Smeski632 Активен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2021
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки, нова сум на форумов иако ве следам веќе подолго време и многу корисни информации дознав од вас за бременост и мајчинство. Сепак во оваа тема решив и јас да споделам искуство. Моето доење траеше 3 месеци, во кои искусив скоро се за што имате пишано веќе, ама сепак го следев советот на сите околу мене "биди упорна". И бев упорна, не обрнував внимание на болката, дома со масажи спречував маститис но никако не можев да го исклучам АД-то целосно. Тогаш се тоа ми беше стресно ама го правев со голема желба да успееме да се префрлиме на ексклузивно доење. Во 3ти месец моето бебе почна да одбива да цица затоа што сфати дека има полесен и побрз начин и по долго мачење за двете - она вришти, јас плачам дека не сака да цица, постепено од ден на ден доењето се замени целосно со ад. Темава е одлична за да пробаме да го надминеме чувството на вина, оние кои не сме успеале да доиме, па може да споделуваме практични совети без напаѓања едни со други. Јас лично уживав во доењето и покрај сите проблеми (кои се нормални само не сме свесни за нив се додека не ги доживееме) но секој пат кога ќе се спомне доење имам кнедла во грло, буквално вина, дека не сум успеала. Anyone?
     
    На mila89 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Mia Fuentes

    Mia Fuentes Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2019
    Пораки:
    495
    Допаѓања:
    1.668
    Пол:
    Женски
    Убаво е да се читаат разни мислења, може и ќе научиме нешто ново.
    Јас еве лично доев 13+ месеци и поминав и маки и мастити ама го паметам како убаво искуство. Посебен поздрав до @Kaetana, со нејзините бесценети совети :l:
    Него јас почнав да се дебелеам кога ја одбив малата, значи се додека доев бев манекенка, а си јадев нормално, и првите месеци пиев чај ама нередовно.
    Не слушав баби за боза и слично, па нели сте ги виделе во Африканските земји до колку долго дојат. Сигурно не земаат суплементи и сок од јаболко :D
    Доењето е полесно, ама доколку не бива, не бива.
    За смрдкање си смрдкав, ама не би ја одбила поради тоа.
    Исто, многу време посветив за успешно да дојам, ама вредеше.
    Уствари и малата почна да настинува штом престанав да дојам, не знам дали е поврзано ама ете.
    Во секој случај, среќна мајка=среќно дете, така да...
     
    На cresa-jagoda, Осе, CareTee и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.872
    Планирана ми беше.
     
  11. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.245
    Допаѓања:
    124.493
    Две грешки си направила, од незнаење. Немаме едукатори ние за доење.
    Прво, најмногу се одбиваат во трет месец на прв скок. Дете вришти и ја трга главата. Плаче кога треба да цица, а после плаче оти е гладно. Два дена лудило. Знаев дека е скок, затоа некако кога беше у полусон доев. Помина.
    Втора грешка, давање шише. Нормално кога ќе види полесно дека е од шише, не цица.

    За жал, никој не не едуцираше. Се е со истражување на интернет. Со следно дете ќе биде полесно ;)

    Едит: јас учев на форумов, на интернет. И педијатарот што вИкаше само, нека цица. Ништо друго.
     
    На cresa-jagoda, thelittle17, elimkd и 4 други им се допаѓа ова.
  12. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    2.492
    Допаѓања:
    7.359
    Пол:
    Женски
    Имав искуство со доење точно година дена. Дека уживав, не баш. Бев решена да дојам и доев затоа што сакав да му пружам најдобро на моето бебе. На почетокот ни беше тешко, бебе не знаеше да цица без силиконска брадавица и така теравме година дена. Од нејзе мислам најмногу ми се одмили доењето. Тоа миење во сред ноќ, катастрофа. Болки на почетокот имав, страшни, но поминаа. Пиев чај за доење и смрдев, да. Бутав за јадење се и сешто и бев исцрпена. Ептен ми олесна кога бебе почна да јаде немлечна храна. Не му дадов ад од страв да не се одбие. Одбивањето беше песна бидејќи и син ми како и јас не беше некој фан на доење. И добро што го одбив тој период. Ако ме прашувате мене, од доење после година нема потреба од причина што децата почнуваат повеќе да разбираат и бурно да реагираат ако нешто не добијат. Вклучително и цице нели. Секако дека има и предности доење на тодлер но јас не би можела тоа да го износам. Не осудувам никого, битно дечињата да растат здрави и среќни.
     
    На thelittle17, Snowflake97, Biljarkata и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.097
    Допаѓања:
    37.564
    Пол:
    Женски
    Можеби сметал дека крварењето е незначителнои затоа не ти дал лекови. Не верувам дека не ти дал затоа што си доела,зашто тие лекови се компатибилни со доење.
     
  14. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    1.826
    Допаѓања:
    8.190
    Пол:
    Женски
    Се приклучувам на темава. Не успеав да дојам, немав доволно млеко за апетитите на моето дете, а од стрес и притисок од околина и тоа што го имав се намали. Детето живо, здраво, право, со одлична крвна слика, како други деца кои не биле на Ад, туку на доење. Ден денес имам осуди, ама мене ми е гајле. Јас пробав, не успеав, немав поддршка, туку притисок. Мм ми викаше не се замарај, не се потресувај, ако треба да купуваме ад ќе купуваме.
    Комшии мои криеја дека снаата го доела детето и плус давала ад. Снаата сама кажува, а свекрвата вика дека снаава доела, ад не дала. Од пуст срам, што ќе кажат другите. И свеки моја ме осуди дека од мрза не сум доела, не сум сакала да се потрудам, а она двете деца на ад и кравјо ги има пораснато. Мене давање ад не ми е проблем и со второ здравје исто ќе е.
    Нека сум мрзлива, немајка, себична и незнам каква. Јас пробав се и џабе. Истото втор пат не. Ќе си олеснам и себе и на тоа душиче и ќе му дадам ад. Еве снаа ми на првото млеко на претек, за второво само 1 месец имаше, сега целосно е на ад, 3 месеци има. Ја осудуваат ко она да е крива, она плаче се нервира. Шо се замараш, глеј си дете, глеј си маж.
    Јас колку плачев и се нервирав, сега си викам која будала бев.
     
    На Bicka77, thelittle17, Snowflake97 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.180
    Допаѓања:
    8.870
    Пол:
    Женски
    Темава сега ја гледам и ја прочитав само првата страна немам време баш се да читам, па да споделам мое искуство.

    Јас додека бев бремена многу сакав да го дојам бебето, ама од когa се породив и веќе дојдовме дома толкав притисок сите ми правеа со тоа доење што до лудило ме доведуваа на моменти.

    Нејсе тоа, од почеток немав млеко, сите ми викаа ставај го бебето цело време да цица и ќе надојде, јас по цел ден седев со детето во раце и на цицка, не можев во тоалет да одам, немав време да се избањам, ужасно се осеќав, ама млеко многу слабо имав и детето постојано вриштење, е сега проблемот беше што од почеток јас кога ќе ја притиснев градата шприцаше млеко, ама тоа било многу малце а јас мислев дека има многу, и еден ден детето без престан вриштеше а цело време беше на цицка, кога му дадов ад се смири ама од толку плачење качи тт и дека беше многу мал одма го однесов во болница, кога го измерија видоа дека е многу ослабен, ми рекоа детето ти е гладно тие зборови сеуште мислам дека ми одекнуваат во ушите, ми се идеше да се убијам, да се закопам што од срам, што од тоа каква мајка сум да го оставам детето гладно. Не задржаа во болница за секој случај да испитаат да не се работи за нешто друго, за џабе детето цела недела се изнамачи таму, а покрај него и јас. Додека бев во болница буквално не спиев воопшто, јас таман сум заспала идеа ме будеа и ме тераа да го ставам детето да го дојам, а они ад му правеа на 2 часа, и така јас немав време воопшто да легнам да одморам, пропаднав скроз, не личев на човек бев како зомби буквално.
    Од кога се вратив од болница дома почнав секој ден да се онесвестувам бидејќи не јадев, вода не пиев, бев постојано со детето и се обвинував што не можам да го дојам, ама после неколку дена пресеков и му кажав на мм дека веќе нема да дојам, и он ми рече тоа си е твоја одлука.

    После како за беља ми надојде млеко ама детето веќе си беше на ад навикнато, а и јас сама одлучив дека нема да го дојам па побарав апчиња за да ми престане млекото, и така се заврши.

    Е сега од оваа гледна точка сум пресреќна што не дојам, бидејќи се вратив во нормала, конечно спијам, среќна сум кога гледам дека детето јаде и сум сигурна дека е најадено, а не сум под стрес дали му е доволно или не.

    Исто сметам дека многу се форсира доењето, ама тоа е одлука на секоја мајка и нема никаква врска со близината со детето.
     
    На PurpleMind, Milkiway и Fallen.Angel им се допаѓа ова.
  16. simonka93

    simonka93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    3.243
    Допаѓања:
    72.624
    Само затоа што некоја од вас не сакала/ не успеала да дои, не значи дека доењето има негативни страни.
    Првото го доев 1г.и 10 месеци, ќе продолжев уште да не дојдеше до стадиум каде не јаде ништо друго.
    Второво го дојам нецели 10 месеци, се молзев за да одржам лактација, бидејќи е прематурче. Пиев антибиотици и го фрлав млекото, за жал не фати колострум.
    Дека е тешко, е, ама па што е лесно?
    И не спијам навечер и искривена сум, ама и со АД да беше пак не ќе спиев.
    Милион пати сум сакала да се откажам, ама ќе ми излезе пост од Каетана милион и еден пат, па не се откажувам. Муабетот ми е мора поддршка.
    И секогаш кога ќе сакам да се откажам ми текнува на еден муабет- моето предвремено родено бебе, што беше коски и кожа, за само еден месец, благодарение на мене, моето тело качи 1400 гр. За мене, тоа е херојство. Јас за себе сум суперхерој.
    Можда и со АД ќе качеше толку, да, ама ова беше мое дело.
     
    На cresa-jagoda, Bicka77, PurpleMind и 12 други им се допаѓа ова.
  17. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    9.985
    Допаѓања:
    166.632
    Пол:
    Женски
    Подршката е несомнено многу битна, како по пораѓајот, така и во текот на целата бременост, ама она најбитното е слабата едукација околу се што потоа не очекува. Верувам дека повеќе од пола од хорор приказните за доење, ќе биле далеку од хорор ако во текот на бременоста имаме стручни лица кои ќе не спремат за се што доаѓа понатака. Во нашето општество, како и за се останато што ни фали едукација, така и за доењето.
    Цело време фокусот е насочен кон бебето, да се обезбеди се за него, а мајката нек се снаоѓа и нек трпи, нели родила.
    Да сме соодветно едуцирани околу доењето, психички спремни за притисокот кој доаѓа со сите нови обврски околу новиот член, со поддршка, доењето би било само уште една од рутините кои се воспоставуваат по породувањето.

    Не уживав ништо посебно во доењето. Знаев само дека бенефитите се големи и терав. Доев со силикони полни 15 месеци, оти не ги прифаќаше моите брадавици. 2 пати фатив мастит и кренав скоро 39 тт. Доев секаде, при тоа не гушев дете под тетра. Периодите кога се будеше по милион пати ноќе за да дреме на цицка, ми беа тешко подносливи. Доењето ми стана напорно и конечно ја одбив. Едноставно ниту можев повеќе, а уште повеќе сакав да го избегнам оној момент на тегнење блуза, врескање цицее и самопослужување. Никому не се правдам за тоа. Тоа беа моите причини. За мене скроз валидни.

    Да сумирам. Негативната страна на доењето е само недоволната едукација околу истото и немањето доволно стручен кадар кој ќе те спреми за состојбите што доаѓаат по породувањето.
     
    На cresa-jagoda, PurpleMind, Ava.84 и 14 други им се допаѓа ова.
  18. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.097
    Допаѓања:
    37.564
    Пол:
    Женски
    Доењето го "форсираат" зашто е нешто најприродно, нешто што постои колку и човекот.
    Не знам зошто мислите дека се форсира доењето.
     
    На Kom.pot, cresa-jagoda, Mikha4 и 7 други им се допаѓа ова.
  19. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.791
    Допаѓања:
    5.425
    Не гледам како со тоа што детето нема да се дои ќе му биде било како наштетено. Мајчиното млеко е прекрасно да , ама не е и незаменливо. Лично не сум доена ни една секунда, па здрава, права.
    Зошто на тежок начин кога има полесен.
     
    На Fallen.Angel и Snowflake97 им се допаѓа ова.
  20. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.180
    Допаѓања:
    8.870
    Пол:
    Женски
    Се форсира од причина што ете тие што дојат најпрво се сметаат за по мајки од тие што даваат ад, бар во мое опкружување се такви. Реченицата децата што се доени се по здрави ми ја крева косата буквално, доените деца се по издржливи на се, и уште милион вакви коментари, ете затоа се форсира.
    А никој во тие моменти кога нешто не е како што треба, кога мајката не спие, трпи болки и сл не го интересира.

    Не го оспорувам доењето, тоа е природно и е убаво детето да се храни со мајчино млеко, ама и јас сум човек и треба да имам време за себе, а не да висам по цел ден со детето на цицка.
     
    На LadyD, Fallen.Angel и Осе им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.