Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Негативни искуства со доењето

Дискусија во 'Бебе' започната од Fallen.Angel, 25 мај 2021.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.666
    Допаѓања:
    18.305
    Пол:
    Женски
    Немам потреба да расправам туѓ брак и туѓи одлуки. Таа си знае што направила и зошто. Нема да навлегувам повеќе.
    Ама заради една грешка не можеш да ги правдаш сите останати грешки. Посебно не ако си мајка.
    Да не доиш за да ги зачуваш градите и да ослабеш?
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  2. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.666
    Допаѓања:
    18.305
    Пол:
    Женски
    Треба да се разграничи дека не е исто кога не доиш затоа што не сакаш или не можеш, а си пробала се.

    Никој не кажа дека си помајка ако доиш. Доење е природна работа. Исто како и природно раѓање (и со епидурал да е) природна работа. Се форсира и треба са се форсира за доброто на детето.
    Не оди мајчинство и живот како пред детето. Не можам ова не можам она. Мајчинството е жртва, кратење на многу работи.
     
    На Осе и thelittle17 им се допаѓа ова.
  3. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.457
    Допаѓања:
    96.672
    Ако си е тоа релевантно за неа, мене ми е ок. Исто е како жените што рекоа дека прекинале оти не сакале да се нервозни, да одмараат повеќе, да не им виси детето на цицка нон стоп со што ќе не можат ништо друго да прават и сл.

    Не ми е репер дека мајка што се утепува за доење, ќе биде по дифолт одлична мајка во секоја сфера од животот и растењето на детето.

    И не, мајчинството НЕ Е ЖРТВА. Треба да биде уживање, само ако знаеме како правилно да го доживееме.
     
    На Just.do.it, Spidy, Mila_Skopje и 6 други им се допаѓа ова.
  4. SkarletOHara

    SkarletOHara Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2012
    Пораки:
    1.227
    Допаѓања:
    2.885
    Зошто, викаат мајките не сакам јас да сум му цуцла, нели цуцлата е измислена за да.замени града, не обратно.
    Педијатарот еден убав совет ми даде , кога ја прашав за чај за доилки. се што ти треба создала природата, ова што индустријата го прави е борба за пари.
    Инаку јас не сум доена, на кравјо млеко сум од раѓање не ад. Па жива здрава.
     
    На Just.do.it, Осе, thelittle17 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.951
    Допаѓања:
    179.565
    Затоа што потешкиот е подобар?:wasntme:
    Можеби потешко за тебе, науката едно време велеше дека е подобро за него. И така, баланс. Мене не ми било претешко, кога би било претешко можеби поинаку би одлучила, не велам не. Кажав, мене полесно ми беше да шетам со цицка наместо со шише, да лежам ноќе дури дете цица наместо да се шљакам во кујна со ад.
    Ама се зборува за елементарни работи што врска немаат со доењето како такво, се зборува за притисок од комшиките, неразбирање од домашните (и мешање во штипки, што е сосем друга тема) и незаинтересираност на медицинскиот персонал да помогне во процесот, ако се наиде на предизвици.
     
    На Ava.84, Mikha4, mssuniquee и 4 други им се допаѓа ова.
  6. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.627
    Допаѓања:
    39.747
    Пол:
    Женски
    Првата спиеше на цицка по пола саат, саат. Ама тоа беше првите 2 месеци. После ќе си се најадеше набрзина и толку. А ова на почетокот на секој саат јадеше. Па на секој саат бев со шишето во рака. И тоа е напорно исто како и првото.
    Мене чајот не ми помогна
     
  7. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.277
    Допаѓања:
    9.100
    Пол:
    Женски
    Во мајчинството треба да се ужива, на бебето му треба среќна мајка, а не жртва.
    Најпрво треба мајката да е задоволна, одморена за да има енергија да му посвети време на тоа дете, а не му треба мајка што се жртвувала цела ноќ не спиела и го држела на цицка, па утре дента кога детето ќе стане полно со енергија мајката ќе паѓа во несвес за спиење.
     
    На Spidy, Fallen.Angel, violetblue и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.797
    Пол:
    Женски
    Да ги игнорираш сите такви и воопшто да не си ставаш во глава такво мислење. Значи таквите тебе ти смениле мислење дека доењето се форсира. Па и се форсира на некој начин зашто така не создала природата. Ми се плачеше кога ми доаѓаа сестрите во соба за да се учиме со бебето.
    Таа некоја 'помајка' што дои, утре ќе те масира дека нејзиното проодело пред твоето или дека броеви побрзо научило, затоа игнор.
    Сите постари жени ме прашале дали дојам и буквално сите нивни снаи/ќерки даваат ад. Никогаш не сум помислила дека се откажале туку искрено сум си помислила 'нив им е полесно', сакам и јас алкохол да се напијам, цигара да запалам, да го оставам подолго време на чување итн. Сум си ставила на кантар што ми значи повеќе и сум одбрала да дојам ама никогаш не сум помислила дека сум подобра од мајка што дава ад.
    Не се сите такви и не дозволувајте да ви се врши притисок од страна или да се набива вина.
    Следам една на инста што не го дои детето зашто има силикони и баш никогаш не сум помислила дека не е добра мајка. Можеби себична да ама тоа не ја дефинира како лоша мајка. Само ме нервира измислување триста причини за да пробаш да се оправдаш пред луѓе кои се скроз небитни, фактички се докажуваш ама ти смета друг кога го прави истото. Општо зборам.
     
    На Mikha4, Snowflake97, kukla21 и 4 други им се допаѓа ова.
  9. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.627
    Допаѓања:
    39.747
    Пол:
    Женски
    Ама може и недоените деца да дежураат цела ноќ и да не спијат, а со тоа и нивните родители. Затоа треба да сме спремни и да се соочиме со сите предизвици кои ни ги носе доаѓањето на бебето. Неколку пати малата кога се разбуде за млеко почне да вриште што сите ги разбуде, додека и направам и маж и големата се на нозе. А кога ја доев големата ќе се подразбудеше и право на цицката. Никој ни чул. Значи секакви деца има. Не значи ако не висе на цицка, дека нема да станува и плаче ноќеска. На девер ми детето безброј пати се будеше ноќеска, живи ненаспани беа, а на ад е
     
    На cresa-jagoda, Осе, thelittle17 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.788
    Допаѓања:
    175.901
    Пол:
    Женски
    Уживањето и жртвувањето во мајчинството не се исклучуваат меѓусебно. Да, во некои жртви ќе уживаш повеќе, во некои помалку, ама ниедно претходно искуство нема да може да се спореди со тоа.

    Дали е на ад или мајчино, нема мајка што е целосно одморена, наспана, и полна енергија. Еве на ништо од тоа веќе не е, па ништо од тоа не сум.

    Кога станува збор за доењето имам чувство дека се оди во 2 дијаметрално различни правци. Или се преувеличува или се хејта поради лошо искуство, а во суштина на тоа треба да се гледа и да се доживува како еден најнормален процес. Со едукација на двајцата партнери, психолошка поддршка на мајката по породување, лактациски консултанти, подалеку од тетки, стринки и свекрви, немаше да биде толку активна темава, или барем немаше да оди во овој правец.
     
    На cresa-jagoda, mal.ecka, Mikha4 и 10 други им се допаѓа ова.
  11. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.457
    Допаѓања:
    96.672
    Може, нормално дека се зависи од детето, ама во овој случај неговото вриштење не е придружено со болни гради, крвави брадавици, тегнење на гради за да се измолзи некој мл плус млеко, мастит, температура, редење листови од зелка по градите и ред други работи.

    Ако на некоја мајка сето ова и е стрес, зошто би си ја продолжувала агонијата, кога има друг, исто така здрав начин за бебето да напредува.
     
    На mal.ecka, Snowflake97, Fallen.Angel и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.951
    Допаѓања:
    179.565
    Ама ве наплашиле, сето крв и солзи. Е ова е пропаганда и потпаѓање под истата. Ништо од тоа не сум искусила (болни гради се индивидуална категорија), нит крв, нит зелки. Може ќе ти се посреќи, не можеш да знаеш.
     
    На cresa-jagoda, mal.ecka, Ava.84 и 4 други им се допаѓа ова.
  13. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.165
    Допаѓања:
    15.454
    Јас пак цело време се додека се породив мислев дека е модерно да не се дои. Мислев дека сеедно дали ќе биде на АД или мајчино млеко.

    Млекото ми надојде кога си дојдовме од болница, таму се мачев, ја ставав цело време на града ама немаше млеко. Првата сестра што дојде да не посети откако не преместија во соба, дојде со шприц полн со Ад и кутила со силиконски брадавици. И реков дека сакам да пробам без силиконски, а таа како да се налути (во смисла "јас на толку работа тука со тебе ќе се замарам"). Ми ги тресна брадавиците и шприцот на кревет и исчезна во истиот момент.

    Имаше периоди кога бебето плачеше и тогаш видов дека другите мајки даваат АД па и јас дадов. Дури и и се налутив на една сестра кога ми рече, ако планираш да доиш не давај АД. И се така додека не си дојдовме дома.

    Одма по пристигнувањето го пратив мм да купи кутија Аптамил оти во болницата имаше такво а и бебето го прифати. А пред тоа отварам на веб страната на ДМ за да видам кое точно беше и да му дадам слика на мм за да не го утне. И оп, ми излегува како едно мало предупредувачко прозорче, нешто во стил "Доењето е најдобар избор за вашето бебе, ве молиме пред да изберете од продуктите консултирајте се со медицинско лице".. И тука некако се сепнав за момент. Ама нема врска, немам млеко а утре е недела не работи ништо и му направив скриншот на мм и го пратив да купи.

    Моментот кога го прочитав составот на Ад млекото, (меѓу кои првата состојка беше палмино масло, па после мислам сончогледово масло па масло од репка, па ваков скроб, па такво брашно па една доолга листа од состојки коишто не можев ниту да ги прочитам правилно) беше моментот кога решив дека ќе успеам со доењето па што сака нека биде.

    Сами во странство без никаква помош околу ништо. Бебе буквално по цел ден виси на града. Брадавиците ми беа раскрварени, многу ме болеа. И после цел ден висење на града накај 4, 5 попладне пак плачеше. Јас си мислам дека е гладно и ајде ќе му направиме 30мл Ад и после тоа спиеше 4 часа без да мрдне. Утредента исто, арно ама некогаш се случуваше и да поврати откако ќе му дадев Ад после цел ден висење на града.

    Немавме никој до нас, но се имавме еден со друг. Од мм добив многу голема подршка. Цело време беше до мене и правеше се што треба за да се чувствувам добро.

    Мачкав Ланолин, многу ми помогна за заздрават брадавиците. Како минуваа деновите бебето почна да полни пелени и да заспива и без Ад. Почнавме преку ден да даваме по 35мл по потреба.

    Го следев однесувањето на бебето се додека еден ден не заклучив дека веќе нема потреба од Ад. Почна да ми тече млеко од градата што без да забележам ја притискав додека доев со другата :D. Се на се' траеше две недели додека да се префрлам комплетно само на доење.

    Јас мислам дека нашата голема неинформираност е најголема причина за фрустрацијата што се јавува на почетокот на доењето.

    Сите на кои ни е прво бебе си мислиме ќе се породиме и реката од млеко ќе почне да тече. Но реалноста е сосема друга.

    Целото време пред пораѓај ми беше посветено на читање и спремање за пораѓај без воопшто да размислам што ме чека после тоа.

    Кога бев сама и изгубена околу доењето најмногу ми помогнаа членките на фирумов во темата за доење посебно Каетана.

    Од мајка ми добив само совет да го ставам бебето цело време на града, не знаеше и таа многу зошто немаше и самата долги и успешни доенечки стажа. Во тоа време било, ако не бива ајде бабите право даваат шише со кравјо млеко. А на свекрвата свекрва и, после три месеца на првото дете и рекла, штом немаш млеко не се мачи и почнала да му дава препечено бело брашно со вода (facepalm).

    Се сеќавам на членката што ја има отворено оваа тема. Поставуваше многу прашања за доењето, добиваше доста добронамерни совети од сите тука што сакаа да и помогнат но пак си тераше по свое. Прашуваше како да измерела колку Ад и колку да го дои за да биде доволно. И тогаш една членка изнервирано и рече "Па добро, ти или се зафркаваш со нас или не си сериозна со намерата да успееш во доењето.." и после тоа таа пиша дека го префрлила само на Ад бебето.

    Не осудувам никоја мајка што решила или не успеала да дои.

    Но мислам дека доењето бара: одлучност, упорност и пожртвуваност. Не постои лесен и еднонасочен пат за ништо. Во живото се е борба. Ваше е да одберете кон што ќе се стремите и која ќе биде вашата последна станица во приказната наречена доење. Јас само едно знам, за мене беше вистински избор и најдобра одлука поради која сеуште уживаме со ќерка ми (11м) во сите благодети кои ги носи доењето. Доењето е многу повеќе од извор на храна, тоа е блискост, топлина и многу љубов од очињата кои те гледаат додека трае ...:l:
     
    Последна измена: 26 мај 2021
    На Zumbulche, simonka93, Jana06 и 8 други им се допаѓа ова.
  14. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.457
    Допаѓања:
    96.672
    Ц, ич не сум наплашена. И знам дека не е кај сите случај да имаат проблеми од овој тип, но истите не се исклучени.
     
    На mal.ecka и Biljarkata им се допаѓа ова.
  15. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.670
    Пол:
    Женски
    А од каде тоа дека секој се соочува со болни гради, мастит, температура и сл?
    Значи малце време дојам, скоро 3 месеци, ама ниту еднаш не ме заболеле гради, ниту брадавици. Ова што ти си го изнапишала се само негативни страни, не е точно дека кај секоја доилка ги има.

    Секоја мајка носи одлука како да го храни свoето бебе, никој не кажува дека бебе нема да порасне доколку е на АД, секое ќе порасне вака или така, само што доењето е природен процес, и за мене најдобар, што не значи дека утре нема да ми дојде преку глава и да му дадам АД, јас се исфорсирав многу на почеток, ама сакав да дојам и бев решена дека ќе го дојам бебето доколку имам млеко, и мене ме форсираа да давам АД и да не го "мачам" бебето за да се научи да цица, ама никој не слушав, како што нема да слушам доколку одлучам лично сама, да му давам АД.
    И да, за мене мајчинството е жртва, и искрено откажување од многу работи, и уште милион пати да поминам низ ова нема да се откажам, и најдобрата и најубавата работа што ми прави задоволство, би ја елиминирала доколку е така подобро за моето дете.
    За умор, секако ќе си уморен, нема мајка што е одморена со мало бебе, а и да е на АД пак треба да стануваш, да спремаш води, прашоци, шишиња и сл. за мене е тоа поголемо замарање отколку доењето, ама ете секој различно го доживува. Со доењево немам мака, бебе висеше на града на секои 15 мин. првиот месец, сега си се научи, проблем имам со успивањето, и со будењето на кратки интервали (не за да цица), и ете пак сум ненаспана и како зомби, а исхраната нема врска со тоа.
     
    На cresa-jagoda, MilaSs12, forumce и 3 други им се допаѓа ова.
  16. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.666
    Допаѓања:
    18.305
    Пол:
    Женски
    Јас никаде не кажав дека е мајка помајка најмајка. Себична кажав и го мислам тоа. Себично е и да пушиш пиеш а си бремена или доиш. Себично е да не доиш заради изглед.

    Мајчинството е жртва.
    Никаде не кажав дека не уживам. Нема човек што го сакам повеќе од син ми, нема таков. Уживам во се што правам за него.
    Ама откако решив да го родам, жртвувам многу работи за да му е совршено. Не се жалам, кажувам дека би правела некои работи, ама заради доброто на син ми, не ги правам.
    Откако станав мајка се ми е пред него. Јадење пиење спиење шетање авантури, секој аспект на животот ти се менува. Тоа е жртва.
    Некои мајки го жртвуваат времето поминато со децата заради работа, од 9 10 месеци се разделени по 8 часа за подобри услови за живот.
    Среќна сум, пресреќна. Каде прочита дека не сум?

    Тоа држење на цицка не трае години, недели или 2 3 месеци. Дали вреди? И те како. Нема споредба, ни приближно, мајчиното е подобро од ад.
    И на мајчино и на ад има скокови, регресии во спиење, заби итн.

    Ад не е гаранција дека ке спиеш.
     
    На cresa-jagoda, mal.ecka, SkarletOHara и 6 други им се допаѓа ова.
  17. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.935
    Допаѓања:
    48.110
    Пол:
    Женски
    ме потсети на тие три дена кога бев в болница ги шетав ходниците по милион пати и уште толку пати ги читав паролите закачени на ѕид на кои ги пишуваше придобивките на мајчиното, јас прворотка и воопшто неупатена, ниту имаше некој кој да ме подучи, си реков тоа е тоа ќе успееме двајцата, тамо пишува дека е најдобро, а за толку малечко мора само најдоброто

    и читам како негативна страна пишувате за смрдењето, ама срамота е тоа да го наведете како причина сите дома имате тоалети, туширањето не одзема многу време во денот
     
    Последна измена: 26 мај 2021
    На cresa-jagoda, Jana06, SkarletOHara и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.457
    Допаѓања:
    96.672
    @thelittle17 каде прочита дека реков дека СЕКОЈА доилка го има? Никаде не сум рекла така, ама па не е и дека го нема. Постои, не е мит.

    Јас лично, одење во екстреми за било што во животот не го почитувам, го поистоветувам со фанатизам.
    Како на пр - јас ќе трпам, ама морам да дојам оти сум мајка, жртва, штоидае. Не ми се допаѓа пристапот. Да, децата се наше највредно нешто, ама опседнатост околу нив до степен кој што го има кај некои родители, за мене е - не.

    На крајот од денот, најбитно е да се живи и здрави на сите децата и кој како одлучил, така нека си ги расте.
     
    На Spidy, BabyD0ll, Kolache na mama и 6 други им се допаѓа ова.
  19. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.115
    Допаѓања:
    88.071
    Пол:
    Женски
    Немав никакви негативни или непријатни искуства со доењето ниту болки ниту зелки.
    Ми остана во сеќавање како еден од најубавите периоди од мојот живот.
    Треба подршка доколку се појави проблем со доењето,ако нема, природен процес е,многу ми беше потешко кога почнавме со дохрана, па шишиња, цуцли,стерилизација,станувањето ноќе за спремање млеко.
    Со доењето ми беше многу полесно.
     
    На mal.ecka, Ava.84, Ognena* и 4 други им се допаѓа ова.
  20. haruki

    haruki Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2018
    Пораки:
    1.164
    Допаѓања:
    3.617
    Пол:
    Женски
    Како го опиша адаптираното млеко ко запршка за манџа.
    Има многу жени шо и покрај сите напори или едноставно од здраствени причини не можат да дојат, така да не е само упорноста и желбата.
    Сите ние го даваме најдоброто од нас за нашите деца.
     
    На Snowflake97, Emy867 и Fallen.Angel им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.