Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Негативни искуства со доењето

Дискусија во 'Бебе' започната од Fallen.Angel, 25 мај 2021.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    па и не е баш исто :)
     
  2. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.221
    Допаѓања:
    18.965
    Па што не е исто. Отвори види хорор приказни има да ти е страв да отидеш на природен пораѓај. Членката рече не треба да пишуваме за болки рагади да не прајме аверзии кон доење...
    Ајде може мене така ми се чини еве нека не сум во право. Може да се избришат негативните коментари не се лутам :)
     
    На Mnik и Fallen.Angel им се допаѓа ова.
  3. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.463
    Допаѓања:
    48.541
    Пол:
    Женски
    Да имав света вода ќе си ги измиев рацете пред да напишам мислење во темава за да не ги навредам Пресветите најЖенаМајкаКраљица со својот став а ус пат и свеќа ќе запалев за здравје и нивен долг живот.

    Срамота е тоа што се пишува овдека, па уште се вадат некои мислења на членката кои ги пишала по други теми за да се наруши нејзиниот кредибилитет и да се омаловажи нејзиното мислење или аверзија према овој чин. Тоа ти е нешто ко јас да се пожалам дека ме болат нозете а некој се убаци со мислење дека нема што сега да се жалам а во друга тема сум постирала слика дека сум купила штикли од 10 сантима. Кој ми е крив што носам штикли а после кукам ме болело.

    Темава не е За и Против доење, ниту пак изнесување аргументи зшто е добро доењето или зошто за некого е лошо доењето. Напротив темата е за свето ИСКУСТВО со истото без разлика дали е позитивно или негативно. Да, ИСКУСТВОТО може да биде негативно, исто како што за некого пораѓајот бил негативно искуство пропатен со болки маки и што тија знам.

    Ете јас кога сум читала низ темиве различни ИСКУСТВА со пораѓај ми се створил таков СТРАВ што ме водеше 9 месеци низ бременоста. Па тоа урлање, викање драмење скоро па како пред колење да е чин. А ете мене ИСКУСТВОТО со пораѓајот ми е препозитивно, малтене една болка и негативен момент не осетив, што не значи дека на некоја прокукана од истиот ќе и се правам ПреМајка и ќе ја омаловажам.

    Сите знаеме дека од доењето има најголеми бенефити, сите знаеме дека е најдобро да се дава домашно приготвена храна на децата, сите знаеме дека морето е добро за здравјето, ама тоа не значи дека ако некоја мајка дала купечка каша или го однела детето на езеро наместо на море е помалце мајка од поимот за ПреНајМајка на форумов.

    Лично, фала богу сум доволно созреана и пред се психички сигурна во себе да не дозволам коментари на Трпана и Петкана ме погодуваат без разлика за што станува збор. Во животот за се треба да имаш цврст став во кој пред си сам сигурен во него за да не ти влијаат мислењата на другите.

    Во животот секој од нас се соочува со секакви ситуации, некој е доволно зрел и стабилен да ги надмине сам а некој бара поддршка и утеха од другите. Не го гледам себе исполнувањето со тоа што некому ќе му тријам сол на глава како тоа јас сум преспособна и можам да направам нешто а ти не можеш/не сакаш/не се трудиш доволно. Па и да е така секој за себе одговара.

    На крајот од денот, на сите им е најбитно децата да им се здрави и прави а дали пиеле млеко од картон или млеко од цицка, дали јаделе јаболко наберено во свој двор или јаболко купено на пазар и не е толку битно.

    А за ПреНајМаките кои што со години уназад ги читам низ форумов низ разни теми кога уште не ми било во план ни како мисла дете да имам што да кажам пресвети божества сте на кои сите треба да се угледуваме и секој ден да се молиме на Севишниот да ни даде барем малце акал во главата за да можеме барем да поминеме покрај вас на улица без приота да не фати незгодно.
     
    На Anie93, mila89, ZAHRA и 10 други им се допаѓа ова.
  4. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    не се работи да се избришат, далеку од тоа. Доење и пораѓај, по мене, не се споредливи.
    Прво, затоа што болката не е иста. Второ, првото трае колку трае и завршува. Доењето е континуиран процес кој трае.

    Јас ме пишав дека рози ми цутаа на почеток. Баш напротив, како и секој почеток, напорно е. Мене овој пат баш ме болеше на едната града сигурно месец дена. Имав блистер и никако не минуваше. Кој имал, знае колку боли кога бебе ќе се закачи на цице (@Kitten). Ама не се откажав, не паѓав во трансови, леле боли. Боли и еден ден ќе мине, нема вечно да е. Лесно е да се откажеш.

    вовлечени брадавици имав и јас, сега да ми ги видиш ќе кажеш нема шанси. Јас никогаш не настапив со мисла дека мора да дојдам ексклузивно. Ниту ад ми беше нешто сташно.

    Покрај се, нема да се согласам дека доењето е хорор, затоа што не е. Природата не создала да доиме, како и секое друго живо суштество.
     
    На mal.ecka, simonka93, MilaSs12 и 5 други им се допаѓа ова.
  5. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.165
    Допаѓања:
    15.454
    Ако некоја доживеала хорор за време на пораѓај значи дека јас треба автоматски да се одлучам за царски рез? Тоа значи дека и мене и секоја втора/трета на форумов ја чека исто?
     
  6. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.221
    Допаѓања:
    18.965
    Не зборам за тоа дека се споредливи. И не е лесно да се откажеш, бар мене не ми беше лесно. Не верувам на ниедна да и било лесно да пресече и да се откаже.

    Ама болката е индивидуална секој има различен праг на толеранција.

    Муабетот беше да се замаскира фактот дека болело, дека можеш мастит да добиеш итн.
    Не гледам причина зошто да не се збори за тоа. И тоа е дел од доењето...секако не е за сите. На некои им е како по книга.
    Не. Токму и затоа нема зошто да не се збори за болка при доење. Не ги чека сите истото
    Инаку само да се едитирам. Царски не е полесниот начин
     
    На Mnik, Fallen.Angel, Snowflake97 и 2 други им се допаѓа ова.
  7. BlackNight

    BlackNight Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2016
    Пораки:
    1.269
    Допаѓања:
    5.520
    Пол:
    Женски
    Баш ме зачуди, на времето и јас се породив овде и многу, ама премногу се трудеа. За силиконски од нив научив, ми носеа стерилизирани силиконски нон стоп, ми кажаа од каде да купам, каква цуцла, абе се. Потпомагаа со декстроза, ме масираа, молзеа. Е, сега реално бевме многу малку родилки, се на се три бебенца се родија тој период. Памтам имаше една така построгичка сестра, ама мноогу упорна за доење и една убавка мила со плави очи, така некако пољубезна ми се чинеше:). Генерално бев задоволна, но проблемот со запушените канали дефинитивно и трајно ми го реши патронажната од Јане Сандански. Инаку, кога се вратив дома, буквално како да сум отишла на сосем друго место. Да знаете само какви лоши кошмари имав првиот месец дена, страв ми беше да заспијам и кога можев. Ужас. Паметам, првиот ден дојде вујна ми, ме гмечеше, стискаше, ме болеше, плачев, ревев до плафон. Мајка ми не можеше да ми помогне бидеќи јас не сум цицала, мноогу малку, ама не доволно за да ме подучи. Вујна ми, противник на АД уште толку анкс до небо, грижа на совест, братучетка ми иста таква, трврдокорен приврзаник на доењето по секоја цена. Се да било природно, така било најдобро небаре АД е отров. А, реално сите сме далеку од природното милиони светлосни години. Се пропагира природност од најголемите заговорници на природноста со посредство на најнеприродната ствар на светот, фејсбук, инстаграм, на најновиот модел на смартфон или таблет! За се ова беше свесен разумот, но тој ми беше поматен, напливите на вина одекнуваа како бомби во мојата напатена глава и уште толку штета трпеше и така ранливата психа. А ми привика некој, се расплакував ко детенце. И добивав коментари дека сум разгалена. Уште тој период и на тв ко за беља куп кампањи за поддршка на доењето.Кога ќе слушнев хвалоспеви од страна на некои мајќи се чувствував како лош родител. Nevermore!
     
    На Mnik, Fallen.Angel и Milkiway им се допаѓа ова.
  8. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    16.255
    Допаѓања:
    112.345
    Пол:
    Женски
    Ти автоматски можеш да направиш што сакаш. Одлуката е твоја и само твоја. И ако ти поминеш пренајлесно на природен секогаш ќе има некоја што ќе пишува дека поминала хорор. И да, и таа исто како тебе треба да си го каже СВОЕТО искуство :)
     
    На Fallen.Angel, Snowflake97 и BlackNight им се допаѓа ова.
  9. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.165
    Допаѓања:
    15.454
    Јас сум за тоа да се збори за се што се случува при доење, посебно за тешкотиите на почеток. Токму поради тоа што повеќето од нас сме отишле на пораѓај тотално неподготвени на оваа тема се случуваат фрустрациите, сомнежот во тоа дали можеме да успееме, плачките па и кревањето раце од сето тоа предвреме. Но да се споредува болка од разранети брадавици (која најчесто поминува со неколкупати мачкање со ланолин или слично или во полоши ситуации помагаат и силиконските брадавици) со болка за време на пораѓај нема смисла.

    Пак ќе кажам, не осудувам никој, зборам за моето искуство.
     
    На SuperGirl24 и BlackNight им се допаѓа ова.
  10. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    знам како е да си соочен со мислата за откажување. Со првата ќерка, после 40 дена, имав проблем и ме советуваа да прекинам. Знам кои мисли ми се вртеа, како барав начин ма продолжам. Така да, знам многу добро.
    Треба отворено да зборуваме за проблемите и предизвиците. Од друга страна, треба да сме самосвесни и самокритични кога ги изнесуваме гледиштата. Сплет на околности членката што ја отвори темата има пишувано и во други теми, па кај неа се гледа отсуството на Поддршка плус зачинето со притисок. Е тоа е хорор!


    И мајка ми акушерка да беше и да ме пораѓаше (еве не она, туку колективот каде работи) ќе имав екстра искуство. Некогаш ептен претерувате.
     
    На elimkd и MilaSs12 им се допаѓа ова.
  11. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.165
    Допаѓања:
    15.454
    Точно, се согласувам. Секое искуство е различно и затоа не треба да се прават споредби ниту пак да се водиме по тоа што некоја другарка/братучетка или сосетка поминала без разлика дали се работи за добро или лошо искуство.
     
    На BlackNight и fana им се допаѓа ова.
  12. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.195
    Пол:
    Женски
    Не е мазохизам Фана, тоа е баш она што некој поназад го нарече пожртвуваност. Си жртвувала многу работи за своето дете, да му дадеш на бебето она што сите знаеме дека е најдобро за него. Твое дете, не на комшијата. И тоа е тоа што е најважно, дека си дала се' од себе.
    Маките си ги кажуваме и во темата за доење. Сите тешки моменти што ги поминува една доилка можат да се прочитаат таму. Темава баш ја гледам како непотребна зашто сите знаеме колку е напорно доењето дури и на тие што им одело глатко. Сите имаме негативни искуства додека сме доеле но тоа не е причина да ги потенцираме дека целокупниот процес не вреди заради нив. Јас не познавам жена која немала воопшто болка при доење. Вие?

    Единствено нешто што многу ми паѓа во очи е тие што не успеале прв пат со доење (не сите), зошто се на став дека никогаш повторно не би се обиделе? Од негативните искуства се учи. Знаете ли дека матката и млечните жлезди се органи што памтат? Знаете ли дека со секое наредно дете се' е полесно? :)
    Пуштете негативните мисли нек одат низ вода.
     
    На cresa-jagoda, MilaSs12, Bella* и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.584
    Пол:
    Женски
    Дали озбилно...
    Мислев најголема глупост што можев од "совети " да прочитам/ слушам е БРАТКА во имињата на вашите деца тоа да ти имало поголемии...

    Негативни страни ,да има како и се во животот нели ?
    Но, тука има еден главен проблем. Сите викаат лесно е или ставај го повеќе на града итн ,никој баш никој не спомнува предизвици ,правилен фат, рагради ,отоци...
    Е мојот матичен гинеколог ме предупреди за мастит. Ми кажа да масирам ми кажа ако се жешки лист од зелка.
    Најголем проблем ми беа масажите болеа премногу млеко немав 5 дена. На 5 ден неколку капки ,нешто најнормално пак поради малку едукација не знаев дека така треба ,пак нервози. Ама упорна бев , бидејќи знаев дека САКАМ И МОРАМ ДА ДОЈАМ и не зошто Стојна ми рекла туку зошто јас така сакав.
    Пумпи земав само зошто бебето ми беше во болница а за да одржам морав да испумпувам откако се врати пумпица не сум фатила.
    И ,да. Доењето е жртва.
    Мајчинството е жртва.
    Ама не треба така. Таткото не е само за да го направи ,мора да е присутен во сѐ.
    А со самото тоа што сме решиле да бидеме родители мора да ни е јасно дека не може се да биде како што било посебно не во првата година.
    Нај негативни ми беа :
    - првиот скок ( два дена од мене не се одлепи само цицаше)
    - четвртиот скок (гладна плаче а не сака да цица)
    - едната града наа толкава ,другата без млеко бидејќи ја одби едноставно не сакаше да фати два и кусур месеци од неа ,пробав да вратам млеко неколку дена имаше па го снема пак.
    Ме утеши ја дека ќе се врати во нормала кога ќе прекине да цица па ќе видиме :)
    И кога некој ќе ми речеше да не немаш млеко :@:@ као да ок јас глупа сум гладна ќе ја оставам :rofl:


    Патем сите вие што не доите а не сакате да ве осудуваат кажете дојам :angel:
    Да не случајно дојдат да ве проверат :drunk::headbang::rofl::rofl:

    Инаку да сите прашуваат и стари жени и млади Чак и еден другар ме праша му кажав дека дојам и ми вика човече
    Ееј супер мојава крава со толкави Циц** ја болело нејќеше ;(
     
    На MilaSs12, SkarletOHara и kukla21 им се допаѓа ова.
  14. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    16.255
    Допаѓања:
    112.345
    Пол:
    Женски
    Не велам дека не би се обидела, бар не јас.
    Ама ако не оди, тоа од старт се гледа. После 30 дена пример јас да очекувам дека допрва ќе ми надојде млеко?
    Да не се лажеме, нема. Тука би престанале :)
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Филотеа

    Филотеа Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2019
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    1.093
    Пол:
    Женски
    Сакам само да ги охрабрам оние кои одлучиле да дојат. Не сакам да заземам страна ниту да осудувам, сосема е оправдано ако некоја реши да не го дои бебето заради x причини.
    Некаде 2-3 месец и јас бев чекор до откажување. Почетокот е тежок навистина, јас еве поминав и обуки за доење, читав многу на темата, но кога се породив и кога требаше да почнам да дојам ми беше претешко. Измешани емоции, baby blues, опоравување од царскиот, болни брадавици....и плус учев да дојам. Бебе нон стоп на града. Тоа ми беше несфатливо. Но јас бев решена дека ќе продолжам да го дојам. Бев исцрпена да, но со голема поддршка и разбирање од партнерот, го започнав тој пат кој еве скоро година дена трае. Доењето ми помогна да се поврзам со бебето. Сега веќе се намалија подоите, побрзо цица. Единствено тешко ми паѓаат ноќните будења, а и градите не можам да си ги поднесам...
    Разбирам дека средината влијае, но на крајот на денот, ние сами одлучиваме што е добро за нас и за нашето бебе и фала Богу што постојат двете опции во денешно време :)
     
    На mssuniquee, MilaSs12, Kitten и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. *katja*

    *katja* Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2016
    Пораки:
    420
    Допаѓања:
    955
    Може и да земаш апчиња за да престане млекото и после месец дена ако сакаш со малку (повеќе) труд и проф. помош пак да ти надојде млеко и само да го доиш бебето без ад. Прашањето е дали мајката сака, а не дали може. Науката и праксата велат дека може.
     
    На MilaSs12, SkarletOHara и Осе им се допаѓа ова.
  17. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.195
    Пол:
    Женски
    А зошто да не? Бебиња што се на комбинирано се исто така во предност поради блискоста и утехата што ја добиваат која е прилично важна исто колку и добивањето мајчино млеко. Зошто би му ја ускратила па макар да имаш малку млеко? Доењето не е само хранење.
    Инаку, многу мајки имале проблем на старт па им се регулирало млекото, макар и да мора да се дохранува детето до крај на доенечки стаж. Самиот старт не кажува многу, има и обратни ситуации, важно е да научиме да не грешиме како претходно, следниот пат да ги препознаеме ситуациите, да се информираме и трезвено да им пристапиме.
     
    На kukla21, MilaSs12 и SkarletOHara им се допаѓа ова.
  18. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.463
    Допаѓања:
    48.541
    Пол:
    Женски
    Ke si pustam solze od levoto oche na argumentov sto mi go iznese. Deka srekja nejze mesto mene ja secea, ona lezese vo bolnica mesto mene, nejze ja bockaa so uzasno bolnite kleksani u ramo.
    Mene me ladea so palmin list, dodeka se poragjav od edna strana me prskaa so kapki vodicka da bidam sveza a vo desna raka drzev koktel isto ko na plaza a ne na operaciona masa.
    Samo zatoa sto 70 godisna zena vo penzija nekogas rabotela tamu ne znaci deka me gledale kako Tito i radi toa imam pozitivno iskustvo. Naprotiv 3 dena po red u 6 sabajle izvesna sestra ne budese kreveti da sme si mestele deka vizita ke dosla radi nekoe glupo pravilo od vremeto ostanato, infuzijata mislam deka mi srasna u raka poso kao do 5 dena mozelo da stoi iglata niso strasno, ke se umocav u gaki poso nemase koj da mi ja izvadi istata za da otidam do wc a trpev moze saat vreme so celo isteceno sise vo mene. Na kraj pocna da mi se vrti kolku mi se mocase. Taka da ako aludirase na toa deka vrski nekoi mi fatil za da se porodam, valjda poise ke me tintraa namesto da placam za mocanje.

    Ali okej znam deka e tesko da se prifati porazlicnoto od naseto.
    Ama ne se sekiraj ne sum pogolem covek od tebe samo zatoa sto ne me bolela ranata ili odma sum bila na noga koga sum dosla doma.
    Od druga strana maloto prste ko ke si go udram u masa placam beter od bebe.
     
    На Осе и Fallen.Angel им се допаѓа ова.
  19. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.892
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
    Негативни страни на доењето нема и не може да има, за жал кај многу тазе мајки има фрустрирачки и крајно депресивни моменти додека се воспостави доењето.

    И мојата приказна не почна глатко затоа што мојата ќерка се роди предвреме во 36 та недела и со жолтица, млеко имав ама таа немаше сила и знаеше да виси по цел ден на града што воопшто не ми беше тешко затоа што во тој период и само тоа ми беше обврска. Поради тоа што беше порано родена од болница не испуштија со насоки за доење со комбинирано АД.
    Грешката што ја направив не си ја простувам затоа што од околината викаа мајка не давај ад доењето е природно не и треба бла бла ќе се одвикне од града, а педијатарот ми велеше дека ќе дојдеме до ексклузивно доење (затоа што она од прв момент е страсен цицач) ама првиот месец два мора да е на комбинирано за да дојдеме на рамниште со термински родените. Епа јас читајќи така совети од форум и групи не послушав и ја тргнав дохраната, недела време по цел ден и ноќ на цицка и на мерење се покажа дека не напреднала ни грам, среќа бар не намали. Тогаш тргнав совети од сите и слушав само педијатар и одлично напредуваше и цицаше, па некаде на 4 месеци ја тргнавме дохраната, и цицаше некаде пред годинка кога и сама се одби.

    Така да би рекла дека не треба да делите совети од типот дека секој може да дои, не секој не може и да некогаш има потреба од дохрана, не се расфрлајте со совети кога не сте педијатар што го прати бебето. Тоа се работите што и ствараат чуство на вина, неуспех и депресија на младите мајки..
     
    На Spidy, mssuniquee и mal.ecka им се допаѓа ова.
  20. Bella*

    Bella* Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2018
    Пораки:
    2.344
    Допаѓања:
    14.624
    Пол:
    Женски
    боже господе :rofl::rofl::rofl::rofl::rofl:
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.