1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Негативни работи во домот

Дискусија во 'Дом' започната од Oki777, 20 септември 2013.

  1. Oki777

    Oki777 Активен член

    Се зачлени на:
    18 јули 2013
    Пораки:
    86
    Допаѓања:
    5
    Здраво феминки! Денеска многу размислував за нешто па би сакала да го споделам со вас и да го слушнам вашето мислење. Во последно време во нашата куќа почнаа да владеат само негативни работи, денеска сфатив со еден збор кажано дека се почна да се уништува. Многу честа појава станаа пајажините, многу работи се искршија како на пример столици, врати од регал, огледала... се расипа машината за перење алишта.. Може да се каже дека е тоа се последици од наша негрижа и невнимание, но сепак мислам дека има нешто повеќе затоа што сето тоа почна да се случува некако многу брзо и последователно. Се чувствувам како да се ближи крајот на нашиот дом, не само на предметите во домот туку и на сите финансии. Ве молам за вашето мислење, се надевам дека добро ја доловив ситуацијата. :(
     
  2. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.557
    Чудно...

    за да пајажините не се честа појава, ќе чистите почесто и кога ке чистите не ги трескајте столиците, туку лесно и полека премсетете ги. И проверете машината за перење кога е купена и дали има гаранција.
    Ова малку да се нашалиме
    Незнам што да ти кажам, мислам дека тоа ти е само психа. Ако не е, тогаш викнете некој поп нека ви почади дома (како што прават пред велигден), а ако и тоа не успее, тогаш време е за реновирање по дома.
    Мила секаде има по некој тежок период, но само затоа што има по некоја пајажина и што се скршила некоја столица, па и машината нешто се зезнала, незначи дека иде олуја и дека ке ви прекинат финансиите. Е ако купувате ново, малку ке си подскратите од другите задоволства :D
    Безпотребно се секираш.
    ах да
    јас нема недела да не скршам по некој филџан, ама затоа редовно ми се паѓаат на браво кафе од 200грама
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    Чудно...

    И кај нас има пајаци оваа година почесто незнам што е работата насекаде ги има.
     
  4. monnii-4

    monnii-4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2011
    Пораки:
    130
    Допаѓања:
    60
    Чудно...

    Кај мене полошо. Истовремено се запалија ѕвончето, телевизорот и шпоретот, не знаев по што побрзо да трчам.
     
  5. midnight.flower

    midnight.flower Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    541
    Допаѓања:
    1.050
    Чудно...

    По осигурувачот мила! Веројатно се работи за електричен спој, повикај си електричар да ти ја провери инсталацијата.

    Дајте ве молам без параноја. Предметите и апаратите си имаат рок на траење (во последно време за електричните апарати тоа е еднакво на гарантниот рок). Не е никаква најава на голема несреќа ако се расипат во ист период (можеби се во ист период купени, на пример столовите, сигурно се во комплет купени). А пајаците, што да ви кажам. Минатата зима не беше многу студена, затоа оваа пролет/лето имавме зголемен број на инсекти. Имавме и комарци кои на сред бел ден летаа и касаа.

    Ништо страшно. Растргнете ги црните мисли од глава.

    А и насловов на темава... :^)
     
  6. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.473
    Чудно...

    Пајажината кажува дека може треба место да пишуваш по форуми, да си го кренеш газето и малце почесто да си чистиш. :) Тоа што секоја недела кршиш по нешто не е ни каспер ни магија, туку твоја трапавост или отсутност. А тоа што се осеќаш како да ти пропаѓа домот е зашто сте прекинале да вложувате во него.

    П.С. Провери си ги осигурачите дома и посвети се малце на домот. Поз
     
  7. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.193
    Допаѓања:
    123.819
    Чудно...

    Изгледа мислиш на негативна енергија во твојот дом па се оди надолу.
    Направи ти позитивна атмосфера. пушти убава музика, смени прекривачи во светли бои, пушти сонце, купи нови шолји, стави цвеќе у дневна и се ќе тргне на арно.
     
    На BubbleBum94, zhap4e и joy1 им се допаѓа ова.
  8. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.473
    Чудно...

    и ко за промена...дај му на маж ти :D
     
    На Bozica1980 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.557
    Чудно...

    хахахахахахаххахаххахахахахаххахахаххахахха
    леле ке ме задавеше со кафенцето мори жено на душа ке ме носиш хаххаха
     
    На DigY му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Oki777

    Oki777 Активен член

    Се зачлени на:
    18 јули 2013
    Пораки:
    86
    Допаѓања:
    5
    Чудно...

    Благодарам многу сепак требало пореално да погледнам на работите. Инаку не сум мажена, имам 20 години. :D
     
  11. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.461
    Допаѓања:
    39.664
    Пол:
    Женски
    Чудно...

    Ова кај мене се случува, кога почнува да се распипува се се расипува. Нормално ми стана мене тоа :D
    Пајажините сигурно се или високо негде па не ги фаќате кога чистите.
     
  12. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.706
    Пол:
    Женски
    Ајде што негативно е ако има пајажини, па колку и да чистиш секаде има ништо страшно :D негативно е ако има расправии,тепачки низ дома а не пајажини или пукнала сијалица, е смени ја де големо чудо, има посериозни работи кои се негативни а не извалкано ми ед не чистам и ај негативни работи имам низ дома :D
     
  13. Oki777

    Oki777 Активен член

    Се зачлени на:
    18 јули 2013
    Пораки:
    86
    Допаѓања:
    5
    Кај мене и расправии и тепачки, од се по нешто има. . . Не знам до кога ќе биде вака, блиску до дното сме, се плашам да не го допреме.
     
  14. rainlover

    rainlover Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    969
    Допаѓања:
    632
    Негативни работи во домот, хмм :^)

    Прво мајка ми почина, па јас и сопругот расправии до расправии скоро до развод, па ајде татко ми имаше несреќа - последица огромни изгореници, па ајде брат ми чир, операција и месец дена болки, преврски, доктори, па ајде дедо ми почина, син ми повеќе е болен отколку здрав, јас сум на раб на нервен слом ( да да не е ова колку да го кажам и да ми олесни, чувствувам дека се поблиску сум до денот кога ќе го доживеам), кавгите со сопругот се подзасмирени ама на штрек сум нон - стоп :!:
    Сето ова ми се случува последните 3-4 години.

    И сега што подрабирате под негативни работи во домот.
    Пајажините кои секоја сабота ги барам со прашкото во раце, троседот за чиј механизам дадовме 3 по 3000 ден. за да го смениме, казанчето на вц шолјата кое дебело го плативме, а нема 2 години и се расипа, или тоа што комсиите двапати не поплавуваа откако станот комплетно го реновиравме и средивме од под до плафон или сите болести, изгореници и смртни случаи кои претходно ги споменав.

    Изгледа некој сака да прави од мравка - слон :wasntme:
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Oki777

    Oki777 Активен член

    Се зачлени на:
    18 јули 2013
    Пораки:
    86
    Допаѓања:
    5
    Ве разбирам, но јас имам 19 години, затоа реков дека се уште го немаме допрено дното, среќна сум што имаме покрив над лавата и топла постела, меѓутоа до сега се било во ред и сега неднаш почна се да се руши да речам, јас со 19 години имам многу работи преживеано дома. Навистина сочуствувам со тебе и се надевам дека се ќе се среди, сите болести доагаат од нервози и од недостаток на љубов, жалам што ви е таков животот, дај боже да се промени се на подобро. Многу љубов до вас!
     
  16. rainlover

    rainlover Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    969
    Допаѓања:
    632
    Јас добар дел од работите што ги набројав ги преживеав на твоја возраст, не сум толку стара 24 години сум :)
     
  17. Oki777

    Oki777 Активен член

    Се зачлени на:
    18 јули 2013
    Пораки:
    86
    Допаѓања:
    5
    Според ова што сте го преживеале мислев дека имате повеќе од 30 години о.О И се уште ен можам да го сфатам тоа зошто некој живеее среќно а некој има купишта проблеми и не може да сврзе крај со крај.
     
  18. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.358
    Допаѓања:
    21.331
    Пол:
    Женски
    Оф мори мајко. кога го прочитав насловот помислив демек што не ви се свиѓа во домот како е уредено. па демек негативно и не функционално. Работава е кој кај го чеша :rofl:
    Инаку во духови и магии не верувам. Едноставно работи и апарати се расипуваат, се кршат, несреќи се случуваат, луѓе се расправаат, а меѓу овие работи се случуваат и убави нешта... да тоа е животот предизвик до предизвик.
     
    На joy1 и midnight.flower им се допаѓа ова.
  19. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    :!: Јас би предложила осветување на домот и кадење 2 пати неделно со тамјан заради мавање на негативни сили од домот и обавезно миење со крстена вода во тилот еднаш на ден затоа што таму напаѓаат негативните енергии кај човекот.

    Реченицава е врв, ако некој даде точен одговор ќе го частам пиво :beer:
    Мислиш дека ако некој има пари, кола или незнам што е среќен?!?! Нека се јави среќникот на рапорт. Животот е полн со предизвици и твое е дали ќе ги прифатиш или не, дали ќе се избориш за нешто или не. Мавни од глава тие црни мисли и прочитај некоја книга.

    И да, сега ми текна, знаеш дека скршени чаши, шољи и сл. не се чуваат по дома :!: носат несреќа и одшиени копчиња од јакни, палта, кошули и др. значи дека ќе немаш пари па брзо сошиј ги. Кај го прочитав ова ? :smirk:
     
  20. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.781
    Допаѓања:
    4.395
    Пол:
    Машки
    Како мајка ми да ја читам :)) . Само што кај нас и глувче ни влезе. :)) А баба ми и` вика: по нив нека оди, ние да сме живи и здрави. :D
    Де бре, ништо страшно таков период. Најверојатно проблем е промената на временските услови.
     
    На Witchman му/ѝ се допаѓа ова.