"Oki777" Бизнис е тоа. Пералната на свекрвата ако не ми беше врсник(30+) па те, ама така ги правеа порано, да траат, не да се трошат. А кај мене за десетина години од фабрички нови, не на старо или затечено, имам превртено неколку негативни ствари низ дома, цркнати до нема спас а не за модернизација. Моментално ситуацијата е ваква: Телевизор број 3. Перална број 2 Греач на фурна, број 3. Фриждер и замрзнувач, број 2. Бојлер број 2. Чаши како што сум пипава, питај бога колку се. Пајажини, од септември почнат, па ако не ги ни докачам, таман за Халуин готови се декорациите. Епа не, ќе им плачам!
Кога немаш никакви грижи, посебно не финансиски, ако се расипе бојлер едноставно купуваш нов и тоа со мерак, ќе се подновиш. Ако се скрши вратничка некоја ја поправаш. Ако има пајажини едноставно чистиш Ама кога си оптоварен со се и сешто па на сета и финансии ти фалат, тогаш и нокт да ти се скрши се нервираш и го прашуваш Бога -зоштооо? Домот трпи од вашата негативност, не Вие од неговата..
На некој можеби ова му е претеризам ама јас потполно ја сваќам девојката истото се случува и кај мене дома дали е период или нешто друго незнам само некој кавги сите нервозни дома само се придерват од влакно руно се прави целиот дом е со преполна негативна енергија братми само се жали ова ме боли она ме боли, може неможи да се опиши со зборови но сето тоа се чуствива и човек се загрижва...
Секој со свое мислење, некоја ќе се пронајде, некој ќе ме сфати, некој не. Само се надевам дека на подобро ќе тргнат работите.
Потполно те разбирам. И кај мене е така. Во рок од еден месец се расипаа-телевизор и фрижидер. Мислам дека причина е немарноста за апаратите или дотраност. Инаку за пајажини и такви ствари.Па ги има секаде пајажините,колку и да се чисте,како и прашината. Ништо страшно,мислам нормални појави се тоа. А за негативната енергија во домот.За тоа придонесуваат сите членови на семејството. Најчеста причина за тензични ситуации-се финансиските проблеми. Конкретно кај мене барем е така. што е тука е.На нас останува да се бореме за подобро утре,за подобро утре и за најблиските. Не сум оптимисти во принцип.Но би сакала работите да се сменат на подобро. Верувај и ти во тоа.А покрај вербата,и дејствувај!
Дали често поткадувате дома ?!,мене полесно ми е можам мирно да спијам, а овие денови се негативнии мисли ме "тепаа" сега мн е поарно.. А за кршење секоја ден по 2 чаши кршам и тоа баш од новиот сервис..или на миење или на раскревање..
Јас немам проблеми со кршењето садови,чинии... јас себе се кршам (удирам во елементи,врати) Се касапам со нож, ренде..задолжително! Се запекувам на рерна,рингла... Нормални работи Единствено негативно нешто во куќата е телевизорот. Гледам поретко да го вклучувам, демек да се поштедам,ама...оно, сé што избегаваш на тв во денешно време го имаш на фб зилион пати посилно, „помоќно“ Кога се осеќа човек лошо..баш..генералка, промена на постелнини, изгланцан паркет, прозори...завеси испрани,цвеќиња навадени,бришнати листиња - да мириса на убаво. Нервози.. само детаљно рибање на плочки во купатило и кујна или прибирање во кеси и кинење на стари белешки, весници, фотокопии,принтани материјали...флаери од што не (пошто,што не збирам..ќе ми се најде за нешто. Какопадане)