1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Нега на гради

Дискусија во 'Тело' започната од ForeverYoung, 22 јуни 2010.

  1. ForeverYoung

    ForeverYoung Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    644
    Допаѓања:
    1.888
    Како вие ги негувате вашите гради?Дали користете некои козметички средства за нега?
    Имам слушнато дека доста корисна била хидротерапијата т.е. туширање на градите наизменично со топла и ладна вода,со што се зголемува циркулацијата.Па споделете ваши искуства за поцврсти и поубави гради :)
     
  2. Mandarinna88

    Mandarinna88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2010
    Пораки:
    218
    Допаѓања:
    116
    Имам гради со средно- мала големина.
    Ги негувам со тоа што ги масирам често со:
    - млеко за тело;
    - уље од невен;
    .. не практикувам топло-ладен туш.. Сум пробала со ладна вода, ама не можам да издржам многу ладно на гради. :D :D онака млака вода. Интересно ми е само кога тушот ќе го одалечам малку онака млазот да го осеќам појак и така убаво ми ги масира (не знам баш дали е здраво, ама до сега не сум имала проблем) .. :|
    Не спијам со прслуче ни со беби-дол.. Преку ден прслуче носам само кога сум излезена, а по дома беби-дол.. ;)
     
  3. bluberry

    bluberry Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    1.114
    Допаѓања:
    341
    добро,не ми е јасно зошто не е добро да се носи градник ноќно време :wasntme:
     
  4. Go-Girl

    Go-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    3.712
    Допаѓања:
    3.988
    па штознам, некоја посебна нега немам, кога се туширам како целото тело така и градите ги бањам :lol:
    иначе немам нешто многу со што да се пофалам, па си носам пуш-ап градници и обично кога сум дома не носам воопшто, се разбира ако не е прѕирна маичката....и за спиење не носам ми смета повеќе од што ми користи и ме боцка ми се изместува....ама за надвор од дома нормално си носам обавезно или гости ако имам дома срамота е без градник да седам :rofl:
    само имам слушнато, а незнам колку е точно дека носењето градник ги омекнува градите, затоа што им дава вештачка потпора за држење, а без градник се зацврстувале :^)
    јас немам баш што да зацврстувам и омекнувам па од практични причини и удобност пред се го соблекувам за по дома и за спиење :D
     
  5. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.852
    Пол:
    Женски
    E па не е препорачливо да се носи градник за спиење поради тоа што ги стега одоздола и ги надразнува вените и жлездите. Не ви е некомотно кога спиете со стеги? Не ве боли? Мене ме нервира, и јас како Гоу-Грл не носам освен кога морам, имам големки гради, ама не ми се воопшто спуштени(фала му на бога :lol: ) и немам потреба да се стегам нонстоп.
    За друга нега, посебни рутини немам, понекогаш се туширам со ладна вода, млазот на нив директно, бррр, ама после што убави се тркалезни :$ :lol: и ги мачкам со млеко бекутан. Тоа дефинитивно ми е најубаво за секаде по телото. Инаку, во лето, редовно на деколтето ставам крем со спф, и кога ќе добијам убав тен, ммм, мора да се штитат од сонцето :!:
    Значи јас би ви препорачала да не носите градник нонстоп.
     
  6. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Некои тертипи посебно баш и немам. Кога се туширам по кожата кај градите поминувам со гелот за туширање и не ги плакнам со топла, туку со така млакичка вода (не можам многу топло). После тоа со лосион или крем за тело и тоа би било тоа. Некогаш во тој предел ми се прават гнојарчиња, но имам една посебна маст и ги мачкам со неа па се повлекуваат. За градник, носам нон-стоп (барем во лето). Немам воопшто големи гради (за мене со задоволителна големина), ама не можам без градник. И воопшто не ми пречи кога спијам. Напротив - ми ги чува спастрени :lol: Спијам на стомак, па ако немам градник ми се плескаат :$ :lol: и ме болат :D
     
  7. renata77

    renata77 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2009
    Пораки:
    1.733
    Допаѓања:
    8.092
    Пол:
    Женски
    Исто.Ми се чини дека го вадам градникот само кога се туширам.Сум пробала да спијам така,ама исто како и Хипица,се покажа невозможно.А и воопшто не ги чувствувам затегнати кога носам градник,баш многу поудобно ми е со него.
     
  8. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    Јас само ќе ви кажам дека не е добро цело време да се носи градник...Кога излегувате да ама кога сте дома посебно за спиење не треба да се носи.
     
  9. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.097
    Допаѓања:
    4.451
    Пол:
    Женски
    Убаво е при бањање со насапунети дланки, со кружни движења да се масираат и воедно да се следат промените на градите. Исто може и после бањање со млеко за тело.
     
  10. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.223
    Имам многу големи гради и тоа понекогаш ми претставува проблем! Никогаш не сум спиела со градник и можеби затоа ми израстија толку :lol: :lol: Поради таа големина не можам да носам градник и најубаво ми е беби дол! Градник носам само кога излегувам. Но ми се прават ранички под градите затоа што ми се многу тешки и не знам што да ги мачам. Ми рекоја со павловиќева маст да ги мачкам ама не гледам нешто поинкау, ги мачкам и со крем за тело ама... :worried: :worried: Веќе ми се појавија и линии на едната града, многу сум загрижена за градите, не можам веќе да ги контролирам! :sweat: :sweat:
     
    На maa му/ѝ се допаѓа ова.
  11. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Немам некоја посебна нега, а би требало да имам. Единствено после туширање кога се мачкам со млеко за тело, со кружни движења се масирам за да се проверам.
    По дома не носам градник, само кога излегувам. Инаку мислам дека е неопхдно носењето градник за оформување на градите.
     
  12. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.752
    Допаѓања:
    65.216
    Пол:
    Женски
    Воопшто не е здраво да се носи градник нон стоп. Со носење на градник повеќе од дванаесет часа се зголемувале шансите за рак на дојката, според некое истражување. Јас по дома не носам никогаш. Порано исто носев нон стоп, ама откако прочитав, се откажав.
     
  13. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.086
    Пол:
    Женски
    НЕ за градникот слобода за градите !
    само кога се мора ..на излегување :D
     
    На КикиМаус, Rock-a-Fella и Ket.Rin им се допаѓа ова.
  14. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    да , знам дека не е убаво да се носи постојано. Инаку во фаза на пубертет, додека уште растат, за тогаш е пожелно да се носи(нормлано не и во спиење) за да се оформат.


    имаше ваква група на ФБ. :D
     
  15. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.752
    Допаѓања:
    65.216
    Пол:
    Женски
    За оформување на градите нормално дека треба да се носи, ама не е воопшто препорачливо да се носи 24 часа. Мене истото ми го кажа докторот кога бев во болница.
     
  16. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.297
    Пол:
    Женски
    И јас не носам градник нон стоп. Само кога излегувам. Си ги пуштам слободно, па не може по цел ден да се стегам. Не можам да ги разберам тие што спијат со градник, како не ги жуља :^)
    Инаку посебна нега не, креми за гради не сум купила никогаш... со обично млеко за тело после туширање, малку масажа и тоа.
     
  17. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.893
    леле и јас имам ист проблем,не можам да си најдам градник,и и јас имам црти под градите :( да ги мачкам со павловичева?
     
  18. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    ^^
    мајка ми користеше една крема од Орифлејм , за зацврстување од градите. Линиите малку од малку изчеснаа, ама не дека многу и се зацврстија :lol:
    Инаку има неколку вежби за зацврстување на градите, ако не ве мрзи побарајте ги на нет.
     
  19. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.223
    Мачкај ги волфче ама не знам колку ќе ти помогне! :worried: Мене ми препорача една комшика и таа има големи гради, вели и помогнало, јас пробав ама сум нетрпелива! А за градник, не зборувај! Никогаш не сум нашла како што треба! Па и не можеш да си купиш некој убав и секси, се мали бројчиња! За мене никогаш нема! :( :devil:
     
  20. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.732
    Допаѓања:
    5.151
    Да можам и за туширање би носела градник. Значи не го слекувам од на мене, го носам нон стоп. Ми се чини ако не носам градник и сите ќе ме гледаат во градите и ќе ме направат ненормална :D