Еј таман дојдов во темава за да прашам за ова. Еднаш на јутјуб гледав една Азијка, абе бела како млеко беше под пазуви. И јас цели 10 минути гледав и зјапав, надевајќи се на тајната за таквата кожа и ми ја направи големата - не и растеле влакна, затоа и била така бела кожата. Другпат па гледав се триеја со лимон, ама одоздола имаше коментар дека секоја блуза што ќе се носела отпосле, дури и по 2-3 дена, се уништувала. Ако знае некој, нека каже обавезно, матура имам за 5 дена.
zdravo, imam crvenilo pod pazuvite neznam dali mi se pojavuva od bricot ili od nekoj antiperspirant, i sega se mackam so sto kremi i ne mi pominuva, ke ve molam za pomos. pozdrav [mod-kirilica:1si0f1md][/mod-kirilica:1si0f1md]
и јас утре к еги депилирам пазувите с овосок...боли ли ?а ти одиш на козметичар или сама дома се депилираш
паа обично одам на козметичар, а во ретки случаи го правам тоа и дома...иначе боли малку, но се навикнуваш со тек на време и не осеќаш болка
Колку што знам е штетно да се депилираш под пазуви, но вие си знаете... Инаку користам брич и Рексона стик, не би ја менувала за ништо.
До сега само со брич,за понатака ќе размислам А од дезодоранси Нивеата со години веќе си ја користам.Моментално го имам овој
исто и јас, нега како нега, мора да се има ни мене не ми е посебна, но супер терам така. а секојдневно се знае, стик, дезедоранс.. колку да држи свежина
девојки многу се потам под пазувите.... користев рексона дезедоранс но ништо не помага :// кажете решение
Ништо посебно не им правам. Редовно ги бричам, после ги мачкам во зависност со тоа што го мачкам и телото, дал со лусион или бебешко уље и на крај ставам дезодоранс против потење. (Рексона и сл.)
Епа ако ми треба за нешто итно,ги бричам,а ако ми е за некој ден тогаш со вит крема под мишки,и после тоа си ставам дезодоранс.. е глупо е шо се повеќе растат,ама мала сум за восок ,несаакам да пробувам.
Мала си на 26 години Се издаде Иначе нема врска возраста, чим веќе ги отстрануваш некако. И ако планираш некогаш со восок да почнеш, подобро е порано додека не ти се згуснале ептен од бричењето.
немам 26 години,ова беше профил на мајка ми,мислам ни она нема 26 само така тропнала години,и јас и го џапнав профилот имам 14 години иначе незнам дали да пробувам со восок..:/
Ерогена зона? Инаку јас влакната ги отстранувам со депилатор и со восок чат-пат. Често користам стик.
Како сакаш, некои викаат дека депилирање на пазуви е лошо поради жлездичките кои се таму, но е многу похигиенски и мн мн поретки растат. Со восок немам пробано, но со депилатор да и боли стварно, не е дека е некоја мала болка, барем првиот пат онака стискаш заби И после тоа еден ден ми се мене пазувите црвени и малце отечени и гледам да избегнувам стикови и дезодоранси, ставам само бебешка пудра. Но со секој нареден пат е се помала болката. Исто ако ти се раскрварат неколку не се секирај, на тоа место веќе нема да порасне влакно бидејќи се уништува фоликулот. Ако пробуваш сепак препорачувам некој друг да те депилира бидејќи е малце незгодно место. Пробај еднаш па ќе си видиш дали можеш да трпиш болка и каков ќе биде ефектот. Поздрав
Секој ден ,при туширање ги бричам пазувите. Користам гел,оној истиот што се туширам со него. После тоа ставам Нивеа дезодоранс, оној што наводно ги негува по бричење. Ама пак,кожата ми е надразнета, темна под пазувите. Како дополнително да ја негувам? И да не биде темна во тој дел.