Стави бебешка пудра, би требало да се повлечат. Инаку мене црвени топчиња ми се појавуваа од ставање на дезодоранс после бричење, така да во иднина( ако порано си ставала ) пробај да не ставаш дезодоранс веднаш, па би требало да не ти се појавуваат.
Ги бричам или со крема за депилација,ако тоа спаѓа во нега.Ролонче или пак стикче и дезодоранс и ајт готово е. Инаку девојки совет: -Немојте да ставате дезодоранс веднаш после бричење,затоа што и болит,а и после тоа се појауваат мозолчиња.
јас никогаш во животот не сум се потела и од кога се здебелив многу се потам и џабе и дездоранс ставам одма ба блузата осетам и миризба како да не сум ставила ништо и се измеша со дездорансот. зошто така што да направам
Исто и јас ставам ама имам слушнато да се стави сода бикрабона во шише и вода и некое миризливо масло и така немало да мириса нели сода бикарбоната е акална а бактериите во аклна средина умираат.
Вообичаеното како сите. Бричење за време на туширањето. Порано тој дел ми беше надразнет доста и потемен, но откако почнав за време на туширањето нежно да го масирам со сунѓер, немам таков проблем. И секако, задолжително антиперспирант- Нивеа.
Брич, гел за туширање и дезодоранс Иначе имам едно прашање.. Што да правам за да ми биде побела кожата таму, бидејќи приметив дека ми потемнила ?
И јас кога се бричев ми имаше потемнето кожата, од кога почнав да се депилирам си се нормализираше. Пред некој ден прочитав за осветлување на потемнети делови од кожата (конкретно за лакти и колена беше) дека се прави смеса од лимон и шеќер и еднаш неделно со нејзе се масира местото т.е. се прави пилинг...
Смени го антипреспирантот, има некоја состојка во него што ја прави потемна кожата, а некогаш и од бричењето се јавува. Направи пилинг на местото. а можеш да пробаш и со сода бикарбона или лимонов сок.
Мене после бричење ми се појавуваат бубулици и многу ме чеша. Сум пробала си павловичева со крем бекутан ама не ми помага. Само го намалуваат чешањето а бубулиците остануваат и незнам што да правам?
Јас си се навикнав во ленти и си немам грижи. Пред тоа со брич си ги средував пазувите, ама многу брзо ми растеа и ме боцкаа. Користам рол он Нивеа
Доколку не користиш, пробај да нанесеш некој благ бебешки шампон пред да ги избричиш пазувите, да омекне кожата убаво. Можеби кожата ти е премногу чувствителна поради тоа што е сува. Посети дерматолог, тој сигурно ќе ти препорача нешто за да се реши проблемот. *** Он топик, за пазувите користам бикче, затоа што со ленти за депилација ми е малку ризично. Тоа место е доста чувствително за такви груби потези не сакам да си направам беља. А проблем со потемнување на кожата немам и никогаш сум немала. Користам гарниер ролонче...