1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Нега на папоче кај новороденче

Дискусија во 'Бебе' започната од NoellePage, 9 октомври 2012.

  1. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    Мамички, како се грижите за папучето на вашите најмили? На моето бебе уште не му е паднато, имаме 5 дена, скоро му е исушено. Е сега малкуцка знае непријатно да мириса. Прво се замислив дали е во ред, и ми кажаа се е во ред додека не почне да потекува и да менува боја. Ама од кога ќе падне, на што да се обрне внимание? И за време и после капење?
     
  2. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.121
    Јас откако и падна папочето, а и падна релативно брзо после 5 дена некаде, после бањање убаво со газичка внимавав да не остане вода во папочето и ставав дерматол прашаче по совет на патронажната сестра. Така правев едно недела дена, но папочето супер си беше заздравено и сметав дека нема потреба да продолжам. Понатаму само внимавав да не и останува вода во папочето.
     
    На NoellePage му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    Кај ќерка ми падна после 15 дена, а до тогаш ја бањавме само со протечна вода (под туш), без никакви купки и слични работи.
    Ние не и` стававме ништо, само после бањање треба убаво да се истапка местото, да не остане влага, оти таа после смирисува, затоа што се затвора нели стомачето со облека, па не дише.
     
    На NoellePage му/ѝ се допаѓа ова.
  4. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.750
    Пол:
    Женски
    Јас после бањање го бришев убаво со стапче за уши и по препорака на патронажната го забришував со 97% алкохол. Но бидејќи на ќерка ми многу брзо и падна 3-4 ден одкако дојдовме дома многу малку сум ја пребришувала :) Потоа уште 1-2 недели и го бришев само со стапче и потоа продолжив со пешкир. За син ми мислам дека ставав прашак бивацин,ама некако не ми текнува баш :?:
     
    На NoellePage му/ѝ се допаѓа ова.
  5. SuNsHiNe989

    SuNsHiNe989 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2012
    Пораки:
    258
    Допаѓања:
    201
    На син ми му падна уште во болница на 4 тиот ден после дома си продолживме со негата знам дека уше една недела му го бришев со алкохол и му ставав бивацин прашок .
     
    На NoellePage му/ѝ се допаѓа ова.
  6. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.541
    Допаѓања:
    95.412
    Пол:
    Женски
    Внука ми сама си го истегна, на бањање. Дотогаш ја пребришуваа со алкохол и и ставаа еден жолт прашок, ко кари личи, веројатно е тој Дерматол. Проблем никаков немаше. Многу е полесно со летните бебиња, имаш време да ги пребришеш убаво, да ги средиш, овие зимурливите ќе смрзнат додека ги средиш :lol:
     
  7. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.390
    И нас бргу ни падна, мислам дека за 4-5 дена самото си падна јас воопшто не го чепкав , само кога ќе ја избањав го бришев убаво да нема вода нели и за некој ден само си падна остана уште малку и вчера патронажната го исчисти со алхохол и рече дека нема потреба веќе ништо да ставаме само да се брише убаво после бањање..
     
    На flawless. му/ѝ се допаѓа ова.
  8. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.750
    Пол:
    Женски
    Морам да се поправам 70% алкохол!!! извинете за грешката
     
  9. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    Сега гледам дека за малкуцка му виси и кај и да е на 6 ден ќе му падне. Утре сме на прва посета на доктор, па ќе видиме како ќе поминеме. И радост голема кога ќе му падна да не се мачи така непријатно низ пелените да се трие.
     
  10. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.419
    Допаѓања:
    33.994
    Пол:
    Женски
    Кај нас папчето падна на 7от ден :)
    и верувале или не ама бебчето од болница како го избањаа , ние дома со мм не го избањкавме после чекавме мајками од Мк да дојде за да го избања :x :x
    за Срам сме биле
    Иначе си падна папчето , го избањавме бебето .
    Еден ден имаше малцее крв , ама се засуши и немавме некој проблем , пазевме да не го натопуваме само :)
     
  11. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.541
    Допаѓања:
    95.412
    Пол:
    Женски
    Подвиткај му ја памперсот кај што е папчето или едноставно стави газичка само преку па потоа памперсот, чисто за да не се трие од памперсот. Ама чим виси на конче до утре ќе го нема, можеби и на лекар ќе го извадат. Потоа само хигиена и готово.
    Леле не ве фати мерак да ја избањкате? Тоа е кога сте млади и ништо не знаете, така беа и сестра ми со малата, јас сум таква, храбра, понекогаш и глупости правам ама не пуштам на времето.
     
  12. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.419
    Допаѓања:
    33.994
    Пол:
    Женски
    Јас од пусти страв такво мало бебуле да го бањам ... а и плус ја чекавме бабицата да дојде и да ни покаже :^)
    јас до тогаш новороденче не сум бањала , па ми беше страв некако да не го повредам и то :$ Абе прво бебе
    а плус мајками патронажна сестра нејзина работа е секој ден со бебчиња бањање
    И подсвесно нејзе со душа ја чекав да ми покаже и да ми помогне околу бебето :)
     
  13. love23

    love23 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    716
    Допаѓања:
    913
    Јас сама ја бањав ќерками од првиот ден со помош на мајками т.е она ми полеваше вода и толку, а папачето му пада уште во болница кога бевме но и кога се вративме дома секој дем му го премачкував и тоа.
     
  14. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.337
    Допаѓања:
    51.761
    Пол:
    Женски
    Нека ти е честито бебенцето Noellepage, добредојде во клубот на мамички.
    На моето бебе папочето му падна дури после 2 недели. При бањање треба да внимаваш да не го наводениш. Колку го влажнеш папочето толку потешко ќе падне. После му ставав 70% алкохол и еден жолт антибиотик во прав мислам дека беше дерматол, ама после сменив Банеоцин и почна да се засушува. Памперсот го подвиткував за да не го лути од мочката и кога падна едно убаво на раат си се избањавме. Поздрав.
     
    На NoellePage му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.390
    Зошто да не го натопува? нас во болница ни рекоа слободно може да се натопува дека немало врска па еве на ќерками и падна за 4-5 дена..
    маченцеена кај вас барем во болница ги бањаат кај нас во болница не ги бањаат, кога ке се роди само ја бришат и толку , ќерками целата беше на главчето со крв и целото беше закоравено, дури после 3-4 бањања се исчисти убаво , а да не зборам за тоа колку мирисаше..
     
  16. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.419
    Допаѓања:
    33.994
    Пол:
    Женски
    Оф лелее душиче мало :( со душа сте чекале да го ја избањате дома
    Кај нас после раѓањето одма ја избањаа , ја средија се тоа :$
    и ни ја дадоа :D :D
    Мислам после раѓањето нормално е да ја избањаат ....
     
  17. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.717
    Јас ништо не ставав на папочето. Чекав само да падне. Првиите 2-3 пати золва ми го бањаше, а јас и помагав, потоа сама си го бањав. А на папочето ставав од оние лепенките, за да го заштитам од натопување. По бањањето со памуче само го бришев околу и тоа беше се. Мислам дека падна помеѓу 7-10 дена.
     
  18. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.541
    Допаѓања:
    95.412
    Пол:
    Женски
    Да, не ги бањаат, и внука ми мирисаше многу, а кажаа да не се бања дента кога ќе се донесе дома пошто била вакцинирана, како да не, до детено не се седеше. Кога ја избањавме мислам дека се препородивме дома сите.
     
  19. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    Нас ни падна утрово папочето :clap: Таман пред контрола кај чичко педијатар, кој убаво му го исчисти со 70% алкохол и ни рече со чепкалка за уши малку натомена во вода да го чистиме а потем добро да го исушиме.
    А за капењето, Јуник малиов 3 дена колку што бевме на болница не го избањаа.Преферираат останатиот слој на маст што го обвива бебето убаво да се упие за заштита на нежната кожа. После си го искапивме кога дојдовме дома.
     
    На girl1985 и AIT им се допаѓа ова.
  20. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.049
    Денес приметив многу мали капкички крв на тетра пеленото , од папучето беа. Дали е нормално, дали ви се случило или да се јавувам на патронажната???