Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Нега на папоче кај новороденче

Дискусија во 'Бебе' започната од NoellePage, 9 октомври 2012.

  1. Septemvri

    Septemvri Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2018
    Пораки:
    2.450
    Допаѓања:
    8.994
    Пол:
    Женски
    На син ми пред три дена му падна, го чистиме со алкохол 70% внатре и после бивацин прашок. Сеуште има заситена крв, педијатарот рече да продолжиме така до зараснување на раната.
     
    На Мариаа. му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Larahappy

    Larahappy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2019
    Пораки:
    2.844
    Допаѓања:
    10.346
    За чистење папоче треба хидроген од коллу посто ? И алкохол од колку? Видов требаат стерилни гази и чепкалки...и како иде постапката?
     
  3. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.000
    Допаѓања:
    14.400
    Пол:
    Женски
    тоа педијатар треба да ти каже,секому различно му даваат
     
    На Larahappy му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Septemvri

    Septemvri Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2018
    Пораки:
    2.450
    Допаѓања:
    8.994
    Пол:
    Женски
    Хидроген исклучиво 3%, алкохол 70%, ако користите бетадине 10%,тоа се јачини за кожно чистење.
     
  5. Septemvri

    Septemvri Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2018
    Пораки:
    2.450
    Допаѓања:
    8.994
    Пол:
    Женски
    Што ке користите ке ви препорача педијатар, со првото синче користевме хидроген за внатре во папочето, а алкохол надворешно. Сега со второто само алкохол и внатре и надвор, се со стерилна газа или стерилна чепкалка.
     
  6. Miss.N

    Miss.N Популарен член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    1.359
    Пол:
    Женски
    Мамички му падна папочето на синко и ни кажаа да не го водениме неколку денови, а тој постојано е мокар поради прокиснување на паперс баш тука..

    го чистам со хидроген 3% и со стерилно газиче, како нечистотија да има собрано, а синока и малку крв од страната му го тапкам со чиста газичка и му ја оставам за после тоа да биде позаштитено.. има ли место за паника? може нешо да биде..? :worried:
     
    На Larahappy му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.488
    Допаѓања:
    201.395
    Пол:
    Женски
    Нагоре му го ставаш куренцето? Обично тогаш прокиснуваат пелените напред, или не ги затвораш убаво и има луфта меѓу пелената и стомачето.
     
    На SunnyGirl2 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Miss.N

    Miss.N Популарен член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    1.359
    Пол:
    Женски
    да нагоре му го ставам, може поради тоа а?

    а луфта нема меѓу пеланата и стомачето баш тоа ме чуди.. да не треба да земам двојка? но бебчето е 2,5кг памеперсиве се од 2,5 до 5кг..
     
  9. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.488
    Допаѓања:
    201.395
    Пол:
    Женски
    Не го ставај куренцето нагоре, нема потреба. Стално ќе ти прокиснува ако го правиш тоа. А за бројот на памперсите, зависи од градбата на детенцето, не толку од килажата. Ако го засекуваат на бутчињата, време е за поголем број.
     
  10. Larahappy

    Larahappy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2019
    Пораки:
    2.844
    Допаѓања:
    10.346
    Чисти си сo 70% алкoхoл и прашакoт за пупаче.
     
    На Miss.N му/ѝ се допаѓа ова.
  11. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.743
    Допаѓања:
    23.259
    Пол:
    Женски
    Ставај прашок банеоцин на папочето, ќе му помине. Пробај со 2ка пелени.
     
    На Miss.N му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.168
    Допаѓања:
    18.275
    Не е до бројката на пелената,и нас ни прокиснуваа, ние ги подвиткувавме за да може да диши папочето и редовно ноќе беше мокар и кенкаше. Откако заздраве убаво ги стававме и многу ретко се случуваше да пропушти,ако не била убаво ставена. Бебе се роди со 3780,користевме единица месец ипол.

    За папочето,прво со алкохол чистиш со стерилна газа, ставаш хидроген да направи пена,бришеш,собираш корупки и нечистотии и ставаш прашоче. Одозгора може сува газа а и не мора.
    Нормално е да се појави малку крв и кај нашето имаше, за неколку дена заздраве и од тогаш го топевме на бањање. Претходно на папочето стававме крпче,долни тренерчиња било што за да го заштити.
     
    На Miss.N му/ѝ се допаѓа ова.
  13. BirMelek

    BirMelek Популарен член

    Се зачлени на:
    30 декември 2013
    Пораки:
    2.673
    Допаѓања:
    14.778
    Пол:
    Женски
    Нас па овде и за двете деца никако алкохол ми рекоја. Само хидроген 3%. После хидрогенот ставав цителиум за првото, сега веќе го нема, па препорачуваат спреј еден, ама не знам точно не купив оти останавме повеќе на болница, па немаше веќе потреба.
     
  14. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.202
    Допаѓања:
    8.431
    После паѓање со што го мачакте?
     
  15. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.168
    Допаѓања:
    18.275
    Хидроген 3% и прашок Банеоцин
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
  16. strel

    strel Активен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2019
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Денес на бебка и падна папочето и има малку крв, дали имала некоја вакво искуство? Со оглед на ситуацијава ни педијатар ни патронажна можам да добијам, а сум исплашена заради што има малку крв, некоја со ваква ситуација?
     
  17. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.307
    Допаѓања:
    19.642
    Пол:
    Женски
    Ако е засушена е нормално, следи деновиве како ќе биде дали ке има пак дали ке солзи ке остава дамка на алиштата. Чисти го со хидроген или алкохол и со прашок биврацин мислам се викаше. И гледај да ја добиеш докторката. Не е страшно и кај моиве двете имаа така па ги носевме да ги мачкаат со нешто на педијатар и им помина за неколку дена.
     
    На strel му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Joki99

    Joki99 Активен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2020
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    444
    Пол:
    Женски
    Posle kolku vreme od koga im padnaa papocinjata pocnavte da gi kvasite so voda?
     
  19. srce-9

    srce-9 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2012
    Пораки:
    748
    Допаѓања:
    1.085
    Пол:
    Женски
    Бебето е една недела. Папочето од едната страна е засушено но од другата има крв по малку. И ставав хидроген и алкохол но ми беше страв зашто крвари па сега ставам само прашок .
     
  20. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.168
    Допаѓања:
    18.275
    И кај нас се појави крв не е страшно,ставај алкохол и хидроген,треба добро да се исчисти, стисни малку не ги боли
     
    На Anidef му/ѝ се допаѓа ова.