Оо да видиш како патронажната "копаше" кај моево...ние од страв само ќе го допревме,а тоа мува не го лази хаха затоа и му се појави крв, не знам дали има услови сега со вирусов,бар телефонски консултирај се со патронажна
Мајки 7 дена ми има бепчето и му падна папочето... Не е малку рано инаку да ставам 3% хидроген и внстре во раничката? Како да ми има малку крв и лигаво нешто..
Здраво мајки, дали се соочил некој со непаѓање на папоче повеќе од 4 недели. Педијатарот вели дека е нормално, но мене ова веќе навистина ме загрижува. Третираме со алкохол, но нема никаков ефект. Почнавме и со хидроген и бивацин но еве веќе 4 недели и уште не паѓа.
Може врвцата е засечена подлабоко. Кај нас кога падна папочето, остана внатре делче до 4 месеци, па мораше на крај да интервенира хирург. Врвцата беше длабоко исечена и немаше шанса ништо што ставав да стигне до таму за да го исуши и само да падне. Хирургот го извади за 2 минути, беше поголемо делче од тоа што изгледаше и сеуште беше влажно. Може не е тоа случај кај вас, ама за да не си на мисла можеш да се консултираш со детски хирург.
Откако му падна папочето се беше во ред. Му ставаме банеоцин и чистиме со алкохол. Ама последниве неколку дена забележувам засушена крв по малку. Се мислам од грчевите кога се напрега да не му се напнува па да е од тоа..
Не живеам во МКД, па не знам да ти дадам препорака. Ако случајно е таков случај, не грижи се, не е страшно отстранувањето, а не е ни болно, само е нелагодно, ама трае многу кратко. Потоа немаше крварење ниту потреба да се третира со нешто. Се си беше најнормално.
@Fallen.Angel Не е страшно и кај нас беше така.. Туку да прашам поискусни денес 7 недели сме и папочето сеуште не ни е дозатворено и лачи жолто..на педијатар ни рекоја да чистам со физиолошки раствор и да ставам од биодерма лосионче мислам беше неможам да видам сега...кога се затвара скрос папочето? и дали имате искуства со кремот?
Мајки папочето уште не ни е паднато 5 дена сме стари. Го чистам 3 пати на ден со алкохол и хидроген 3% ама малку му мириса.. патронажната беше ибаво му го исчисти и сега ќе чекаме да падне.. дали миризбата е загрижувачка? Почнаа паники да ме фаќаат зошто колку што се сеќавам на поголемата не и замирисало
Здраво мајќи! Моево бебе има веќе 10 дена. Денес му падна папочето. Одоздола ко жолто, лимфа ли е, не знам. Дилемата ми е што читам тука сите чистите со хидроген/ алкохол, ставате прашок. Нас кога не пуштија од болница ми кажаа ништо да не ставам на папочето, слободно да го бањам и на крај со тапкање да го бришам. Така и правев овие 10 дена. Иако за певото дете, што беше одамна, чистев со алкохол и ставав Бивацин спреј. Сега сум во дилема. Од ГАК рекоа ништо да не ставам, но ме гризе сомнеж, особено заради жолтото одоздола што се појави.
Чисти го,како така ништо. Јас чистев со алкохол и хидроген со стерилна газа и ставав прашок Бивацин. Додека не заздраве не го мокрев при бањање. Памперсот подвиткај го и стави стерилна газа,потфати ја со памперсот за да не се допира диреткно на алиштата.
Ставав банеoцин (мислам така се викаше) прашак бидеjќи не паѓаше, oдма се среди. Нo сo препoрака на педиjатар мoра да гo oднесеш.
После три недели му падна на малиов, редовно одев на контроли кај педијатар за да го следи. Бенеоцин на секое менување пелена ставав, а еднаш на ден после капење му го чистев со алкохол. Немаше никаков проблем во тие три недели.
Мајки, ние сме веќе 3 месеци но вчера и денес забележав како влажно да е папочето и го валка и боденцето. Внатре е чисто, нема крв или жолтило, не мириса. Секој ден третирам со етанол (бувацин прашак поретко ставам ,како да го валка внатре)) и скоро на секое менување памперс. Минатиот пат кога бевме на др кажав дека нешто како струпче си се прави понекогаш од едниот ѕид,ама др виде и рече не е ништо штом нема жолтила, крв, миризба. Вчера бевме на др ама тогаш немаше ништо, после дома видов дека си има слуз. Веќе ме чуди мн долго не престанува сосема (се мислам да пробам со хидроген).