Јас колку што го имам читано Видоевски, вели ако има деформитет, тој е вроден и не зависи од широкиот повој, ако нема деформитет, едноставно нема и широкиот повој не прави разлика. Знам дека ги спомна нашите баби кои биле родени во генерација кога се ставал тесен повој, па вика пак имале широки карлици и раѓале по 10 деца. Јас ич не би се замарала со широк повој. Не знам зошто, ама кога ќе зборнам со мајки од странство, прв пат слушаат за такво нешто. Исто ко за ушињата што им ги исправуваат во спиење да не им биле клемпави, а уствари нема никаква врска, ако генетски не треба да има клемпави уши, може да ги витка како сака, нема да има.
Ама нон стоп крвари или има крвче на бришење. Убаво фати го со повлажна газа алкохол и исчисти го. Без паника. Нема таму нервни завршетоци, не го боли бебе.
Што пие кафана! Падна пупето Опседната бев што не паѓа! Сменив алкохол и за 5 дена падна. Коинциденциј или не, купете си алколол на алкалоид.
Мајки денес падна папочето на малата, сега се дпремам да ја бањам па да прашам дали смеам да го мокрам и по колку пати треба да се премачкува со алкохол 70% и прашок банеоцин?
Уште не го мокри. Како и до сега - чисти со алкохол и ако има сукрвица ставај прашоче. Додека не го види доктор и даде зелено светло за мокрење, терај вака. Ова денес ми кажаа во Ремедика пошто и јас прашував за истово.
Ние до сега го мокревме бидејќи во болница ни рекоа дека и они така ги бањаат и дека слободно може да се мокри... само сега ми е малце шубе дека падна чудно ми изгледа. Ќе се консултирам со педијатар утре секако, фала ви многу
И ние си го бањавме и се мокреше, амс со проточна вода, а не лежеше во кадичка. На такво бањање и мокрење мислев - да не се кваси во вода
Не го мокри уште, деновиве нека го ѕирне педијатар и ќе ти каже како понатаму. Во меѓувреме хидроген стави, избриши со газичка и банеоцин прашак тури.
За хидрогенот сакав да прашам, капнувате директно врз папот па бришете со газа или ја натопувате газата па поминувате врз папот? Јас ставам на газата бидејќи ми е страв да капнам на папот, уште има како мало отворче (при плачење) па да не направам некоја белја. Не знам дали постапувам правилно, и од што плаче премногу при соблекување набрзина прскам само спреј, за хидрогенот и нема баш време.
Директно ќе капнеш хидроген, и убаво да испени да изврие па после ќе го забришеш со газа. Тогаш ќе ставиш прашоче или спреј.. Немој да се плашиш, не ги боли нив таму. Баш прашував педијатар рече дека немаат нервни завршетоци кај папчето и слободно да му го чистиме без страв. ( еве и ти хидроген 3% на рана кога ќе ставиш не те боли ни пржи нели, не е како алкохол.. јас со ушите имав проблем, бактерија рани и гној- хидроген ставав да исчисти тоа пред да ставам капки, и само го осеќав пенењето ништо др..)
До кога им ги третиравте папочињата на бебињата? Јас му ставам банеоцин + хидроген 3%, ама логички ако зарасне раната веќе ништо не би требало...???
Откако падна само после бањање, а на 2-3 дена го бањаме, додека не го однесам на контрола утре, задутре да ми потврди педијатарот дека нема ништо веќе, многу длабоко, а тесно му е дупчето и не знам какво е внатре...
За бањање, скроз е во ред на 2 дури и 3 дена кога е ладно, првото кога го родив, мајка ми ме тераше секој ден да го бањам и му се сушеше кожата (иако го мачкав со се и свашта). За папокот воопшто не се сеќавам до кога му го третирав и што му ставав... На второво му падна папочето пред една недела и педијатарот ми рече да му ставам хидроген + банеоцин, но си мислев до кога тоа треба да се става, затоа што кога ќе зарасне веќе, ваљда нема потреба. Не дека ми е мака да му ставам, таман работа, него сигурно е излишно, по месец два.
Неее какво бањање секој ден, на моево и вака па пак му е сува кожичката, и поголемото така со сува кожа ми беше. Папчево пред 2 недели и нешто му е паднато ама уште недела дена имаше некој секрет и затоа го третирам превентивно до контрола.