На последната контрола пред 2 недели педијатарот рече дека не се работи за гранулом. Тоа темното во средина е суво, значи заздравено е, ставав спреј ама ете естетски лошо изгледа. Се надевам дека малата нема болки
Ако нема траги на пелена/облека, тогаш нема гајле, а за болно не е болно сигурно Не ти рекоа да продолжиш со хидроген и Банеоцин прашоче? Нема штета.
Да, ми рекоа. Хидроген и спреј еден. Јас престанав да ставам бидејќи ми изгледаше заздравено, ако нема штета ќе продолжам. Фала ти.
Јас ги чувам во кутија..еве вака Засега само папочето,цуцлата и алките од болница ни се Ќе ги додадам и првите играчки, глодалка, алиштата од болница и се што ќе ми текни
Оваа ни ја пратија кумовите ко се породив имаше мече во неа..Го извадов мечето и си ја полнам сега со спомени
Има ли некој од вас искуство со папоче кое не е пднало после 19 дена горниот дел и е отчепен но долниот е сеуште цврсто залепен.
Држ се. На мојата на 1 месец и падна. Чисти убаво под горното откачено, и жолтото. Исто така беше кај моето.
Зошто на мојве деца не им давале ништо , ама буквално ништо за нега на папчето ? Јас со бабин лек се сум им правела нега , и по 7-от ден папчето им паѓаше ( секако улога има и тоа кога се бања бебето , папчето да не се намокри ) , сега и на третото така му правам . Се што ми кажа педијатар беше - внимавај само , кога ќе го бањаш никако да не го наводениш папчето . И толку . Инаку , јас ставам посекница ( растение како чај , посекнатрева се вика на народски , потопена во маслиново , отстоена 40 дена на сонце , но колку е постара , толку е поефикасна ) на папчето на бебето и на раната моја . Сум забележала дека папчето на првите две деца им отпадна веќе на шестиот ден . Кај мене нема баш така брз ефект , сепак имам рез и конци на истиот , но сепак функционира . Инаку , се породив природно ( сепак имам рез ) . Изгледа ќе мора да си менувам клиника . Ако не ми кажуваат што треба за нега на папче да се земе , замисли само што уште не ми кажале .
Може ли некоја од вас да стави слика со каков алкохол го чисти папочето, по сигурно ми е така да го пратам мм да купи, зошто без слика ќе ми земе нешто што не треба. Од почеток сега треба само со алкохол да се чисти или може и прашок банеоцин да се става? Прашувам бидејќи ми е многу чудно зошто во болница ми рекоа ништо да не ставам и со ништо да не го чистам, а за сите бебиња до сега што ги знам морално е да се чисти.
Еве јас со каков чистев. Тоа што маж ми купи 1 литро е друга работа Битно е да го подизвлекуваш и со газичка убаво да го чистиш и вадиш тоа како жолтко што е. Воопшто не ја/го боли, така што не се плаши за тоа. За прашоче мене ми рекоа да ставам ако се појави сукрвица - што е нормално, не е страшно да знаеш. Кај моето откако се покави сукрвица за 1-2 дена падна. После паѓањето си продолжуваш со истиот начин на чистење и се јавуваш кај педијатарот да те прими да го види папочето дали е убаво паднато и ќе ти каже што како понатаму
Јас чистев со алкохол и ставав прашоче додека не падна папочето..после прскав спреј од биодерма ама кај нас лачеше секрет долго време затоа ми го препорачаа спрејот.. Сега доволно ти е само алкохол и банеоцин
Во Систина препораките се дрка чистиш со алкохол 70% дур не падне. Кога ќе падне продолжуваш со хидроген 3%. Прашаче само по преглед од педијатар, не по дифолт.
@kukla21 да ми пишеш обавезно каков алкохол да земам и нешто друго. Овде сигурно ќе ми кажат ама ја да се опремам, мајка ми и од Македонија да ми земе
Етанол 70%, алкалоид и хидроген 3%. Мало пакување ти е доволно. Едино етанолот мислам 0.5л е најмало. Пс кога веќе одиш во аптека земи и газички мали