Денес на Војдан му падна папочето. Точно 14 дена полни денес... На површината изгледа како згрутчена крв и лошо изгледа. Не го третирам со ништо, му ставив само бебешка пудра и нема да го топам денес...
Можеш еднаш дневно да го чистиш со алкохол и да ставаш многу обилно Банеоцин после секое менување пелена. Брзо ќе се исуши.
Хидроген и банеоцин стави му. Откако му падна на бебе папочето др кажа подобро со хидроген, од алкохол ќе крвари. Во понеделник однеси го на др да не треба лапис да му тури. И на моето кога му падна имаше голема површина како рана лигава и 2 пати лапис туравме
Бебе има 18 дена, папочето уште стои Ми викаат нормално било и до месец дена да не падне, ама нели е многу? Чистам со газичка убаво натопена со алкохол 2-3 пати во денот. Има уште мал дел што не е одлепен. За бањање во болница ме советуваа слободно да ја бањам на проточна вода, и да се наводени папчето нема гајле. И така правам. Да не треба поинаку?
Гледај само убаво да го избришеш после бањање, мора да биде суво. Јас колку што ми текнува на секое менување пелена чистев со алкохол и пелена подвиткана нели. Откако падна, на секое менување ставав Банеоцин, а алкохол само после бањање.
Да, пелена подвиткана, и го бришам убаво после бањање Ама чистењето со алкохол го правам 2 пати дневно, ај ќе почнам на секое менување може ќе падне побрзо. Вака делот кај што е паднато не изгледа лошо, вцрвенато или инфицирано.
И кај мене скоро 1 мес помина дури падна а иначе мм на рака го бањаше страв ни беше на проточна да го мокриме
После месец дена падна. Високо било сечено појма немам што значи тоа. Убаво натопи го. И кога ке виси што би рекла @kukla21 како џоистик ке го вртиш за да олабави. Ништо не ги боли не се секирај. Но додека падна ни раат пелена сменав. Ни бањање раат.
Бебе е 10денс, не е паднато ама на конче виси..Денес после бањање почна да крвари, до вчера беше стално суво одоколу. Свежа крв, а долу ко лигаво.. 3 пати во денот бришев со алкохол, не знМ дали да продолжам исто, да не ја пече од крвта?
Исто и на мојава и се направи така па јас се исплашив.Продолжи не ја пече, таму нема нервни завршетоци,потоа продолжи со хидроген да ставаш од 3% и после прашок банеоцин.
не чувствува болка, може само да ти изреагира на ладната течност ма да не верувам дека ставаш алкохол директно на кожа туку си со гази стерилни
Citav niso da ne se stavalo i da ne se mokrelo. Nepokrieno da e bez gazi bez alkohol, za 7 dena trebalo da padne. Ne znam sto e ispravno...
Јас терав со 70% алкохол, така ми кажаа во болница. На првата контрола сестрата исто и го исчисти со алкохол и газа. Откако падна ставав 3% хидроген неколку дена а еднаш ја однесов и лапис да и стават, се по насока на педијатарот. Видете што ќе ве советуваат педијатар и патронажната сестра па одлучете што ќе правите.