Како ги бањате откако ке им падне паупечето? Преку рака или во кадичка легнати? Патронажната ми вика слободно да ја бањам во кадичка легната само да пазам на ушите да не влезе вода и папучето да го прскам со јод и прашак бивацин
Можеш да ставиш тетра пелена кај главчето за да не влегува вода во ушите. И мене педијатарот ми рече може веќе легната да ја бањаме. Инаку јас сакав да ја легнам кога и падна папочето, мм рече дај уште малку вака преку рака, дека многу прета со раце, нозе. Баш ми е во план денеска да му кажам да ја легнеме оти гледам прекина да плаче и да се буни на бањање, па ако се вознемири ќе ја кренеме... Инаку за папочето продолжив со хидроген недела дена откако падна, се до следна контрола кога ми кажаа дека нема потреба веќе. А знам многу советуваат за прашокот, изгледа и едното и другото е прифатливо.
Одма од кога му падна почнавме да го легнуваме, јас го легнувам на мрежа за корито и дефинитивно е голем спас мрежата и по сигурен ми е. А иначе не е страшно да го натопиш, само после убаво истапкај со пелена да е суво, исчисти со хидроген и стави прашоче.
Здраво девојки, ми треба мислење од поискусните, папчето ни падна бевме и направија и лапиз, е сега препораката беше да продолжиме со хидроген и ако водени со бивацин, прашањето ми е на самото папче има како лигавко бело жолто, дали ова се смета дека е влажно и да ставаме прашоче или нормално е вака да се јавува.
Исто беше и кај нас, лигаво бело жолто не треба да има, ќе го третираш вака. Прво третираш со хидроген, откако ќе "изврие" со беби стапче го тапкаш да се исуши убаво па ќе ставиш од прашакот. Ова ќе го повторуваш секој ден додека ти пени папачето кога ставаш хидроген. За една недела му се среди ама од страв со мм уште 2-3 дена продолживме со постапката.
Чекаме да испени и поминуваме со стерилна газа да го исушиме местото и се вади поголемиот дел, но и од после како да останува дел од тоа лигавкото и тоа не плаши да не не правиме нешто како што треба или да кма некој проблем. Сега ќе купиме и прашоче па се надевам ќе биде подобро
Останува лигаво, треба време ќе се исчисти за недела. Прашак обавезно ставајте. Бев исплашена и јас, без грижи чим лапиз сте правеле добро е. После ќе му потемни папакот од сребро нитратот нека не те плаши и тоа, нормално е. Мојот е 3+ уште е потемнето треба време да избледи. Сега е битен гнојот да помине. Како што ти пишав погоре така третирај го.
Фала ти добро е да се знае дека и некој друг поминал низ истото и било се во ред, лапизот го правевме вчера и не е потемнето сеуште ама добро е на време да знам да не ме испаничи и тоа
Дали имате искуство со папочна кила? Како се справивте? Знам дека не е страшно, и педијатарот ни препорача лепенки за папоче ама не знам каде би ги набавила... некој нешто слично?
Ние имаме...педијатарот ни рече ќе се повлече сама ама не ни спомна ништо за лепенка ни кажа за некој старински метод зелезна монета завиткана во газа па ставена на папочето и со растеглив завој врзано околу стомачето...искрено грев ми е да ги стегам толку многу и еден ред редам еден скокам ионака ќе се повлече со тек на време
Да, и јас моментално монета ставам. Колку време ја држите? Кај нас во суштина се појави од многу плачење, и се прибра после, ама што ако пак плаче? И битно што не ја боли на палпација.
И кај нас се појави од многу плачење...па денски ја чувам, навечер гледам да ја истам несакам да го стега завојот бидејќи носи и широк повој, ми се чини си го мачам детето цело време завиткано со нешто
Моето имаше папочна кила. Педијатарот рече да не чепкаме ништо оти нај често до 2 години сама се повлекува, и навистина сама си се повлече. Не знам за колкаво дете станува збор но ако е под 2 години би ти рекла не ставај ништо, барем немој железни парички и тие бабини “лекови”
@doubleinfinity @...Arthemisia... Папочната кила е резултат на нормално слабата мускулатура на мешето. Како ќе зацврстуваат мускулчињата така ќе се повлечи. Нема потреба да правите ништо. А ако веќе се плашите да оставите така, земете појасче за папочна кила (има во зегин, медикус и сите продавници за ортопедски помагала). Монета не ставајте никако, бидејќи папчето може да биде влезна врата за многу инфекции.
Да да, свесна сум дека монета е највалкано нешто, затоа ми е облепена бо фластер, па во газа. Ќе побарам лепенки па ќе видиме како ќе тераме.
Да да и кај мене монетата е првин дезинфицирана, па во фластер неколку слоја, па во газа неколку слоја ама штом е така ќе ја баталам и јас, ќе пробам да побарам појасче...Фала ви
Многу мало е, од искуство ти кажувам дека нема потреба да ставаш парички или појаси, ќе се повлече, но сепак твое е како ќе одлучиш така. Појаси не знам каде се продаваат не живеам во Мкд, но прашај по аптеките.