Во аптека се купувало, како појас или лента ми го објаснија кумашините. Во прво време и паричка ставија па после тоа од аптека и многу кратко имаа потреба да го користат.
И мојата ќерка има папочна кила. Јас го лепам со лента веќе две недели, а педијатарот ми кажа за појас. Немам земено, не знам од каде и колку би бил ефикасен. Јас лепам со хартиена лента, онаква што се лепи памукче кога ти земаат крв.
Јас земав најмали лепенки за операција, водоотпорни, како замена за тие за папоче. Не сакам со хартиен, да не ѝ го откорнам кожичето. Сега паузирам, има гранулома, па да ѝ се исуши и ќе продолжиме.
До вчера папочето ни беше суво, сега гледам од тоа кафеавкото му се намокри малку цел се испомоча се направи до уши,изгледа така цело се намокри, ме фати страв... Инаку со хидроген го чистам, така ми рекоа. Страшно ли е?
Не би требало. Кај нас и после неколку дена од паѓањето имаше жолто од страна. Тоа пред да ни се појави грануломот.
Ваму викаат тоа повеќе суши. Кога ќе падне,2-3 дена со хидроген. Додека падне 5-6 пати на ден алкохол
Изгледа секаде различно кажуваат. Јас и за двете совет ми беше да не ставам ништо, оти како го водениш така процесот за заздравување се поодолговлекува, и така правев, ништо не им ставав. И за папочната кила исто ми рекоа ( пишав и по горе) до 2 години ништо да не превземам оти до 2 години сама се повлекува, и и се повлече уште пред да наполне 2 годинки.
Паднато папоче смее ли да се мокре? Веќе неколку дена и е паднато, ми рекоа со алкохол 70% два пати на ден и прашок да и го чистам? Вака и вие ли третирате?
Јас почнав да го бањам цел кога беше целосно суво. Чистев само со алкохол како што ми кажаа ама долго време имаше сукрвица. Потоа иафрлив алкохол и ставав само банеоцин и се исуши за 2 3 дена.
Кај нас се повлече папочето истиот ден кога падна и после цела ја бањав и го мокревме , една недела имаше сукрвица само алохол мачкав ...
Денес на мали му падна папочето. 8 дена има. До сега не ставав ништо, го држев суво. Сега со што е подобро да чистам, алкохол или хидроген? Вака ок му изгледа.
Со алкохол чистев додека да падне, после тоа со хидроген. Ова вака правев според педијатар и патронажна сестра.
Да прашам папочето падна пред два дена па сега го третираме само со Банеоцин по препорака од патронажната,и сега вака се направи зошто е вака?