Мајка ми ми рече да си го чувам, ама несакајќи завршило во канта бидејќи беше замотано во палома, па некој помислил дека е ѓубре.
и јас го чувам , појма немав дека се чува, тетка ми беше кај нас кога и падна и она ми кажа, иначе најверојатно ќе го фрлев
И јас знам дека се чува со алката заедно. А едни викаат не се чувало, други по вода се пуштало.. што не се изнаслушав.
Па повеќето го фрлаат или по вода го пуштаат. Ама не знам мене логично ми е дека се чува како успомен.
Ako mislish na toa plastikata sho go drzhi papocheto si ja chuvam(I majka mi moeto go zachuvala)a Ako mislish na tretiranje na papocheto go machkav so prashak daden od pedijatarot sho ne pushti .
Majki kazhete mi koja e najdobra kozmetika za Suva kozha?Jas mu kupiv od Corine de Farme ama ne mu se pogodiv....
Здраво на сите, Малата има 8 дена и денес при чистење на папочето и потече малку крв, дали е нормално... ? многу се исплашив... Во понеделник сме на прва контрола по породувањето во Систина. Дали да ја носам порано, сте имале ли таков случај?
Јас кога и потече крв се јавив на патронажната , ми рече дека ќе мора чистење алкохол и плус антибиотик. Мислам дермагол се викаше прашочето антибиотик. После неколку дена падна, па и направија лапизација во Систина.
Јас и двете деца ги водев во болница бидејќи имаа крв по паѓањето на пупчето и им ставаа К витамин инекција. Следи, ако тече повеќе, би те советувала да одиш.
После колку денови им падна папочето на вашите малечки? И како ги чистевте. Ние сме веќе 10 дена и уште не е паднато. Педијатарот ми рече погрубо да чистам мене искрено страв ми е. Јас тапкам со газа со алкохол 70% и после и ставам од цефалексин капсулата. Се загрижив кога ли ќе и падне.
2 до 3 недели може, не е ништо необично 10 дена. Само јас колку што знам алкохол ја суши кожата и го одолговлекува заздравувањето и во поново време само се одржува чисто и суво без алкохол. Ама ако ти рекол така докторот тогаш ок. Не се секирај не се многу 10 дена.