Кај моето на 5-6 дена му падна. Чистев со алкохол,хидроген и ставав бивацин/банеоцин не памтам точно од кој прашок беше. Ставав и стерилна газа и пелената подвиткана. Точно дека треба да се притисне малку при чистење,и јас се плашев но ми кажа како треба патронажната.
@Erika.greeneyes не се секирај, бебуш не го боли. Патронажната кај мене чистеше со стапче за уши наместо стерилни гази, така е полесно за чистење. На бебе и падна околу 10-от ден
На ќерка ми ѝ падна за 3 недели. Чистев со стерилна газа со алкохол и откако падна ставав прашак банеоцин.
Se izvinuvam na latinicava nemam kirilica na ovoj tel Na malata i padna papokot nekni i uste ima krv , neznam kako da go cistam , do sega bese suvo ne go mokrev , pedijatarot mi zakaza cak pocetokot na drugiot mesec, sto da i pravam strav mi e da ne se inficira
Ја го мокрев, а после бањање ставав хидроген, чекав малку да преврие и бришев нежно со газа. Ова според совет од педијатарот. А што е тоа белото?
Ако гнои ќе треба лапизација да се прави, ако не чисти со хидроген. Ако се лигави ставај после хидрогенот и од прашокот банеоцин.
На мојот бебуш на 22 ден му падна папочето. Ние со чепкалки за уши го чистевме со алкохол, после стававме банеоцин прашак. Така неколку пати во текот на денот. Од кога падна пошто остана мало делче додадовме и хидроген па алкохол па прашочето. Најубаво прашај си го педијатарот да не дојде до инфекција. Види што ќе те посоветува.
Папочето е пред паѓање, се држи на точка. Кога ќе се доближам има некаков мирис, не е јак. Мислам дека е нормално зашто сепак скапува, не знам дали сум во право. Не го чистам со ништо така ми кажаа, а и страв ми е. Нема знаци на инфекција, само ме буни тој мирис малку што го и има и како точни ситни крвче на бодито. Во петок сме на двонеделна контрола, ама до тогаш ми е мисла.
Moze malku ke izbegam od temata, no ve zamoluvam ako moze da mi pisete kade ste nasle prasok Baneocin, niz aptekite mi rekoa nemalo skoro cela godina?!?
Од болница не пуштија со се штипка на папочето така ли треба да биде или да се тргне штипката? Патронажната сестра кога беше не го ни виде папочето рече чистете само до алкохол и бивацин прашак а јас несмеам ни со стерилна газа да фатам многу ми е страв да не и направам нешто а бебе плаче ли плаче кога ќе јансоблечам како ја боли нешто и само капнувам 3% хидроген и толку, некој совет шо да правам??
Јас да ви кажам искуство немам со папоче, бидејќи дури бебето и јас се соединивме после 6 дена од раѓање, него папочето му беше паднато…што мене ми беше многу чудно, некако рано ми се виде сма можеби си имаат финти на болница или едноставно до детето е…иначе го третираа на детска клиника и после паѓањето полнеа шприц со хидроген, под притисок му го полнеа папчето односно внатре му шприцаа бришеа со газа и толку..,дома со чепкачка за уши со алкохол уште неколку дена откако не пуштија го чистев внатрешно, најчесто имаше засирена крв и толку, ни бивацин му редев ни ништо
Вчера ни падна папочето, денес е вакво. Ок изгледа? Во петок сме дури на контрола. Многу го мислам, пишете ми ако ви изгледа нешто сомнително.