Vaka ni izglda sega papoceto. Otkako padna, cistev okolu so hidrogence i stavav prasoce, i uste stavam. Patronazna ke vidi vo vtornik, pa da prasam vaka li izgleda zarasnato, dobro li e...se plasam da ne ne e vo red, ko da ne e zatvorenko
Здраво мајки, бебе е 1 месец старо, папчето ни падна после две недели од раѓање, меѓутоа ни се појави грануломче, правено неколку пати лапизација,вчера го носев на педијатар и ми релоа да продолжам со чистење и да ставам прашок, денес го исчистив и ставив прашок но сум загрижена, за колку време грануломчето треба да се повлече поздрав
Има во Зегин во Ѓорче, земав јас пред 3 дена, ако сеуште ти треба или како инфо за мајки. И на нас ни падна, ама не е ич суво, солзи крвче. Утре сме на педијатар ќе прашам, чистам со хидроген, ставам Банеоцин, мијам со проточна вода од прв ден, и во болница и патронажната така рекоа, не да се кваси со сапуница, само со проточна вода да се полее. Ич не се сеќавам со големото, ама знам дека еден жолт прашок ставив 2 пати и толку бидна, а ова не се затвара и после еве 3 дена солзи. Кај бато беше со штипче, кај ова ко лепено некако, многу грдо изгледаше.
Ќе заздраве за некој ден. Битно да го сушиш убаво после мокрење. Јас ставав хидроген,потоа со стерилна газа и алкохол треба убаво да се исчисти( да се стисне малку,- ти кажува мајка што се плашеше да го допре) па потоа прашакот. И да биде подвиткан памперсот за да диши. Некогаш одозгора ставав сува стерилна газа.
Се исто правам и јас. Прво со тетра чиста сушам убаво, после со газичка со хидроген, па пак со сува газичка и на крај прашоче и чиста газичка.
Дефинитивно и со првото и со ова најголема траума ми е ова со папочето. Мене па ми рекоа во болница бањање со проточна, убаво сушење и 2-3 пати во ден чистење со стерилна газа и алкохол. Кога ќе падне капнување хидроген и ако појави крв или солзење прашок. Јас па се така нежно забришувам зошто срварно трауматично ми е, а вчера ме караше патронажната дека мора посилно да го одлепувам и поубаво да чистам да не се секирам дека не го боли дека нема нервни завршетоци таму. А јас кога ја гледав мислам ќе се онесвестев. Денес малку подобро го чистев па се надевам ќе падне побрзо
Zdravo feminki! Sakav da ve prasam za iskustvo! Kerka mi ima 6 nedeli no papoceto ima zolt iscedok i kako da ne e zatvoreno, sekoj den cistam so alkohol i sterilna gaza, megutoa zagrizena sum, ako nekoja ima slicno pominato da spodeli, se najubavo
Da sekako, pedijatarot veli ne e nisto strasno no jas se plasam oti tece zolt iscedok iako dok veli ne e nisto strasno ke pomine, sakav i vam da ve prasam dali imate slicno pominato si vasite bebinja
Истото ни се случува и на нас педијатарот ни вели тоа е грануломче, денес го однесов и ми препорача спреј на биодерма да прскаме и во понеделник пак да го однесам, искрено и мене ме загрижува иако неколку пати прашав дали тоа што солзи е опасно, одговорот е дека солзи бидејќи има гранулом, па ќе видиме би била благодарна ако сподели некој искуство
Oti imase zolt iscedok pedijatarot mi dade pudra so antibiotik i cisteje so alkohol, sega e podobro, iako doktorot velese deka nema granulom deka so vreme ke se isusi..
И кај моето имаше жолт исцедок и чистев со алкохол па со банеоцин прашаче, после се испостави дека има грануломче. Го носев на Детска клиника и со едно горење со сребрен нитрат се среди (процедурата е една минутка и е тотално безболна за бебето). Таму ми рекоа дека најдобро било папочето да се третира со хидроген уште од кога ќе падне.
Vo petokot bevme po vtor pat na lapis na detska hirurgija, megutoa doktorot koj prviot pat ni pravese lapis bese vo sala oa edna druga doktorka pak pravese lapis, rece nema potreba da ideme povtorno, megutoa neznam sto da ocekuvam go cistam so hidrogen i stavam cista gaza , kako ponatamu da znam deka papceto e zarasnato i veke nema potreba od lapis ili dr tretman
Па ќе го видиш кога ќе се исчисти дека е затворено како што треба. Штом ти рекле нема потреба, значи навистина нема.
За колку време се повлекува гранулом на папчето и дали треба правење лапис или само чистење со хидроген и ставање банеоцин прашок
За гранулом најдобро е лапиз. Ние со едно третирање завршивме работа и продолживме една недела со хидроген и одлично се затвори.
Замисли на двете недели кога отидовме на контрола докторот вика супер е папчето, некни у четвартоко гледам црвенко и тава как израсток и у петок кај матичната ама само му го чистија лапис не направија. Не му е црвенко сега ама не е и поминето. А читам и јас по нет оти за гранулом треба лапис.
И кај моето прво беше супер, така и ни рекоја на контрола, после му се направи. Не е ништо страшно, верувај.