Јас само со Алкохол го мачкав со газичка, и ни падна одма на неделата, после продолжив да го мачкам со алкохол па нас брзо ни заздрави, малку на почеток се раскрвари ама само со алкохол си го мачкав, и уште си го мачкам по малку.
Нас ни падна папочето вчера значи на шестиот ден откако е родена малата ,на клиника ми кажаа само со алкохол да го чистиме ,денес беше патронажната сестра ми кажа дека има почеток на гранулом алкохол веке да не ставам само со дерматол по 3 пати на ден да го поминувам ,така беше и со керка ми и она фати гранулом се мислам дека е од тоаа што одма ги бањав откако ке им падне папочето можеби барем тој ден требаша да паузирам ,сестрата рече не е страшно па ке видиме
Nas deneska ni padna papceto,e sega stavivme bivacin prasoce i me interesira dali na slednoto bananje smeam da i go topam papceto.Ili uste nekoj den preventivno da go zastituvam?
A kako gi banjate,mislam so protecna voda ili legnati vo koritce so kupka? Jas dosega ja banjav na raka,a sakam od utre da ja podlegnam v koritce.
нас откако ни падна папчето, уште некој ден под проточна вода, а потоа легнати се бањавме и до ден денес уживаме.
Нас од кога ни падна папочето, после бањање или во текот на денот го чистевме со чепкалка натопена во вода и еднаш неделно кога одевме на контрола педијатарот го чистеше со алкохол. Се бањавме во коритце и освен вода дома и алкохол кај педијатарот не стававме ништо и супер поминавме. Тука го подврзуваат со пластично стегаче и супер поминавме. Само се исуши и падна после нецела недела.
Дали некој имал искуство со папочна кила кај бебенцето, моето има три месеци и папочето уште не е затворено, на почеток го третираа како гранулом, го гореја со сребро нитрат пет пати во текот на еден месец за на крај да испадне дека се работи за папочна кила. Многу би ми помогнало ако некој знае нешто повеќе или имал слично искуство.
Срничка ние немавме таков проблем ама другарка ми имаше со бебчето. Они му ставаа восок на папочето, значи парче восок (може и обичен од свеќа, ама најдобро е природен), земаа едно парче, го размесија некако, и го направија како коцка (значи да не се чудиш ако е многу тврд, со месењето омекнува), и се става на папочето и околу него. Во делот кај што е папочето тоа ќе си пропадне и ќе му се затвори.За неколку дена детево се оправи и веќе нема никакви проблеми.Прашај си по некои од стариве жени они истово го знаат сигурно.
Јас уште првиот ден кога не пуштија од болница го капев легнато во коритце, потоа го чистев со хидроген 3 % и мачкав со цителиум. Падна на 7миот ден фала богу без никакви проблеми.
Се беше во ред дур и висеше папната врка но одкако и падна и се појави грануломче. Го чистам со 3% хидроген и прашок бивацин но уште го има. Патронажната сестра доаѓаше четири пати да и го средува и сега ја чекам пак утре или задуте да дојде да го досреди.
Што е тоа гранулом и како изгледа? Изгледа и на малата и се има појавено тоа. Денес беше патронажната сестра и и го гореше местото кај пупачето и рече ќе дојде во понеделник пак. До тогаш ми рече да не ја бањам и да ставам ништо освен утре да го исчистам со хидроген 2 пати.
нас ни падна пред неколку дена, се засуши убаво, ништо не му ставам, само не го воденам сеуште, пеленката му ја подвиткувам. поздрав мамици!
Тоа ти е кога не му заразнува убаво папочето и треба да се гори за да зарасне убаво, и мене патронажната ми викаше да го горам, па кога го видоа на педијатар ми рекоа дека ќе заразне само, да не го носам на горење, и по една недела ни се среди, јас прво со алкохол го чистев, а потоа и бивацин ставав
Jas go cistev so 70 posto alkohol,pa potoa stavav prasok Bivacin.Na kapenje go zastituvav papceto so raka i vnimavav da ne se navodeni.Ni padna bez problem 11ot den.
Само бивацин, алкохолот ја забрзува циркулацијата и можно е да доведе до крварење, затоа не е препорачливо да се користи.