Добро е, оставај го да се суши, миј со хидроген и внимавај да не го водениш, ќе се среди за 1-2 недели.
Здраво, папочето падна на седмиот ден, моментално е 11 дена бебенцево и кај папочето се лачи жолто, ставам алкохол моментално со стерилна газа и од прашочињата со антибиотик tyrosur, некој искуство дали има? Утре сме на педијатар ќе прашам во секој случај, но сакам да сподели некоја членка ако поминала низ истово.
Со хидроген чистиш? Откако ќе падне чистиш со хидроген, да поврие некои 10-15 секунди, тапкаш со газа , па тогаш прашок. Треба да се исчисти тоа внатре.
Не ти кажа патронажна како да третираш? Секако утре педијатар ќе те насочи што и како. Па ако има потреба и липизација ќе направи и ќе биде супер.
Јас чистев само со физиолошки и ништо друго не ставав.. Доколку имаш дома физиолошки раствор(не смее да биде отворен повеќе од 24ч)можеш со него и стерилна чепкалка да го исчистиш..
Не е. И мојата имаше исто и покрај чистењето. Со липизација ќе среди педијатар. Тоа е премачкување со течност, кое не боли и ќе се среди.
Папочето вакво и се направи што да правам? Се јавив кај патронажна ми вели стави сол да постоела 30 мин па да сум ја измиела и потоа со алкохол да ја пребришам ... Дајте кажете дека не е малава единствена со вакво нешто и што ви помогнало
Божее, саглам е таа.. исто имавме, скроз. Крустичка е. И е нормално, ова е дел од папочето, полека ќе падне и тоа. Прашоче стававме ние.
Папчето е океј.. Погоре пишав,земи физиолошки раствор и стерилни чепкалки,чисти го неколку пати на ден,а сол она да си стави на рана боже мој
Бевме на педијатар и ни кажа дека не е нешто страшно и ќе се среди брзо папочето, ми препиша еден лосион ќе ставам слика доколку некоја членка има мака можеби ќе и се најде.
Здраво мајки , дали вие што имате правено лапизација после тоа го третирате повторно дома ? И колку пати е потребно за да се исуши грануломот ? Благодарам