Мајки некоја да сподели искуство со папочна кила, дали може нешто да се направи или едноставно се остава на времето? Бебето е предвреме родено, и како што читам обично било честа појава кај нив.
Додека го чистевте папчето со алкохол како го правевте тоа? Не можам баш на јт да најдам видеа како се прави тоа
Ќе ти покажат во болница, со газичка или со чепкалка за уши нежно од сите страни и под папочето не е страшно и битно е неколку пати дневно обавезно за да се исуши побрзо
со газа превиткана на работ со малку алкохол и околу папочето, најпосле ставав бивацин прашок и за ден два падна ...
Да, од матичен педијатар, педијатар во развојно советувалиште и од физијатар. Го купивме од медикус хелп. https://medicushelp.mk/p/49/pojas-za-papochna-kila-kaj-bebinja
Мене од патронажната ми беше кажано, прво со алкохол со газа за дезинфекција само се поминува, потоа ставав хидроген во папочето и кога ќе се направеа меурчиња бришев со друга чиста газа и на крај само бивацин. И после педијатарот ми кажа уште една недела за секој случај само со хидроген или алкохол да го чистам
нормално е папочето да не е паднато сеуште? 20+ дена ? нема никакви знаци дека нешто не е како што треба. Еднаш дневно чистам со алкохол и газа, ставам прашок - така ни кажаа од ремедика Памперсот го подвиткуваме под папочето. Гледам некои од вас спомнуваат и хидроген, зошто сите различно прават? Малку сум збунета, некој совет?
На ќерка ми скоро па 4 недели и требаше додека падна. Ама не е страшно нешто. Јас само со октенисепт прскав и чистев кога имаше потреба.
Хидроген и прашок , откако ќе падне ставав. Така во болница ми кажаа, така патронажната и педијатар. 2-3 пати во денот го третиравме.
И јас во Ремедика се породив. После еден месец ни падна и тоа никако не знаев како треба за да падне. Накрај на преглед во Ремедика Марина го извади.
Добро што се случува доколку папочето не падне само? 5-та недела утре и суво е мрда но не е паднато. Нема никаков проблем црвенило, крв, гној - ништо од тоа. не ми е јасно што се случува, што прават докторите во овој случај?
Кај моето исто подолго требаше да падне, еден месец сигурно, исто беше така засушено без црвенило, крв и слично и на преглед докторката само малку го подмести и си падна. После тоа се си беше океј. Така што мислам дека штом е суво, немаш место за грижи.
Вчера приметивме дека жолтеникавото што стои под исушеното изгледа како засечено, како да почнало да се отцепува, се надевам дека ова значи дека почнува да паѓа.. Онака изгледа дека се си е во ред, нема црвенило, нема крв, нема гној и мирис.. ништо. Од една страна сакам да падне да не го мислиме, од друга страна не сакам да го исфорсираат докторите предвреме со нешто.. Секој ден ми е на мисла ова веќе ....