Најдобро патронажната нека го види, ние долго терсвме додека заздрави убаво, мн лошо беше штипчето ставено или не знам шѕо беше птоблемот. Хидроген еднаш ставав после бањање да излезе прњавото. Сега се преснетувам, скоро три недели пиминаа. И лапизација правевме. Прашок ставав и чидтев со алкохол.
Dodeka da padne go cistevme so alkohol, otkako padna kapnuvav hidrogen 3% nekolku pati na den za brzo se zatvori. Preporaka od pedijatarot i od sestrite pri ispustanje od bolnica bese ova.
Прaшaњевo не ми е зa негa, туку штo прaвите сo пaпoчнaтa врвкa нa бебенцетo? Вo бoлницa денес, еднa бaбa и еднa млaдa трудницa, и велеше декa пaпoчнaтa врвкa се фрлa нa убaвo местo зa убaвa судбинa нa бебетo.
Јас го чувам во една салфетка. Зошто не знам. Но моите ги чуваат па и јас. Инаку немам ставано буквално ништо на папчето. Си падна и си зарадна само од себе, без рана без ништо беше. Така ми кажаа во болница така и направив.
Мене ми кажаа па да го чувам папчето во некое кутивче и кога ќе почнувало детенцето прваче, да му го покажам да го види за многу да учело
ја имам слушнато дека папочето се чува некој да не го украде, демек се зачечувале со него оние кои што неможеле деца да имаат.
Tuku ke prasam, koga prv pat gi izbanjavte bebcinjata celosno? Tuka mi rekoa nikako pred mesec dena banjanje vo koritce, do togas samo so vlazna krpa brisenje od glava do peti. Malku me cudi, ama mi rekoa zaradi papoceto. Ubav den mami
И двете деца сум ги бањала од прв ден дома. На папочето пелена, нема да го ставаш во вода цело.Бебе моча, кака, како да не се бања?
Со капење почнав после 4ти ден (нели 3 дена во болница останавме) Ние немавме никаков проблем со папокот,од одма во коритце Со едната рака држев бебе со другата миев Имаш и помош па сигурно ке се снајдете Дури го искапиш еднаш, после тоа ке имаш чуство дека цел живот бебиња си капела
Папочето падна на 10тиот ден а го бањав од почеток. Јас не сум за тоа да не се бањаат бебиња, па тоа плодовата вода смрди бре и ако не го избањаш засмрдува асално. Внука ми не беше избањата така и кога дојдовме дома после 5 дена толку смрдеше на мочка, абе до неа не се стоеше, греотка, црвена беше жар, ја избањавме, се осветли дете, се освежи и спиеше три саати. Мое мислење е да се бањаат деца и од прв ден го бањам цел, додека зарасне убаво папочето ставав газа на стомачето таму, на рака ќе го земам таман на тоа место и одозгора со водичка, заспиваше само што ќе испиеше млекце. И ден денес е така, избањат, намачкан со млеко лесно хидратантно, млекцето, кај мама у прегратка и заспан за минутка, а еве го мажиште година наполни.
@Mari-Ja So banjanje mislam deka e ok da pochnesh od odma samo bez da topish papoche. Koga ke padne ke bidesh poslobodna. Imam drugarka ovde isto vo Germanija, se porodi pred 2 nedeli i nekoj den. I rekoa da go banja ednash do dva pati vo nedela. Ne gi poslusha i si go banjaat sekoj den. Samo taa preteruva so izleguvanje so bebeto. Go sheta sekade, vikendov beshe vo eden drug grad na proshetka na 120km od kaj nas. Jas mislam mnogu e tormozenje za tolku malo bebe ama taa najdobro si znae.. Edvaj ja razubediv da ne odat so bebe vo crkva na Veligden so eden kup narod.. nastinki, infekcii
@Mari-Ja Јас ја бањав од прв ден дома во коритце, со рака под неа на гради и стомак, ноџињата во вода, поливаш преку грбче и глава. Така најлесно се бања толку мало бебе. После го сушиш папочето, тапкаш со пешкирче, ставаш алкохол и покриваш со газа.
Оф леле а ние се мачиме, поливај крпи со топла вода, бриши бебе, па главчето под чешма миј го со шампонче. Газето секако на секое менување памперс го миеме, ама за цело бебе топење во коритце ептен изречно не ми рекоа. Осеќам ќе се бањаме денес! Па нека вика утре патронажната ако и се вика. Папочето ни падна пред три дена, а таa вчера беше и пак напомена, ако е паднато папочето, пред месец бањање не Мајка ми сега ќе се израдува кога ќе и кажам давај коритото не ни беше сфатливо ни на двете, ама нели ајде си викаш они повеќе знаат па како ќе речат така. Фала ви мајкички!
Така е во Германија мајче. Баш истото ми се случи и мене со првата ќерка. Прво дете, јас неискусна или недоволно храбра да и пресечам на патронажната па терав според тоа што ми кажуваше. Кои егзибиции ги изведував за детево да го одмијам. Одделно газе, главче, екстремитети... Во втората ќерка со ред си ја фанав работата. Бањав како што ти пиша Китен, внимателно во таа позиција, а потоа папочето го допирав со памучна крпа или тупфер.
@Mari-Ja Мене во болница неколку пати изрично ми напоменаа дека папочето не се штеди од вода и да си го капам слободно. Впрочем и таму секој ден ме викаа да гледам кога ја бањаат и цела убаво ја потопуваа под чешма. После папочето убаво се тапка со стерилна газа, па ставав хидроген да запени и на крај цителиум. Никаков проблем немавме. Инаку не можам да замислам да не се бања бебе, па што убаво ќе му дојде од топлата вода, греотка е. До ден денес не сум промашила ден да ја избањам, некогаш и 2 пати.
Еееј, зошто бе да не се бања целото во коритце или под чешма ако е изводливо. Во болница секое сабајле ги бањат, кога бев на стаж скоро секој ден ги бањав така под чешма, со купка со шампонче. После нежно се тапка по кожата, никако не се трие, а папчето се замотува во газа натопена со алкохол и толку. Прв пат слушам да не се бањаат бебињата.
По паѓање на папочната врвца како и да се вика тој остатокот нели се гледа дупчето, е сега на моево му падна но во дупчето ома некоја слуз и уште нешто, што да правам, му ставив хидроген,друго не знам?