E toa e majki, i nie si se cudime ama taka e ovde. Kakvo banjanje vo bolnica, samo krpa i topla voda i brisi go deteto... kje si go banjame od utre, neka si kazuva patronaznata sto saka. Si kupivme alkohol ke briseme posle banjanje i nisto nema da mu e na papoceto, a i taka e padnato pred tri dena. Fala vi na site
Мајки бебето ми е 11 дена и папучето му се држи уште малку. Вчера изгледаше суво, ама сега го пресоблекував и гледам на него жолта слуз која можеби е гној и малку крв, нормално ли е. Од болница ми рекоа ништо да не го мачкам дома. А 8 дена бевме В болница. Незнам што да правам дали е опасно да го носам на болница?
Нормално е, само треба да се чисти. Јас чистев со 70% алкохол и му испадна за 13 дена. Исто имаше слуз и помина.
Со првата ќерка немаше такво нешто. Со втората еднаш се појави идентично како што го опиша. Напрскав со спреј кој го имав набавено од зегин, помина за 1-2 дена. Кај неа немаше никакви негативни ефекти. Се беше ок.
Ве благодарам на брзите одговори, се загрижив кога го видов така пошто вчера беше суво. Го исчистив со 70% алкохол и му наросив малку пудра за папуче. Сега го оставив малку без памперс, ако продолжи да има таква слуз ќе го однесам на болница.
Мамички, папочето уште не ни е паднато, ставам пудра од денес, на болница нз дали го мачка со нешто. Е сега, дали само од горе да ставам пудра или можам и да го кренам и од долу да ставам?
Ние со хидроген 3постотен го чистевме па со стерилна газа го тапкав и на крај течна пудра само незнам како се викаше не сум дома некаде околу 10дена му беше од кога се роди
Мене во чаир ми рекоа алкохол после бањање, други хидроген и толку....не знам кого да слушам. Вчера имаше мало црно парченце можно е да почне да паѓа?
Јас ништо не ставав на папочето, после бањање го тапкав нежно и кога ја ставав пеленката не го покривав, туку си беше слободно. Падна 1 недела после раѓање.
Малку да појаснам како сега кај нас советуваат за нега на папочето. Додека не е паднато на стапче за чистење уши се става 70% алкохол убаво да се натопи и папочето се третира директно на спојката. Можете да придржувате со рака за убаво да фатите, не се секирајте не ги боли и нема да го искорнете, само нежно. Ова се прави неколку пати на ден. Алкохолот суши и побрзо ќе падне. Откога ќе падне се третира со 3% хидроген. Се капнува убаво да се натопи, од хидрогенот ќе почне да пени. Откога ќе испени се брише со стерилна газа. И ова се прави неколку пати на ден подолго време заради дезинфекција.
Патронажната ми кажа на стапче за уши да ставам хидроген и да го мачкам, дрго ништо. Тоа црното парче треба да падне каде и да е.
На моето бебе кое има 10 дена, вчера му падна папочето. До вчера го мачкав со алкохол 70%. Со што треба да го мачкам сега откога му падна?
Уште неколку дена чисто го со 3% хидроген после бањање дури не заздрави убаво раничката и не се затвори.