@mssuniquee на моето после 12 дена. Врвцата сигурно била многу дебела и и треба повеќе време да зарасне, барем кај нас беше така. Треба само убаво да чистиш и да пазиш на мирисот. Ако мириса лошо, веднаш обрати се на педијатарот или патронажната.
Da da isuseno e skroz.. mu go cistam so alkohol 70% i prasok nekoj mu stavam taka mi rece patronaznata
Прашачето откако ќе падне се става. Дур падне чистиш само со алкохол. Откако ќе падне само со хидроген. Педијатар ќе ти каже дали треба прашоче.
Ке падне кај да е. Јас само со алкохол чистев пред да падне. Кога падна дојде повторно патронажната и го виде. Ми кажа со хидроген неколку пати, а прашок дека не треба.
И на мојава многу и стоеше.. 14дена некаде и една луда докторка и го извади со сила оно одлепено беше на една страна, на другата беше залепено.. од кога и го извади и беше сеуште незатворено, влажно... па само со хидроген го чистев, зашто со пудра бивацин не биваше.. само го затрупуваше и никако да зараснеше...
Има случај каде стои и 40 дена. Па на гак го извадија. Ова е крајност, не би требало инаку толку долго да не падне.
Тука (во Чешка) ѝ го извадија последниот ден во болница, таква им е процедурата. Всушност те прашуваат дали сакаш да го остават или не, ама на 95% од бебињата им ги вадеа дента кога ги пуштаа. Единствено ми препорачаа крема/гел за мачкање, за дезинфекција, 2-3 пати дневно. Сега баш гледам, гелот е австриски, Octenisept, произведителот е Schulke.
Нашето падна по 3 дена откако излеговме од болница. Чистев после капење со 3% хидроген и капнував цителиум од А-дерма.