Исто и јас имам здебелена кожа т.е. мртво ткиво кое се ствара од носење штикли што се не пробав, мој совет има жена доаѓа дома и ти ги средува, 500 ден наплаќа јас еднаш ја викнав задоволна бев ќе ја викнам уште еднаш. Ако сакате ќе ви дадам бр во лп
@CinnamonBambi i @MIA-SK , јас го имам ова само џабе пари , нема никакви резултати. Претходно секако ги држам нозете во вода со морска сол , да омекнат нели и ништо. Денес ке одам да ја купам кремата погоре за испукани стапала па ќе видиме , мајка ми вика дека е добра кремата , се надевам ќе ми помогне
Ме интересира дали некој ја има користено турпијата за стапала на scholl ја видов во зегин околу 270мислам Дека беше па сакав да прашам пред да ја земам..
Користев разни турпии, ама немаше многу резултат. Пробав и со петролеум гел, како ноќна маска за стапалата и имаше мало подобрување. Сега користам шеа путер и сум многу задоволна од резултатите. Го нанесувам пред спиење и веќе наредното утро петите изгледаат подобро.
Од каде во ск може да се купи ваков брич за мртва кожа? http://www.ebay.com/itm/New-Cuticle...hash=item418f15c240:m:m0MiDaVErYhZVA3BEzvYhZA
Морав да ја пофалам кремава. Со две користење на турпиите и мачкање пред спиење петиците ми се како пред 15 години.
Ај предложете ми некоја крема за испукани стапала. Незнам што е ова послениве денови почна да ми се лупи кожата на стапалата?
Лето е, нозете знаат да бидат центар пажња Каква крема користите за справување на сувите делови на стапалата? Од која сте задоволни, а која не би ја земале повторно?
Дали го имате користено путерот на Alverde со био-лимета и био-ехинацеа? Мене воопшто не ми се впива во стапалата...
https://www.instagram.com/p/BYtenQkBHgR/ дали знае некој каде има ваков педикир во Скопје, не за гел лакот, туку за целосниот третман?
Prasanjevo mozebi ne e za tuka no znam deka tuka mnogu cesto se spomnuva pavliceva.Koja e originalna pavliceva mast rozovata ili belata ?
Мене ми е Ок, сите очекуваме чудо но убаво си пишува на упатството дека треба постепено да се отстранува грубата кожа, да се турпија секој ден.