Дали Scholl имаат влошки за рамни стапала, кај може да се најдат и која цена се отприлика? Ако немаат тогаш колку се оние обичните што ги рекламираат?
Ве молам препорачајте ми ефикасна турпија за многу сува, тврда кожа на стапалата, со нормална цена. Како многу слоеви ми се собраа на неколку места и дури ме болат кога газам. Ставам и од кремата на Балеа, но дефинитивно треба прво да се отстрани тој тврдиот дел..
@Luminary турпијава од Авон ја користам со години, мислам дека сега поинаква боја е во каталозите. Кога се туширам/бањам по потреба се стругам со металниот дел и потоа се мачкам со крема за стапала. Ептен сум задоволна, алаткава е life saver.
За да го отстраниш тврдиот дел треба прво да омекне кожата, а и така е побезболно.Редовно ставај од кремот што го користиш и кога ќе биде местото меко триј го со турпија. Тоа што имаш болка при газење може да е жуљ. Се појавува на стапалата, табаните или на прстите. Има ленти против жуљ (3 во пакување) во аптека по цена од 70-80 ден. Јас ја користам двостраната турпија (покрупен и поситен дел) на Орифлејм долго време и задоволна сум. Еднаш неделно ги поминувам петите, ставам крем и никогаш немам проблем со задебелена или испукана кожа. Ако ги оставам, може да се појави проблем затоа што на тој дел кожата ми е потврда. Спојлер: турпија http://img2.mojagarderoba.mk/images/2/12d63b28b68fdd2957df637649976d72.jpg
Поради жуљеви кои ми се прават често имам на неколку прсто задебелена кожа која ми пречи доста. Всушност и поради тоа што се како грпки ми се појавуваат нови. Што би ми препорачале?
И јас сум ептен задоволна. Иста боја е, пред месец си нарачав уште една резервна, и не беше ни скапа, околу 200 ден.
Се наоѓа во Млечен и мислам дека чини 1,800 денари ама јави се препрашај за сигурно. Скапо е навистина ама ако имаш проблем ќе го решат. Работат со стерилен прибор за една употреба и третманот е медицински, не обичен педикир. Спојлер: контакт https://www.facebook.com/studio.naisha
Го имам овој проблем на стапалата сега не знам дали ќе ми излезат жуљеви или е само груба кожа ? Нешо совет за ова ? Прочитав за тие лепенките за жуљви дека се ставаат директно на жуљот и не смеат да ја допрат здравата кожа само што кај мене уште нема формирано кругче...
Мене ова не ми изгледа на жуљ туку на груба кожа од некои многу ниски или неудобни обувки. Те боли или само чувствуваш задебелена кожа на допир? Ако е груба кожа не би требало да те боли, па пробај да ги накиснеш стапалата во топла купка и потоа со турпија нежно поминувај преку тој дел. Намачкај ги стапалата со кокосово масло, облечи чорапки и ќе се среди полека.
Да ама нели викаат дека жуљот имал како црна точка во средина па ако можеш да видиш на сликата има едно како мало дупченце ... инаку не ме боли али ми е страв дека ќе почне и не ќе можам да одам убаво а работата ми е нон стоп на нозе...
Мачкај ги со вазелин. Јас го имам тој на Балеа. Ми ја омекнува кожата на стапалата. А помага и за сува кожа.
Купка со морска сол Турпијање Бебешка помада или Сенсилиз има за пети масло облекуваш чорапи и следниот ден друга прича се
Ги користел некој Parasoftin како сте задоволни? https://www.facebook.com/dm.Makedon...579678007024/1002218473276470/?type=3&theater
Девојки хелп...имам премногу суви стапала...дури ко побелени ми се ..петите , прстите значи хаос. И покрај тоа што често ги мачкам со кокосово масло о хидратантна обична крема . Друго чаре??????