Во еден леген стави топла вода и едно шише топло пиво. Потоа стави ги стапалата и седи така 30 минути. Ова ги омекнува стапалата. Сум го гледала од 5-minute crafts за оние кои што имаат суви стапала.. Ако сакаш можеш да пробаш и сподели искуство ..
@koritsaki претпоставувам до сега си нашла некоја крема/масло што е ефективно Па, ако можеш да помогнеш, кој е спасот за обновување на грубите, суви стапала? Покрај турпиите и пилинзи кои имаат ефект од само неколку дена .
@ванилала хехех оддамна немам пишано на темава кремата на Dr. Scholl ја земав тогаш , ама да ти кажам не ја користев баш често - ме мрзеше а и поради тоа што заборавав и неможам да кажам дали навистина помага или не. Тоа тогаш што ми беа испукани петите беше изгледа некој период за некое чудо само од себе ми помина изгледа проблемот не ми бил којзнае колку сериозен. Ја имам купувано и кремава , ама иако густа - не ми помогна исто така. Мислам дека се си треба редовно мачкање и користење на турпии Сега ко за превентива ја користам оваа крема сакав нешто на природна база си се мачкам секоја ноќ пред спиење и ок е , лесна крема Ако нешто дознаам дека на некој со посериозен проблем нешто помогнало, секако ќе споделам овде
@ванилала Земи си чорапи со силикон внатре, ако неможиш да најдиш тогаш со најлон и лосион од Еуцерин за екстремно сува кожа! Мачкај ги навечер пред легнување, 3-4 дена и петиците ќе ти бидат како на бебе
Јас сум задоволна од кремата на Алверде. Во тиркизно кутивче, од невен/ ехинацеа и лимета е мислам. Прво ги киснам стапалата во топла вода со купка и морска сол, ги турпијам петите и правам пилинг со морска сол и маслиново. На крај ги мачкам со кремава. Ставам од неа и навечер пред спиење по потреба.
Дали обновува или ефектот трае само некој ден? . Каде да најдам силиконски чорапи и отприлика која им е цената?
Не сум сигурна дека го разбрав прашањето. Јас константно ја користам и навистина ми го продолжува времето од еден до друг педикир, а петите не ми пукаат. Со редовна употреба и повремено киснење, турпијање и пилинг на нозете, дава супер резултати, а цената е околу 180 ден. Зимно време ставам дебел слој од кремот, облекувам ќесички, па чорапи и ги оставам преку ноќ. Можеш и сега да го направиш тоа, ако не ти е топло.
Ве молам за помош премногу ми се суви и шкорлави петите.. не личам на девојче... се нервирам многу. Ставам маст од дневен која е премногу мрсна-ништо..кокосово масло-ништо..молам за тело
Во еден леген стави едно шише топла вода и едно шише топло пиво. И стави ги стапалата и седи така 30 минути. Ова ги омекнува стапалата.
Да, па едно шише топло да биде и едно шише топла вода. Пивото од оние обичните стаклените шишиња. А водата од тие шишиња големите од сок. Ова го знам од 5-minute crafts па пробај можеби ќе ти помогне
Pak jas so moite peti ili se suvi ili ova.. prv pat mi se slucuva ova, mi se lupat petite i.prstite. pomos mi treba so sto da mackam.. slika vo prilog