Фала. И како се користи ? стругам петиците на суво ? да не го прашувам него да не ми даде погрешни инструкции, жена подобро знае веројатно ..
Ги омекнуваш стапалата во леген со врела вода, може да ставиш течен сапун, можеш морска сол во легенот. После тоа ги стругаш петите со каменот. Мора да се добро омекнати, за да може да се стругаат. Јас користам турпија на Балеа, за таа цел, супер ми е.
Пробај шеа путер,мене ми е лек за се што чеша и се лупи Изгорениците од сонце [на стапалата и дланките имав и како алергија] ми ги смири буквално за еден ден
Се продаваат ли кај нас и ако има каде, брич за петици? Не знам дали се вика правилно така ама на брич личи.
Никако не би ти препорачала! Со секој слој кожа што ќе го вадиш, ќе се создава нов, подебел. По некоја година стапалата ќе ти изгледаат ужасно. Поготово кај прстите и под палецот. Подобро добро искисни ги убаво нозете и со турпија стругај го само мртвиот слој кожа и редовно користи хидратантна крема за стапала.
Стопала ги средувам со турпија и тоа на суво тогаш повеќе ми излегува здебелената кожа, во споредба кога ми се убаво омекнати стопалата. Но, сепак не е идеално решение Дали имате некоја крема да ми препорачате која стварно помага?
Малку каснам ама го има во дм дрогериите на попуст беше 1499ден.. Исто го видов во ДНА анни гарм аптека 899 д мислам беше..е сеа зошто волкава разлика во цени нз ама мислам истиот шол е... Има исто во дм и брич и посебно тие се продаваат главите (патрони) или како и да се викаат
Фала ти многу, ќе го побарам ако си задоволна. Инаку, читав дека дури после неколку дена кожата почнувала да се лупи, за да не се зачудиш доколку нема резултат одма.
Може прашањево не е за тука ама ај ке си прашам... Вака; Јас на левата нога носам каиш пошто ми е искривен палецот и додека го носам ми се вцрвенува ногата а некогаш ми посинува. Не само тогаш туку кога висам повеќе од 15 минути веднаш левата нога почнува да ми црвенее и да ме чеша. Поради ова во црква неможам да висам повеќе од 15 мин. Ова ми се случува само на левата нога а на десната ми е се океј. Бев на лекар и таму ми дадода хидроциклин маст да ја мачкам ногата секоја вечер пред спиење и тоа го правев скоро еден месец и нема никакви резултати... На сликата можете да видите дека левата нога ми е црвена зс разлика од другата. Некој ако знае нешто во врска со ова нека пише ве молам Позз до сите
Знам дека нема резултати одма. На упатството пишува после 2 до 7 дена дека треба да почнат да се лупат ама ќе видам. Ќе ти пишам за неколку дена како е.