Мене ми личи дека многу ти е стегнат каишот и ти се сопира циркулацијата кон стапалото затоа поцрвенува па посинува. Разлабави го каишто кај зглобот.
Не баш. Јас го пробав. После еден час држење на чорапите на нозе, се излупи сета мртва кожа што ја имав, си ги средив нозете со турпија. Ама еве, нема никакво лупење на стапалата после два до седум дена, кај мене точно седум дена поминаа, ништо. Добив само повеќе сува кожа што ја чувствувам многу затегната иако пред спиење се мачкам со крем за нега на стапала од Авон.
Вака, како прво не ти се толку страшни петите, верувај има и полошо. Те разбирам дека не ти се мазни како на бебе, ама многу креваш паника. Мојот совет е следен: покиснувај ги навечер нозете во многу топла вода во која има една лажичка масло (одбери масло по твој избор, некое бебешко). Потоа намачкај ги со крем - од Др.Тајс побарај го кремот со БОР (околу 220ден.е), http://natusana.mk/natusana-proizvodi/allga-san/allga-san-repair-cream-krem-za-ispukani-peti/ Кремот е поприлично мрсен, затоа не ставај многу и убаво втриј го. Се надевам дека ќе си задоволна, посебно од овој крем мислам дека за 2-3 дена ќе имаш многу видливи резултати според сликите кои ти ги видов.
Си ја стегнала, и тоа си ја престегнала. Логично дека ќе модрее и црвенее, не мора доктор да каже. Од тесни чорапи веднаш се осеќа не пак ова.
Морам сега самата да се негирам, после користењето на чорапите Feel Well на Balea, после седмиот ден почнаа да ми се лупат стапалата. А претходно спомнав дека нема ништо такво. Не знам колку време ќе им треба да се излупат сами, без да го убрзам јас процесот. Паѓаат цели парчиња, не само од петите, туку од цели стапала одоздола, дури и каде што немав проблеми со сува и задебелена кожа. Ќе видиме каков ќе биде конечниот ефект.
Feel Well чорапите на Балеа се лудница! По летниот период, стапалата ми беа прилично оштетени затоа што обожавам да одам боса. Ги ставив чорапите и почнав да се лупам по околу една недела. Се лупев уште една недела, во овој период редовно ги киснев и ги турпав стапалата за да го олеснам процесот. По две недели од ставањето кожата на стапалата ми беше целосно обновена, таков ефект сум немала ни од професионален педикир. Планирам да ги ставам пак за некое време, но не треба повеќе од еднаш месечно.
Сега кога го прочитав ова сфатив колку звучам како Топ Шоп реклама, ама знаете дека не сум Еве ги, околу 250 денари се. Прво ги киснеш нозете во топла вода, па ги облекуваш чорапите и седиш со нив еден час. Ги вадиш и толку, потоа чекаш да почнеш да се лупиш.
Кај мене уште се лупат стапалава, иако со помал интензитет и покрај купките и турпијањето и редовното мачкање. Колку време се лупеа кај тебе?
И јас не гледам нешто ефект кај петите. Кога убаво ќе ги средам со турпија и ќе се намачкам со крем, супер се до следниот ден. После пак пукаат Туку, ми кажаа дека регенератор за коса бил ефикасен кај испукани пети. Еднаш неделно да се намачкаат нозете со дебел слој, и после паѓала сета задебелена и мртва кожа, па стапалата биле мазни. Се мислам и тоа да пробам. Инаку до лани немав толку голем проблем со стапалата. Ама со турпијата на др. Шол се зезнав, ми ги упропасти сосем. Џабе фрлени пари, само штета имам, ќар не видов.
Преферирам да ми се нон стоп средени, лакирани и мазни. Дека имам баш и некој проблем околу сува кожа и слично, немам, така што не ми е и тешко да ги одржувам. Одвреме навреме по некоја топла купка со крупна сол и малку маслиново масло, а може да се деси и да ставам малку крем за тело ако имам жуљеви од штикли и слично. Во глобала, немам потешкотии во нега на стапала и баш ми е олеснително тоа.
@Annath @ванилала @Oxymoron @marama Колку за инфо, парасофтин се на попуст во ДМ, 199 денари се, а редовна цена 309 денари. Ви ги читав коментарите, па ме интересира, каков проблем имавте конкретно со кожата на стапалата? Јас имам проблем само со испукани пети, а сте пишале дека само во тој дел не биле ефикасни, па не знам дали воопшто да ги земам чорапиве. Турпијање и крема помагаат, не знам дали да ризикувам лупење на цели стапала, а и онака му звучи премногу крипи. Кога веќе сме на темава, од која крема на нозе сте најзадоволни? Барам некоја ептен мрсна крема, предлози?
@Rebecca_R добри беа чорапите ама кај петите не забележав голема разлика. Кремава не е многу мрсна ама е одлична. Кога редовно ја користам имам меки стапала ама често ме мрзи
Мене ми се сега супер. Мазни како на бебе. Да, цели стапала се лупат одозодола, ама не е толку страшно. Петите сепак не се излупија целосно, ама не ми се груби. Јас пак си продолжувам со редовно киснење и турпијање, ама порано после два дена петите ми беа рапави, сега ми се мазни. И мислам дека тоа е од чорапите. А за нега, користам крем за стапала од Планет Спа на Авон. Поточно ноќна нега пишува на кутијата, ја имам долго време, ама верувам дека може да ја има во каталогот. А добар ми е и кремот на Балеа со уреа.