Фала ви многу @marama и @Annath Мене петите со турпијање еднаш неделно се сосема океј. Сега кога е ладно и кога носам чорапи ги средувам еднаш неделно а ги мачкам секој ден, најчесто пред спиење. Имам два типа на турпии - едната е за нежно турпијање а едната е за грубо турпијање. Правам купка со крупна обоена сол а потоа турпијам со груба, па со нежна турпија. Спојлер Преку лето им посветувам повеќе внимание, односно еднаш неделно правам купка, а по потреба во текот на туширање ги средувам набрзинка. Tаа на балеа со уреа не ми се допадна, ама оваа и авон планет спа баш ке ги погледнам (планет спа ако имаат попуст - супер, ако не ке чекам некоја убава понуда).
Најпрво фала на информацијата - можеби следно би ги зела Парасофтин. Го имаат сличниот состав и дејство со тие на Балеа, па зошто да не заштедам 50 денари Да не знае некој чие производство се? Чорапите на Балеа мене ми го излупија целото стапало, сосе петата. Е сега можеби не сум репер затоа што петите не ми беа ептен оштетени, пооштетен ми беше горниот дел и околу прстите, но ни тие не ми беа сјајни. Вреди да се проба, а лупењето воопшто не е creepy, мене ми е баш satisfying Мене сите креми ми се слични, само гледам да е некоја помасна. Моментално ги мачкам со еден стар балсам за усни Мислам дека е поважно религиозното мачкање и носење чорапи отколку типот на кремата. Секако би сакала да слушнам ако постои некоја крема за стапала што му го сменила животот на некој
Нема на што, барајќи крема ги погледнав и чорапите, а попустот не е баш занемарлив. Мене целото стапало ми е совршено мазно, освен петите, па лупењето на здраво ткиво ми е многу крипи. Јас до сега немам користено крема која е доволно масна, сега ми текна дека можеби павловичева би можела да заврши работа? Мене вазелинот, кој е прилично масен, не ми одговара, дополнително ми ги поти стапалата а не се покажа како ефикасен.
Павловичева ќе ти заврши работа Намачкај дебел слој, облечи кесички и чорапи. Верувам дека ќе имаш добар ефект. Јас и од тиркизната крема на Алверде сум многу задоволна. Не е многу мрсна, ама многу негува.
Јас го препорачувам третиот производ. Го имам и го користам. Додуши не редовно, повеќе во лето, тогаш ми се упропастуваат стапалата повеќе. Еднашка и на лактот си ставив , рапав ми дојде, па супер делуваше. Само малку јак мирис има кремов.
Розевата што пишува Витаминска и е со бебенце. На Галафарм мислам беше. Оргиналната павловичева ми е многу скапа за да ја мачкам на стапала
Девојки, бидејќи сега одам на фитнес а времето е топло, стапалата ми се цело време испотени, помош некоја или да ставам нешто во патиките?
Јекодерм е најдобар за суви пети.Ем ефтино, ем петите како бебешки ги прави.Проверено .Сум пробала секакви видови на креми и ништо не помага како јекодермот.Мириса малку ама навечер ги мачкам и облакам чорапи.
Од пред некое време почна да ми се лупи тенок слој на стапалата, поточно делот кај прстите. Дали некоја имала ваков проблем? Спојлер [ ][ ]
Да јас имам такво искуство.. Стави во еден леген пиво и топла вода. Стави ги стапалата и седи така 30мин. Ова мене ми помогна..
Да не се чудиш ако ти ја влоши состојбата со петиците. Ќе се средиш, следниот ден уште поиспукани, пак ќе се средиш, пак испукани, ужас. Никому не го препорачувам, така ми стои. Само класичен педикир, ова можеби е измислено за брзо средување, ама ја упропастува кожата, за жал.
Кои чорапи се поагресивни, Парасофтин или Балеа? Стапалата ми се навистина во лоша состојба и сакам да ги опоравам пред да почнам да носам отворени чевли.
Дали може да споделите искуства за педикир во салон? До сега немам пробано, сум ги средувала ноктите сама. Колку време ви стои педикирот и на колку време треба да ја повторам постапката, дали го прават со гел, како се движат цените?
Си правам купка со млака вода, морска сол и гел за туширање, потоа ги турпијам петите и останатите делови од стапалата, каде што има потреба, на крај мачкам со некоја помрсна крема и облакам чорапи.
Здраво женски едно прашање за тие што ги користеле Парасофтин чорапите дали помага и за жуљеви ? Или ако имате некој лек за жуљеви да ми кажете ❤
Другарка ми купуваше од аптека и dm ханзапласи што содржат киселина против жуљеви, а за целосно да ги излечиш мислам дека не постои нешто.