Ханзапласт за жуљеви од аптека. Јас ги купив од Србија за моја блиска личност и и’ помогнаа, ги излечи целосно.
Имам остатоци од стари жуљеви на прстите како планини се и многу ми е непријатно. Има некој начин да ја намалам видливоста? Не очекувам да исчезнат, но барем нешто што би помогнало.
Јас ги правев долго со таков брич и ми се случи точно тоа - создавање на нов подебел слој. Сега сакам да прашам дали некој знае како да ги вратам стапалата во нормала? Од која крема за стапала сте најзадоволни? Сте ги користеле тие на Авон?
Кажете нешто навистина ефикасно за испукани пети и многу ми е испукано под палецот Едноставно гребам со петите и палецот И со купки сум пробала, со пиво со турпија потоа па павловичева ама исто цела вечер ги држам во чорапи со павловичева исто ко ништо да не сум правела Сакам нешто кое навистина ке ми помогне небитно колку пари е само да не си ги гледам нозете вакви Не што ми е груба кожата туку веке се гледаат и подлабоки шарки кои се испукани длабоко веке
Јас ти препорачувам прво да отидеш на педикир кај козметичар, па после дома редовно да си правиш пилинзи и сувата кожа да ја отстрануваш со турпија.
Од Алверде путерот. Убаво мириса, густ е, ама добро се впива во кожата со масирање. И мајка ми го бендиса, и се подобрија петите, а и беа испукани и многу тврди, дури како расечени линии имаше низ нив. Мислам има и крема со истиот состав, помало пакување.
Првата е предобра, јас сум презадоволна. Каде што ми се имаа направено груби топчиња од тесни чевли, полека ги омекнува и се повлекуваат.
Сум ги пробала скоро сите и од оваа сум убедливо најзадоволна, премеки ги прави стапалата. И путерот од Алверде од погоре е супер, нема да згрешиш.
За жива глава неможев да ја најдам истата како на сликава кај нас во dm. Ја пробав ова И задоволна сум, не е резултатот ист како од другата препорачана од Моника. Ама добро е. Си ја купив оваа крема и позадоволна сум. Изгледа оваа зелената линија им е подобра и поефективна.
Девојки после педикир стапалата ми е беа супер околу еден месец потоа никакви ми станаа редовно со турпија дома ги стргам им ставам крема во кесиња и чорапи и пак никако да ми бидат меки, а згора на се почнаа да ми се појавуваат и како линии почнуваат да пукаат Дали има некој спас или да си одам пак на педикир, бидејки почнува да ме нервираат баш сега летно време
Здраво девојки Се одлучив да одам на педикир, па сакав да ве прашам дали тоа вклучува и средување на стапала или само нокти (дека ептен ми се испукани стапалата а имам и како кристали па сакав тип топ да ги средам)? Од Скопје сум, па ако може да ми препорачате некој добар салон. Не мора да е најелитен, ама најважно ми е да работи чисто. Фала ви однапред.
Парасофтин чорапите ги видов на реклама. Каде се купуваат? Во аптека? Колку чинат и дали помагаат? Турпиите за пети колку чинат и каде може да се набават?
Некој лек за искривен нокт на палецот? Многу се закривува и влегува во месото, па ужасно боли. Знам дека треба да се сечат право, но повторно истото ми се случува
Дали знаете да ми препорачате добар педикир во Скопје? Имам калуси на стапалата, колку и да ги тријам со камен и да ставам креми џабе..