Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Нега на стапала

Дискусија во 'Тело' започната од Lilit, 28 декември 2009.

  1. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    На козметичар бев само два пати за педикир, чисто да ја научам убаво лекцијата како се прави добар педикир ;)

    Имате убав квалитетен а ефтин прибор за педикир во Бјути Шоп (германски е а ефтин)
    Јас си земав ренде за стапала од Бјути и ептен ми се погоди, а имам турпија од Scholl и не сум нешто wow задоволна со оглед нека не е баш ефтина очекував повеќе.
    За кожичките користам мала ножичка од Зегин ја купив околу 280 мислам дека беше (Fe пишува турска фирма е, ама многу е квалитетна).
    А лак користам во зависност од расположение

    Ако не правам педикир имам ептен проблем со грубата кожа која ми се таложи на стапалата, па затоа гледам да најдам време за да си направам добар педикир (кога го правам си го пуштам мозокот на пасење ептен се релаксирам :lol: )

    Џабе е да ги имате најубавите сандали на светот ако ги облечете на несредени стапала.
     
  2. Queen.S

    Queen.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    606
    Допаѓања:
    381
    Јас пред 3 години бев на педикир у козметичко студио!! И искрено се каам што отидов...груба кожа немав...се додека не отидов !! Пети од бели после црни ми беа...Со она рендето катастрофа петти и кај палците ми ги направија стапалата..а баш си имав меки и убави :(

    Сега морам да си правам педикир сама...Нема шанси на козметичар да идам....Си го купив она јајцето и ми е супер....само непотребна кожичка се отсранува... :!: Без колење и крвови со рендето :D
    Прво си ги ставам у млака вода....па си ги мачкам со павловичева маст и у кеси ги држам полоивина час...абе за мерак ми се после :$
     
  3. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    Немам проблеми со кожата на стапалата, но сепак ги одржувам исто како и рацете.
    На педикир и не одам, баш поради таа причина која ја спомна и Квинчето, па така дома со турпија за нозе еднаш неделно си ги поминувам стапалата убаво, и ги мачкам со кремови од Орифлејм.
    Значи Орифлејм можам за се да го искритикувам, ама за кремите за стапала, збор немам. Ептен сум задоволна од темно зелениот крем за навечер, пред спиење, од авокадо. Абе ептен ти ги прави мазни стапалата, и мириса на ментол. Исто го имам и кремот за одмарање на стапалата, па крем за стапала за во зима... :lol: опседната сум со кремовите за стапала :$ , и од Авон имам пилинг и гел за миење. Не ми мирисаат тие баш најдобро, ама ги туркам некако, време е да ги сменам |(
    И да, ноктите на нозете мора секогаш да ми се лакирани, или бордо црвени ми се (преку зима), или во некоја драч боја летно време (зависно какви ми се ноктите на рацете). :)
     
  4. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Јас разбрав дека на педикир од рендето навистина многу е потврда кожата на петиците, затоа девојки ако одите, треба да им се потенцира на дотичните да не ви ја рендаат кожата на петите, за да не ги изрендате после вие нив! :)
    Јас кога не ме мрзи практикувам самата да си направам педикир, домашен, си ги купив сите турпии и миризливи тракатанци, така да немам проблем.
    Си ги мачкам со некој путер со мирис на ментол и портокал, и ем ми се меки, ем убаво мирисаат. Абе да ти е милина да собуеш кондура :lol:
     
  5. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    Девојќи ме чудат вашите негативни коментари за педикирот на козметичар, можеби не ви се погодила козметичарката, незнам.
     
  6. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.284
    Допаѓања:
    1.894
    Hе сум правела педикир кај козметичар никогаш,сега ме намисливте да отидам :D инаку користам производи од The body shop пилинг за раце и стапала,и турпија изгледа како сунгерче ама многу јако е,и на крај мачкам со вазелин или нивеа крем и чорапчина.тоа е се :)
     
  7. CoverGirl10

    CoverGirl10 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2010
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    2.915
    Пол:
    Женски
    имам личен педикир и многу ми има помогнето и многу ја сакам :)
     
  8. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.196
    Допаѓања:
    156.809
    Јас еднаш неделно си ги киснам во топла вода со морска сол и содабикарбона.Си ги рендам со педег,па со ренденцето од авон и после со фина турпија.Им правам пилиг со пилингот од авон,ги чистам ноктите со четка за нокти,убаво ги турпијам на аглите,затоа што имам проблем со зараснување во месо и секогаш ги лакирам со пастелни бои (беж,нежно,млечно розе) или црвен лак.На крајот ги мачкам со измешана павловичева,вазелин и крем од авон и понекогаш им додавам згмечен аспирин (поим немам зошто,мајка ми го прави тоа,па и јас,не дало нус ефект до сега :D ),ги виткам во кеси,дебели чорапи и отспивам со нив.
    А инаку секое бањање им посветувам 2-3 мин.за подрендување и задолжително ги сушам со убаво бришење,не ги оставам сами да се исушат и ги мачкам со крема.
    Многу посветувам време на стапалата,слаба точка ми се.Никогаш не сум имала проблем со груба,сува и испукана кожа,дури некогаш толку многу ми е истенчена и мека(обично тоа е летно време опсесивно ги средувам),што ме боли кога газам,па мајка ми ме кара дека е нездраво,можда сака да каже дека јас сум нездрава што тоа го правам ( :D ),а дечко ми ме зеза дека ми се петите како лупени компирчиња! :D

    Вака кога ќе се замислам,имам некој фетиш со стапала.Кога се носат сандали,секогаш девојките по град ги гледам во стапала.Нема ништо поубаво од мало,женско стапало,убаво негувано и налакирано.Иииииих! :D
     
    На footfetish му/ѝ се допаѓа ова.
  9. gami

    gami Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    127
    Јас си ги средувам сама стапалата. Значи топла водичка, турпија и на крај од млекото за тело им ставам. А, и ќе заборавев, секогаш ми се излакирани ноктите на стапалата, без разликта дали е зима или лето. Така поубаво се чувствувам :)
     
    На done му/ѝ се допаѓа ова.
  10. red

    red Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2010
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    130
    Пол:
    Женски
    еднаш во неделaта обавезно ги турпирам, стално ми се налакирани и секој ден им нанесувам крем за нозе, значи сама ги средувам :D
     
  11. pufi-cufi

    pufi-cufi Популарен член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2010
    Пораки:
    382
    Допаѓања:
    1.764
    одам на педикир обавезно еднаш неделно...релаксација невидена :up:
     
  12. MeLL

    MeLL Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2010
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    85
    Девојки ај препорачете ми некој добар крем за стапала :D
     
  13. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.853
    Пол:
    Женски
    ^^Павловичева :D Нема да ти ги измазни ништо друго поубаво :D Добро, јас го користам еве од авон, тој што е за хидратација на стапала, арен е. Ама сепак павловичева :D
     
  14. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.545
    И јас посветувам доста време за нега на стапалата.Користам пилинг за стапала од Орифлејм,имам и турпија и четка за стапала.Ги држам во солена вода еднаш до два пати неделно, правам пилинг редовно и ставам павловичева маст која најмногу ми ги омекнува :) Понекогаш ги ставам во ќеса, па облекувам чорапи и така си спијам..а утредента ми се многу мазни и меки.И да секогаш ги лакирам, најчесто во црвена боја :)
     
  15. ehrgeizig123

    ehrgeizig123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2010
    Пораки:
    427
    Допаѓања:
    157
    1-2 пати неделно им посветувам внимание на моите мили стапала :D Прво со турпија, па со пилинг и на крај со крема. Практикувам и да ги оставам нелакирани 2-3 недели бидејќи негде прочитав здраво било и тоа, па ај да пробам и јас :)
     
  16. Name

    Name Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2010
    Пораки:
    1.433
    Допаѓања:
    880
    Пол:
    Женски
    Епа си ги мијам нозете во топла вода, ставам внатре морска сол и уживам 10тина минути.
    потоа ставам добра мрсна крема и облекувам чорапи. [​IMG]
     
  17. Shery

    Shery Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.053
    Допаѓања:
    5.085
    Педикир си правам сама и многу ме релаксира
    Сега зимно време послабо пошто студи и гледам кога се туширам да завршам што е можно побрзо :D
    Инаку најчесто почнувам со тоа што ќе ги оставм нозете во топла вода во која има ставено морска сол, потоа правам пилинг (го купувам од орифлеим) потоа ставам маска (авон) и оставам да се исуши.
    Па лакче за нокти најчесто црвено
    И за крај крем за омекнување на стапала и завршена работа
    После сето ова кожата е многу мека!!
     
  18. slobodka

    slobodka Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.124
    Допаѓања:
    2.712
    Пол:
    Женски
    Сама си правам педикир.Си имам цел прибор за таа намена, си имам жилет специјален за педикир и машинче за маникир и педикир и си купувам пилинг за стапала.Педикир правам 1 месечно, а процедурата трае повеќе од 1 саат.
     
  19. butterfly.93

    butterfly.93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2010
    Пораки:
    1.099
    Допаѓања:
    655
    Секоја вечер ги ставам стапалата во сад со вода со морска сол, а во убавина и здравје прочитав да се ставаат загреани камчиња во садот со вода. Па вечерва ќе го пробам и тоа :D . За крај педикир и потоа хидратантна крема.
     
  20. budala.sum-pa.sto

    budala.sum-pa.sto Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    565
    Допаѓања:
    199
    Си ги мачкам со вазелинче секоја вечер и мекички ми се ;) :)