Овие со зелени ливчиња на пакувањето ги користев. Има и едни други Балеа чорапи, ама тие се за омекнување само, како маска.
Не ги бива веќе тие на Балеа, порано беа подобри. Последниве два пати што ставив, ко ништо да не било, дури ни лупење немаше.
И јас го имам истото искуство, ама може тие на Feel Well да се подобри. Зедов едни други и немаше ама баш никаков ефект. Овие ги немам одамна видено во ДМ, а баш барав на Fell Well.
Ги немам побарано од зимава, не ме чуди да ги повлекле. Штета ако ги нема веќе, навистина беа одлични.
Ги негувам со одење еднаш месечно на медицински педикир. Дома само кога си правам пилинг на тело, она што паѓа го користам за стапалата. Ако ми се суви било каков лосион ставам.
Препорачајте добар третман на стапала во Аеродром. Цело време одам боса и петите ми се решето. Сама не можам да ги средувам оти сум бремена. Однапред ви благодарам! Каде одиш на медицински педикир?
Одлични се овие пилинг-чорапи. Ако ги купуваш, види во Зегин можеби се поевтини, зашто во ДМ обично се поскапи.
Предложете ми машинче за пети, раце ми паднаа од стругање со онаа обичната турпија. Во ДМ Капитол нема, не знам дали таму немаат или општо ДМ не држи такви производи.
Од такво машинче мене ми се влоши ситуацијата со петите, одвај ги средив. Како се залетав, демек полесно ќе ми е, ама јок, полошо излезе, постојано распукани ми беа, па морав секој ден да ги поминувам со машинчето, како во некој круг се вртев, никако да ми бидат средени ко што треба. Џабе и креми што ставав. Ова е мое искуство, не мора да значи дека кај сите ќе е така, ама морав да споделам, оти читав и за други вакви искуства.