Одам на парафински третман на стапала и не сум задоволна. Немам проблем со испукани пети, ама имам задебелено како едно цело кругче на делот испод прстите на стопалото. Ми рекоа од носење ниски балетанки со многу тенок ѓон. Искрено, не помнам кога сум носела такви, но поентата ми е дека џабе фрламе пари и кој е во можност мислам дека најефикасен би бил медицинскиот педикир кој за жал во мојот град сеуште го нема. Решив отсега сама да си правам пилинг дома на стопалата, од Балеа се добри и пилингот и маските, чорапите ги немам пробано. Претходно со крупна сол за купка во топла вода во леген нозеве, после пилинг и турпијање со рачна турпија, а имам и електрична дома. Се извинувам на долгиот пост, само сакав една топла препорака да не фрлате бадијала пари за било кој вид на педикир третман, освен медицинскиот.
Нека ти постојат во топла вода нозете за да омекнат убаво и види стави фластер за жуљ ( мислам дека тоа е??)
Здраво драга јас сум против било каков третман па дури и медицински. Исто така сум против турпија и стругање на пети. И јас порано сум користела турпии додека не сфатв дека најважно е добра купка и одличен крем без парафини. Купката може да биде домашна со морска сол, маслиново масло етерични масла, а како крем мене најпогоден ми бил овој путер
Зенски помагајте петите ми се многу рапави џабе ги стругам коа испагам од купатило пак исти и многу жулеви ми се појавиа на нозете, плус и на палецот како дебело месо имам сто да правам нркоја крема маст несто ве молам.
Женски здраво. Ке ве молам ако некој има решение за габична инфекција на ноктите на нозете? Некој медицински или козметички третман?
Exoderil капки или Nailner пенкалце или лак има, побарај во аптека. Само треба редовно да се употребува, според упатството, без прескокнување. И многу трпение, треба целото заболено место да израсти, да порасне здрав нокт.
Мене не ми личи на жуљ, туку како сува, испукана кожа. Така ми стои од сликата. После миење со топла вода да ти отстојат, мачкај ги со некое масло или крема за таа намена.
Кристали за бањање се од мед и лилии,ги ставам во масажер за нозе и го полнам со вода да не е ни ладна ни топла водата. Ги чувам нозете од 15 до 30 минути,после со турпија ги стругам нозе и на крај ставам од кремата на Алверде 5 во 1.Да мене ми ја омекнува кожата на стапалата .И стапалата ми се меки на допир.Еве го масажерот.
Ме интересира дали се ефикасни некои од маските за стапала на балеа или некои од кремите во дм? Вака кога е топло ептен осеќам болка во стапалата нелагодност и топлина ,не знам што би можела да користам да се ублажи таа непријатност
Јас користев крема од балеа ама немаше никаков ефект. И сега ставам Бекутан. Само што е лизгава па внимавам да се упие па потоа да одам по плочки на пример
Девојки ај предлог маска за стапала од ДМ ама не од тие што се лупи цело стапало, туку некоја да ми ја омекне кожата малку и да ми ја хидрира. Многу ми е сува кај петите. И да е безбедна за доилки
Земи го Балеа вазелинот, убаво намачкај ги стапалата и завиткај ги во најобична кујнска стреч-фолија. Облечи си чорапи и држи ги така 40 минути минимум. Топ е ефектот потоа, кожата станува многу мека.