Користев летово една крема од Стокомак, од Полска што е тој брендот Bielenda. Нешто најдобро за стапала до сега, за мене барем. Правеше како маска/филм на стапалото, заштитуваше од потење и 10000% спречуваше непријатни мириси. Е, сега, со оглед на тоа дека беше производ кој само одреден период го продаваа (веќе го нема во продажба кај нас), барам препорака за нешто такво, слично. Значи, да има и убав мирис, и да заштитува од потење.
Девојки каде можам да купам онаква спа машина за стапала како по салони што имаат со вода? Најдов некоја страна фибер.мк таму има ама не знам што страна е дали е веродостојна. Скопје некаде има да се купи? Ви благодарам од напред
Препорачајте нешто за испукани пети? Некоја крема маска или било што за омекнување… Турпирање само не ми помага
Не најдов конкретна тема па ќе се обратам тука, имам проблем со ноктите на нозете, многу ми се кршат, на едната нога големиот нокт од летото ми е распукан на пола, го сечам и пак си расти така распукан, на другата пак сега приметив дека е пукнат на среде плочка и се познава дека е влезен воздух. Што да правам, користам не знам, пишете доколку имате некоја препорака.
Пробај со масло од чајно дрво. Ќе капнеш две - три капки и ќе го триеш ноктот. Ова се прави секоја вечер.
Истото мене ми се случува и барам чаре. Таман ќе ми пораснат, убава форма имам и се, и пукаат и се кршат сред плочка. Почнав да ги мачкам со масло од чајно дрво па ќе видиме ефект.
Искуства со медицински педикир, препорачајте ако сте правеле некаде? Јас не сум задоволна од досегашните, сакам да сменам.
Јас со медицински третман пробував подолго време и првичниот резултат е супер, но за многу кратко време се враќа се исто... Сега ја земав од ДМ Healthy Feet плаво пакување по интернет многу ја фалеа, за 3-4 дена користење е одлична, да не кажам досега најдобро ама ке видам како ке биде па ке споделам искуство. Малку поскапа од другиве креми околу 1100 денари беше мислам ама ако помага не ги жалам. Ако некој има повеќе искуство со кремава нека сподели.
Колку често ја користиш? Сега читав reviews за кремава, сите се воодушевени и богами од сликите пред и потоа што ги имаат ставено резултатот е баш WOW... секој ден користење треба за да има ефект.
Не знам колку е правилно сепак ја користам само 5-6 дена, но јас ја користам навечер, и спијам со чорапи зашто така прочитав на интернет дека е најдобро за да не ја бришам при спиење. Но планирам веќе да ги исфрлам чорапите за да видам дали има некоја голема разлика.
Така и читав, обавезно пред спиење со чорапи. Повеќето пишуваат дека резултати виделе после 2-3 недели конзистентно користење на кремата. Ајде баш пиши за некое време како си задоволна и дали има резултат, и јас барам спас за стапалава...
Засега може да кажам најдобро нешто што сум пробала, имав доста суви и тврди делови, а и доста пукнатини на петите кои скоро и комплетно да ми зараснаа. Во еден момент почнаа малку како да ми се лупат изгледа кога започна да се обновува кожата, ги истругав еднаш, не знам дали е во ред тоа што го направив ама битно е дека ми се засега 90% опоравени. Се надевам дека и тебе ти помогне па ке споделиш искуство.