Јас ја земав таа како во кутија, само таа ја видов во ДМ, а и таа ја гледав на интернет, не знам што е разлика и какви се другите. Не е мрсна како вазелин, па да не можеш да легнеш зашто насекаде ке исфлекаш. Има доста густина а кога ќе ја нанесеш чувството е како да имаш ставено некоја обична крема. Јас сепак ставав чорапи за да не ја бришам при спиење, но тоа првите 5 дена, сега веќе не.
Jas preska gi probav tie od dm corapi piling zelen caj i nane od korejska kozmetika e sega ke vidime kakvi ke mi bidat stapalata
Како си задоволна од кремава за стапала? Јас ја видов во дм ама некако скапичка ми дојде па да знам дали вреди да ја купам. Генерално не ми се испукани воопшто стапалата знаат само некогаш кога носам долго папучи.
Малку доцна ми текна да си закажам, следната недела ќе одам на мини одмор, и во промедика ништо немаа слободно. Дали би можеле да ми препорачате некое студио кадешто прават медицински педикир и сте задоволни?
Јас почнав да одам во Велвет и сум задоволна, од односот на вработените многу се културни и нормално како ќе те средат ,како сакаш така ,моја препорака
Во кој ДМ ја има, не може да ја најдам? И дали некоја има електрична турпија за домашна употреба, вреди ли да се купи?
Јас обично немам проблем со стапалата ама од летото веројатно дека носев влечки нешто ми се зафркна… Ги киснев во топла вода, ставав вазелин крема ама не ми омекнуваат..сега и зимно време уште погруба кожата ми стана и како исушена многу. Некое брзо решение?
Јас дојдов да си го искажам своето незадоволство од velvet козметички салон кај пекара Силбо во близина се наоѓаат ...собрав сила сега да пишам иако ова беше случка од летото ,ама толку се разочарав што не сакав да се присетувам (може претерувам ама секако ќе споделам ) , добив ваучер за роденден за педикир јас пресреќна така ,си викам супер ми требаше нешто такво , одам таму ок девојките фини се , се додека не почнаа да прават ,ајде ок што едната девојка цело време сликаше не ми сметаше на почетокот ама цел термин таа сликаше работи во салонот , може и мене ме фатила небитно, имав третман со парафин мислам , парафинот сеуште не се направи како восок нели и треба да стои , мене ми го тргнаа за дали 5мин изгледа брзаа , хоророт сеуште траеше кога дојде до лакирање на ноктите, ми ставија лак и девојчето ми рече да станам ? Викам ок , ќе почекам да се исуши на друг стол , ми рече не не суво е веќе си мислам па минута не помина ? Ми вика облечи си ги чорапите готово си викам ајде може е некој лак што веднаш се суши , луѓе јас дома кога дојдов, бев ушљакана од лак , ноктите на нозете не ми личеа на ништо, веднаш земав ацетон и ги средив , додека другарка дојде да ми ги види ноктите како ми ги направиле исто и мајка ми кога ме прашаа ептен глупо се осетив, се разочарав се изнервирав, што ми е криво што не сликав и не им испратив веднаш слика ете тоа ми е криво од денешен аспект вака кога ќе ми текне зашто ме сликав какви ми беа ноктите и не им испратив !!! Ама толку бев нервозна бидејќи следниот ден требаше да одам на одмор и не сакав да си го расипам одморот , едно тешко разочарување сте ВЕЛВЕТ следен пат ако некој ми даде ваучер за кај вас ќе отидам да си ги барам парите и да барам друг салон ! Никогаш повеќе.
Јас имав ваква слична случка ама беше маникир, ноктот ми пукна а на другиот нокт ми се разлеа гелот, се вратив ми понудија нов маникир или рефундација,си ги земав парите нормално назад.Можеби била нова, можеби била почетник ама мојата дневница да ја оставам така и да не сум задоволна секако дека ќе се бунам.Во моментот, во истиот ден се решаваат вакви работи после веќе касно е
Исто , кај ВЕЛВЕТ ? Знам, дека требаше да реагирам ама не сакав да си го уништам одморот и не верувам дека ќе ми предложеа рефундација