Морка сол, турпија за стапала, пилинг и павловичева маст мене ми завршуваат работа Секогаш кога се бањам си правам сама педикир.
Во салон на педикир еднаш имам отидено,чисто процедурално, а од тогаш дома си ги квасам. После банање откако добро ќе избабрат ги тријам со камен, обавезно целото стапало а посебно во зоната под прстите, кај што местото ми е склоно кон стварање жуљови. Купив масажер кој како опција има тркалце со грапава површина за петите и со него ги шлајфувам. Павловичева маст и со камилица за раце ја користам и за стапала, а за добро впивање спијам со чорапи. Тоа само кога денот го посветувам на нив. Налето почесто а зимата пореткo ги тимарам и од годинава како што почнав да практикувам сауна, помеки и помазни никогаш не ми биле. После стапалата, преминувам на нега на најтешкиот дел – негата на ноктите. Ако ги лакирам со прозирен лак, обавезно, ги турпирам по целата површина, оти се познава оној природен заматен изглед на ноктот. А вака му даваш сјајче и белина, како чиста основа за нанесување на лакот. Кога немам време или ме мрзи, ги бојадисувам во црвен или мастило боја лак, али обавезно поткастрени. Инаку моделот на ногата посебно не си го обожавам, имам испакнати вени и големо стапало, а предниот прст ми личи на глава од желка. Па се трудам колку толку ако не ми се лични, бар да се негувани. .
Педикир и Маникир Најповеке поради темава си отворив и јас профилче,ме интересира некое место за правење нокти(значи на твои нокти),да е во скопје,и цените да не се забегани..благодарам однапред девојки
Ми треба совет помош ... Стапалата редовно ми пукаат стига дури и до ранички мали кои болат ужасно . Чаре некакво во вид на крема, некој домашен рецепт итн...
Бабински рецепт Чувај ги во млака вода со камилица и малку лимон исцеди. или па во солена вода или со кантарионово масло ако сакаш препарати мачкај ги со павловиќева маст имаш полно креми за нега на стапалата, јас користев од Авон исто и од hemel квалитетни се кремите и потфаќај ги од време на време со турпија
Имам проблеми со груба кожа па сега скоро си купив интензивна крема за отстранување на плускавци и груба кожа од стапалата од Авон па ќе видам дали има резултати...
Секогаш после бањање ја отстранувам грубата кожа со турпија,и ги мачкам со кремот од орифламе,баш е убав и мрсен е ги прави меки стапалата.користам и пилинг исто од орифламе ама нема некој забележителен ефект,ко џабе да го користам ми е.и секогаш ми се налакирани ноктите и тоа со црвен лак,и зиме и лете
Јас ваков пилинг за стапала користам моментално и задоволна сум. Ги држам стапалата во млака солена вода, правам пилинг, ги средувам со турпијата и потоа ги мачкам павловиќева маст. Ваквиот третман ми е добар не би го менувала.
Ги негувам стапалата исто колку и рацете. Зима или лето сосема небитно ноктите од стапала ми се секогаш налакирани (можеби и претерувам) Немам проблеми со габички и груба кожа. Се грижам и за обликот на ноктите. Не сакам да бидат нерамно исечени па редовно ги турпијам. Затоа и реков дека колку водам нега за рацете, толку и за нозете. Имам еден проблем на палецот од левата нога имам еден израсток (ако воопшто можам така да го наречам) Не е брадавица, повеќе личи вишок кожичка со празна внатрешност. Го имам откако знам за себе. Што се не му направив, го исеков со грицкалица за нокти, со ножички и кога го отстранувам не чувствувам болка. Подоцна ме боли раната која си ја правам. Откако раната ќе зарасне, повторно ми се враќа. (како мало топче е) Не дека е нешто бог знае колку приметливо ама ми пречи. Посебно кога е лето, не сакам да се гледа. Има ли некоја како мене, да ме посоветува како да го отстранам? Не знам што да му правам? Сакам да исчезне
Јас имам на едното стапало повеќе мртва кожа,посебно на глуждот од левото стапало,не е кој знае колку,меѓутоа немав на петата на истото,ама еднаш со Rielax & Tone се поминав и ми се направи....... ве молам кажете ми нешто против мртва кожа ама да не ми се прави повеќе од ова што си го имам оти ке си пукнам
Марина, пробај после секоа капење да ги мачкаш стапалата и глуждовите со павловичева маст и потоа облекувај си памучни чорапчиња. Не ги турпирај често загрозените места, подобри ефекти се постигнуваат со константно нанесување на витамински, мрсни кремчиња. Драстично би требало да ти се намали таложењето на мртва кожа. Барем кај мене ваквиот едноставен третман имаше многу позитивен ефект, се надевам дека ќе ти делува и тебе
Фала многу,значи не сум единствена на која турпирањето на кожата се одразува негативно,знаш тогаш за тогаш е супер ама после почнува лошото.... фала уште еднаш ке пробам
ги одржувам со турпија имам една груба како ренде и една двострана, секогаш кога се туширам обавезно ги поминувам и на крај мачкам со вазелин и така една недела сум мирна .
До пред извесен период немав никаков проблем со стапалата и покрај тоа што не ги негував нешто посебно освен што ги мачкав со мелко за тело или обичен крем! Но откако почнав секојдневно да минувам 7 часа на штикли забележувам груба кожа на пределот кај палецот,глуждот,(не знам баш да опишам каде ) ,онаму каде паѓа целата тежина кога сум на штикли! Најпрвин помислив дека е до чевлите,но истиот проблем си го имав без разлика кои чевли ги носам! Мојата нега на стапалата подразбира 20 минути покиснување во топла солена вода,потоа следи каменот и на крај голем слој павловличева! Забележав добри резултати но сепак се одлучив да земам крема немента за груба кожа на стапалата! Ми ја пофалија оваа Дали ја има некој користено и која е цената на оваа крема? А исто така слушнав многу пофални зборови и за ова Оваа чини околу 300 денари мислам! Дали некој ги има користено овие креми и која е подобра?
од пред некое време ми се појави голем проблем кај стапалата.Кожата на стапалата ми се лупеше ми паѓаа цели парчиња кожа Решение најдов со третман од парафин и нормално сет за нега на стапала.Се премачкувам со парафинот па ги виткам стапалата во топла крпа и така стојат 10-тина минути.Потоа ги турпијам и цела мртва кожа испаѓа а од парафинот се ептен нежни.Задоволна сум од тој производ го набавив од авон.Секој што има сличен или ист проблем топло му го препорачувам
Мене едно место и кај двете стапала секогаш ми е суво и испукано и ништо не ми помага околу тоа.Редовно правам пилинг и секој ден минимум два пати ги мачкам со павловиќева крема...Тој дел и најмногу ме боли после соблекување на штиклите. Еве слика,таму каде што е заокруженото,таму е проблемот. Ако знае некој лек нека ми пише
Леле Багуфче и кај мене потполна истата ситуација. Ама мене не само од штикли, спортист сум јас и после тренинзи од патиките некако ми се набива тој дел а дека на прсти трчам ( така од мали не учат дека е правилно, а не со цело стапало) и цело време тежината на тоа место. Кога си доаѓам од тренинзи многу ме болат тие делови, ептен значи. Ако не ги измасирам убаво неможам да функционирам. И да исто ми е сув тој дел најмногу. Сега сакав да го земам Релаксот , масажерот да се масирам ..ме заболе раката веќе. А инаку и јас секоја вечер правам пилинг, еден од Орифлејм користам од праска и ги мачкам со павловиќева. Ако знае некој лек за истиов проблем како и кај Багуфче нека кажува
Мене од толку многу што ми е сува кожата ми се лупи. Понекогаш и носот на многу ладно или сонце ми се лупи, али петиве ептен. Кожата ми е мека и не ми е испукана, само се лупи. Бев на лекар и ми рекоа маст јекодерм да си земам. Ја користам веќе еден месец и кожата ми е баш регенерирана, ептен има резултати. Можете и вие да пробате со кремава, лошо мириса ама помага, на неа пишува дека е за изгореници, ранички, оштетна, испукана кожа....па пробајте. Со рибино масло е. Јас од зегин ја зимам 70-80 ден, не е скапа ко за проба