Моите пети се катастрофа.. сега во последно време се обидувам да ги средам Си ги држам нозете во топла вода и сапун некое време..ги бришам па потоа со камен за петици ја вадам мртвата кожа, ги мачкам со павлиќева така поголем слој ставам ги ставам во најлонче па чорапи облекувам, да не ми се извади најлончето : )) Пробував еден период само чорапи да облекувам ама немам такви специјални памучни..ама така одма ми се бришеше слојот, вака во најлонче мислам е мн подобро, не го впива мастот..
Јас имам ренде за пети, звучи смешно знам. Ама помага. после имам специјална крема за пети. а останатото павловикева. И нормално некое лакче, светло по можност. Ако носам чорапи битно да иам лак.
Дефинитивно ми се најгрдиот дел од телото (заедно со кожата на лактите и колениците). Ама тоа е што да се прави. Ги третирам еднаш месечно. Ги ставам во топла вода со купка за да омекнат и потоа ја отстранувам стврднатата кожа со турпија за пети. Ќе ги намачкам со крема за тело и после одмараат еден месец. Навистина без воља ги средувам
Сакам убаво негувани стапала . Јас сум си сама свој козметичар за скоро се‘,така да не одам на педикир по салони. Користам турпија за стапала,сапуни за пилинг,често ги држам во вода со една сол што била од Мртво Море,а знам понекогаш и да си отспијам со неколку дебели слоја Павловиќева или вазелин,исто и во домашни услови се прави еден крем од невен и свинска маст,многу корисен за стапала,но и за лакти и др.места каде кожата е погруба,одозгора ставам ќеси од оние за во замрзнувач,па едни термо чорапи кои ги користам за таа намена. Ноктите на нозете ги сечам секогаш во права линија без никакво заоблување на аглите,читнав некаде дека така било правилно. Лак користам или безбоен или многу светли нијанси,ноктите на сите прсти,освен на палецот ми се многу малечки по димензии и некако не изгледаат многу привлечно со обоени лакови.
Која девока не сака да има убави мазни стапала. Летно време многу повеќе им обрнувам внимание ги тинтрам на 2 до 3 дена а додека во зима еднаш неделно. Ги ставам во топла купка со малку морска сол некои 15 до 20 минути, после додека се мокри ги поминувам со камен да ја отстранам мртвата кожа па ги сушам и на крај им ставам крема за стапала од Орифлеим или некое од бебешките и чорапчиња. Има ли некој користено спрејови за стапала и колку се ефикасни?
I have been a lucky girl,мама ме родила со убави ,нежни ,меки стопала Никогаш не сум имала проблем со нив,ама затоа рацете ми испукуваат ко ненормални .Сепак ради превентива,бидејќи обожавам да носам штикли и скоро секогош сум на високо,еднаш во месец/два месеци ги ставам нозете во топла вода,во која има 3 шумеќи аспирина и малку морска сол.Од како ќе одстојат им правам пилинг,од Орифлејм имам за стопала и ги тријам со турпија.Одкако ќе заврши цела таа процедура,ги мачкам со павловиќева и си облакам чорапчиња. Исто така на педикир одам еднаш годишно,на почеток на лето обично.И се ова ради тоа што обожавам да си се средувам и дотерувам,не дека имам потреба А ноктињата на нозете на секое сечење ги турпијам.Во зима сама си ги мачкам со лак ,зависи од расположение во каква боја.А кога ќе дојде лето,а со него и сандали и папучки, одам на козметичар еднаш неделно,и исто како и ноктите на рацете,ми ги цртаат средуваат..и тоа е тоа
ее многу сакам средени стапала редовно си ги третирам ни зимата не ги запоставувам ја чистам непотребната кожа потоа мачкам со млеко за тело немам потреба од ставање други работи е сега летото нормално се обраќа повеке внимание.единствено си ги мразам ноктите бидејки ми се делат и морам да користам потемни бои на лакови да ги прекријам.
Девојки кога носам маринки, стапалата скоро секогаш ми се валкаат со прашина. Ме нервира, што да им правам? Лосион ако им ставам да не ќе лепат уште повеќе прашина, м?
а што се тоа маринки? ако мислиш на апостолки тогаш не употребувај крема или лосин оти од самиот од, како што велиш ќе ти се лепи прашина по стопалата,можеш барем пола саат пред да излегуваш да се намачкаш да ти изгледаат нозете убаво негувани и да иба време да се впие кремата.друго не знам
Не ги запоставувам, а посебно не сега кога почна да се носи и отворено. Им посветувам доволно внимание за да бидат меки и нежни, ја отстранувам непотребната кожа, ги мачкам со млеко за тело и можам да се пофалам дека добро изгледаат. Секако им обрнувам внимание и на ноктите, секогаш средени и лакирани со лак во впечатлива боја.
лакирани со јака боја, црвени! темно црвени, посветло црвени, како било, вазжно црвени да се, вишна, корал...
пробајте ја кремата на Palmolive Glicemilле,неверојатна е како ги омекнува стапалат Чудо едно.на сите што сум им казал се задоволни и евтина е околу 150 ден.вреди да се проба http://www.beauty-mania.rs/censura/imag ... 12a571.jpg
Еднаш неделно правам пилинг(мометално за ова лето си ги земав на АВОН од морска сол плавиот пилинг за стопала и лосиончето и супер се)и им ставам на петите посебна крема мн е добра од Dr.Schol околу 35о ден.е ама долг период ќе ја користите А секоја вечер скоро ставам од лосионот или било каков крем за да се меки,на лето многу повеќе внимание им посветувам.Ги лакирам претежно во јаки бои-црна,црвена,циклама,тегет поубаво ми стојат потемните на моите нокти.
Сум била неколку пати на педикир и се зезнав скрос..сега имам проблем се ствара груба кожа и морам цело време да ја турпијам/да ја вадам со жилетче или да ја рендам Да ми препорачате неке добро ренде? Или некое машинче незнам ни ја што год да е ама да не морам да набивам мускули на раце секој пат кога правам педикир од тупите турпии и рендиња!
Имам вакво чудо и го купив некои 50,60 денари. Супер е. Ги држам нозете во вода со сол и сода бикарбона некогаш. После ги турпирам со ова и ги мачкам со маст - павловичева или една од авон или пак со маст од невен. Ко на бебе ми се. Ретко сум боса, по дома шетам со чорапи и намачкани нозе со крема.
имаше во Топшоп на времето Пед ег, ама веке нема инаку сама дома си правам педикир, понекогаш одам во козметички салон
Сум пробала се и сешто и на крај се задржав на кремата на Хемел. Се мачкам само пред спиење бидејки е многу мрсна и обавезно облекувам чорапи.
И јас како Марама сум задоволна од имитацијава, ја купив од џамбо мислам 80сетина денари а стварно врши работа.