Касандра можам да ти ја препорачам дефинитивно Лидерата да си ја земеш ја има скоро сегде. Јас од Тедико ја купив 130-140 ден. е, се користи 2 пати неделно. Чудно како ја снемува непријатната миризба, мене дефинитивно ми делува и многу сум задоволна.
тајната на убавите стапала е мн едноставна- доволно хидратација и соодветна нега. создавајќи редовна рутина на нега на стапалата цело лето а и подолго нема да имаме проблем со отечени болни нозе. стапалата ги измивам секој ден за да ги отстранам мртвите клетки кои го даваат непријатниот мирис а истовремено се отстрануваат и бактериите кои предизвикуваат појава на инфекции. ги покиснувам во топла купка во која ставам морска сол и неколку капки етерично масло од лаванда - обично ова го правам еднаш неделно. Секојдневно ги истривам со турпија неколку мин а потоа ги покиснувам во топла вода, аа одкако ќе ги искиснам ги мачкам со масло во кое додавам лосион за стапала. исто така треба редовно да се кратат ноктите но не предлабоко и не во овален облик. надворешниот раб секогаш треба да е паралелен со кожата. знам и да нанесам крем или масло на кутикулите и одкако ќе се впие со посебно дрвено стапче ги подбутнивам кутикулите наназад бидејќи не смее да се сечат зашо ги штитат никтите од инфекција. кога се лакирам гледам по десетина дена да го отстранам лакот и да направам пауза од 24 часа до следното нанесување бидејќи сметам дека ноктите треба да се остават малку на мира да дишат слободно. исто така кога ќе ги почувствувам да се погруби и суви знам обилно да ги намачкам со крем и да облечам посебно чорапчиња за хидратација и така да ја преспијам ноќта.
Јас па избегнувам да гледам било кој во стапалата од страв да не видам гадни, испукани, бели и несредени. А посебно ако некоја е дотерана, а облекла сандали со несредени стапала. Бљак. Нормално е да се сушат стапалата посебно летно време бидејќи поголемиот дел од времето сме боси и кожата доаѓа во допир со прашина која ја суши кожата. Обавезно одам на масажа на стапала за секое ковче да ми искрцка. Одам на козметичар еднаш месечно (летно време два пати) и си носам свои препарати како турпии, ноктарче, ножички и слично. Значи се што треба за да ми ги средат нозете си носам сама. Немам баш доверба во никој за некои работи. Кога ќе ме средат после сама си ги средувам по потреба. Задолжително нешто во целава работа е маслиновото масло со кое се мачкам и облекувам специјални чорапи и сабајле само крем за разладување на стапалата и толку. Никогаш не сум ставала хидатантни кремови и да се надевам дека тоа ќе ми држи средена кожа. Тие брзо се упиваат и после како да не си ставил.
Јас си правам купка на стапалата, во жешка вода ставам малку морска сол, обична сол, и вообичаената купка која ја користам во тој момент ( не користам специјални за стапала ), ги турпирам секој ден, редовно ноктите ми се лакирани, и тоа во некои подречливи бои. Крем за стапала немам користено, си ги мачкам со павловичева и супер е, ми ги омекнува. Порано користев еден спреј од орифлејм за разладување, но не ми се допаѓаша, па оттогаш немам користено такво нешто. Па тоа е оприлика .
Секое бањање редовно ги стругам петите со камен за пети. Ставам и малку млеко за тело, најмногу ми одговара. После ова, им ставам павловиќева, облекувам чорапчиња и наредниот ден, ми иде да се галам по лицето со петите. Ептен ми се меки од павловиќевава, имам сешто пробано, ама ете, наједноставниот лек што ти бил. Ме нервираат ноктите, затоа што ми враснуваат, па секое сечење ми е агонија. Ем ги искиснувам убаво пред тоа, ама ништо. Секогаш ми се налакирани, најчесто со некој неутрален лак. Гледам да ги усогласувам боите на ноктите со тие на рацете, не ми оди џиш зелено на раце, а крем на нозе. Воглавно не ми се нешто проблематични, не ми се посебно суви или слично. Нормално, би рекла. Имам една другарка, како серт книга и се. А секојдневно е со пилинзи, креми, педикири.. Но тоа е, кожата и е едноставно таква.
Имам едно прашање. Имам широки, малку дебелки стапала и носам број 40.. Не можам штикли да носам бре! Едноставно нога не влегува. Имам шиироки листови може од тоа е. Дај кажете ми решение дали можам да ги ослабнам.. или пак нешто друго. Се срамам кога сите носат штикли а јас не
Стапала да ослабат, не никако значи колку ќе пораснат толку нема намалување малку ми е смешно прашањево (извини) ама што учите на школо а и плус ова прашање мислам дека е од општа култура онака мора да го знајш, незнам дали ме разбираш. Не сакам да те навредам ама пред да пишите нешто прво размислете малку што прашувате
Педикир Драги мои феминки! Се надевам дека некаде на форумов некој не отворил слична тема, бидејќи не можев да најдам... Ме интересира каде во Скопје можам да одам на убав квалитетен педикир. Сум била на многу места, не ми е важна цената, нека биде скапо, важно ми е да не ми пренесат габични инфекции и да не ме стружат насилно до крв... Тоа само уште повеќе ја загрубува кожата. Немам никаков проблем, кожата на стапалата ми е супер, единтствено сакам пред да се породам да си направам убав педикир за да не се замарам самата (а морам да признаам дека со стомакот не ми е баш лесно) Поздрав до сите!
Феминки, ај ве молам препорачајте ми некое козметичко студио, сакам да направам педикир, ама да не е скапо. И студиото да е во центар/аеродром негде.
Прво им правам пилинг на стапалата па ги мијам со купка,ги турпирам петите,ги лакирам ноктите (секогаш),ги мачкам со крема за стапала (во лето крема за хидратација зошто ми се потат нозете),и на крај спреј за стапала.
Редовно си ги стругам со турпија за стапала, ги мијам со пилинг и им правам купка на стапалата еднаш неделно, потоа ги мачкам со вазелин или павловичева, на крај облекувам памучни чорапи. Користам пилинг на Авон со потрокал и цимет и на Орифлејм со калинка, преубаво мирисаат и ефикасни се. Ноктите на нозете ми се преокупација, ги мразам прсите и ноктите на нозете на сите луѓе, ептен ми се грди сите ги гледам во прстите на нозете, а моите неможам да ги поднесам. Се трудам колку што е можно да ги разлепшам, ги лакирам во зависност од тоа какви ми се и ноктите на рацете, несакам да ми се различни, ова за во лето, инаку во зима не ги лакирам. Највеќе ми се допаѓа француски маникир на прстите на нозете.
Домашни купки за стапала Стапалата издржливо го носат целиот товар, но најчесто забораваме дека им треба ослободување и освежување по долгиот престој во неудобни чевли. Со купка за стапала започнуваат скоро сите третмани во најпознатите светски спа центри, а трикот за брзо ослободување од стресот лесно може да го искористите и дома. Купката за стапала не е само подготовка за педикир, напротив, и мажите и жените ќе си го подобрат расположението и вратат енергијата по само 10-15 минутен третман. Нема никаква причина да се лишите од оваа можност, особено што сѐ што ви е потребно веќе го имате дома. Неопходен е голем сад и вода, а останатото е прашање на желба. Наједноставно е само да додадете неколку лажици морска сол или мед во млака вода, или пак стапалата да ги натопите во чај (особено препорачуваме камилица или нане) и добивате одлична купка и со само една состојка. -Овошна Исецкајте еден цитрон (може да се замени или комбинира со лимон и портокал) на парченца, додадете 4 големи лажици морска сол, малку рузмарин и прелијте ги со сок исцеден од половина цитрон. Прелијте со половина литар врела вода и оставете да отстојат неколку минути. Потоа додадете поладна вода и прилагодете до саканата температура. - Мед и млеко - Загрејте половина литар млеко и 2 литра вода. - Со мешање во течноста растопете 2 големи лажици мед. - Префрлете ја загреаната течност во кадичката (пластичниот сад) за стапала. Менувајте ги и дополнувајте ги своите домашни спа третмани по желба, единствено внимавајте водата да достигнува до 3/4 од висината на кадичката за да може да ги движите стапалата без истурање. По 10-20 минути во вода, исушете ги стапалата со пешкир и за дополнување на уживањето кусо измасирајте ги со крема. Ветуваме дека ќе се чувствувате препородено! Изворно
Јас пак имам проблем со потењето на стапалата .. баш во лето многу ми е зголемено ..и дајте препорачајте ми некој спреј нешто се нервирам ќе не можам и ова лето сандали ко човек да облечам ми се лепи прашина на стапалата хелп
Добро е девојките да ги негуваат нивните стапала,,,,хеххе нека обрнат повеке внимание има машки што полудуваат по женски стапала како јас на пример ....Негувани треба да се,но ниако да мирисаат на сапун хехе нека се осети мирисот природен тоа е повозбудливо
Баш вчера си направив купка и си седнав пред компјутер додека нозете ми беа во топла вода. Па ми стана фино и малку си се заборавив Откако ќе ми отстојат во купката барем 15тина минути, ги стругам со турпија и притоа користам пилинг од Авон. На крајот ги бришам, ги мачкам со вазелин од невен и облекувам чорапчиња. Ноктите ми се секогаш убаво средени и налакирани, а бојата на лакот ми зависи од расположение. Во принцип не можам да поднесам излупен лак на нокти, безразлика дали се работи за ноктите на рацете или нозете. Па затоа редовно ги лакирам
Редовно си ги стругам со турпија за стапала, ги мијам со пилинг и им правам купка на стапалата еднаш неделно.
девојки дали некој има искутво со PALSON FOOD SPA денес купив и писува пред да го вклуците проверете во упатството а упатство НЕМА во кутијата ниту пак имаат во продавница ако некој користи нека писе
од чевлите стапалата ми се катастрофа-инаку летно време ги потопувам во купка, ги мачкам со лосион за стапала, а и кога сум при пари одам на педикир , би требало наскоро да си закажам, оти навистина ме болат многу прстињата