цела категорија на темата бременост ја пролистав не најдов вакво нешто. Ако има во некоја друга категорија слободно бришете. Моето прашање е како го негувате вашето тело за време на бременост? Какви гелово купки сапуни користите,некои средства за хидратација и слично? Нешто за превенција од стрии? Јас стрии добив во последните 2 недели од бременоста. Не ми издржуваше повеќе кожата користев крем од бекутан секој ден по неколку пати. А вие?
Мене ми е многу сува кожата на нозете, а никогаш не ми била, па се мачкам со нивеа млеко за тело плус во него малце маслиново затоа што највеќе ми помага. Павловиќева ми е мрсна, не ми впива, и само ја лепам на облека. Стомакот го мачкам со маслиново, иако верувам дека гени се во прашање за појава на стрии, но не би оставила така. Од сите масла највеќе ми годи маслиново. На кокосово сум дала многу шанси, но не ми одговара воопшто. Стапалата исто ми се суви, ама нив ги мачкам со што ќе стигнам, да ги потрошам сите креми. Можеби дека е зима, генерално не сум имала сува кожа, но сега и по два пати да се мачкам, мислам одма ќе впие.
Ништо посебно, како и пред бременост така и во бременост, секојдневна рутина,туш со истиот гел за туширање истото млеко за тел,единствено плус беше кремот против стрии и тоа не секој ден го мачкав,во првата бременост по повеќе го мачкав и воопшто не ми помогна, во втората често заборавав да се намачкам и не испукав ич. @marchi-cool бремена си?
Јас кога останав бремена почнав да користам само кокосово масло за цело тело и за лицето наместо крема. Понркогаш ставав и Био Оил. Ми се исчисти лицето скроз, а стрии ми се појавија неколку на стомакот после пораѓајот.
Почнав да се бањам со обичен шампон од коприва или бреза и престанав да користам гел за туширање, лосион за тело, спреј за тело. Откако се породив мислам не било страшно да се користи ама прва бременост и гледав козметиката да ја сведам на минимум. Велат да не се става стикче, ролон или дезодоранс, но јас ставав. За стрии не користев ништо, не се замарав. Последниот месец се бањав со саати и навистина при крај на 9ти месец тоа ми беше најдолгото бањање. Откако се породив прашање беше дали и ќе се избањам, но еве полека се се враќа во нормала. Треба да се негува телото, да е чисто, но убаво е да се прават некои лесни вежби и да се движи доволно. Под нега подразбирам и разновидна и умерена храна и облеката како украс на една трудница.
па тестот покаѓа дека сум допрва треба на преглед да одам па ќе видиме дали е. Инаку споделив искуство од првата бременост. Знаев дека треба да се одржува еластичноста на кожата.
првите неколку недели, па практично до пред некој ден се бањав само со бебешки сапун и со бебешки шампон. Сега почнав со нивеа гел за туширање и шампон од бреза, а после ставам аграново масло на косата. За тело користам бебешки лосион за мачкање од хипп. 11+5 недела сум.
Абе која нега во бременост ти се шегуваш со нас? Чорапи не можам сама да си облечам како мајмун се тегнам под туш да дофатам било што, нозете ми испукаа иако на секое туширање ми ги мачкаат и масираат со крема, она нега на тело отворила тема Научна фантастика ми е бричењето зошто никад не сум сакала депилација со машинката дремам со саати пред секој преглед. На интимен дел со бикче каде фатам кафе не кој знае на што личам. Ако постојам подолго губам воздух, пушти топла жешко ми е, пушти ладна не бива. Ми се плаче.
Јас користам се што си користев предходно.... Во првите три месеци од бременоста не коритев купка за капење, само шампон. Од 4ти месец натаму кога почна да се познава стомачето почнав со кремата за стрии и купка умерено да користам. А бидејки останав бремена во лето користев дезодоранс.... Исто користам ББ Крем од Фармаси наместо пудра, како кремче ми е и маскара и лабело и сапун од црно семе за миење лице, навечер. Матичната докторка ми рече бебето е супер ти си во ред, не експериментирај со различни хемикалии и храна, зашто не знаеш дали ќе ти се појави алергија.... А ако се појави тешко дека може да ти дадеме нешто. Ти си нормална бремена жена.... Е сега кога ќе почнам да дојам сакам да нарачам Кристален камен од Алунит (мислам дека се викаше минералот), за да не користам дезодоранс нашите мајки пушеле и пиеле кафетин, па сите сме живи и здрави ќе си угиниме од помодарство
Јас во почетокот немав приблеми со кожата се до 4 месец кога почна да ми расте мешко кога и почнав да ставам хидратантни креми но за жал во 9м при крајот пак испукав премногу!
Во првата бременост внимавав повеќе...сега не баш. Ма да, кога ќе се сетам и не користев кој знае што, мешко и бутовите ги мачкав едино со оригинал павловиќева, некогаш со тие плус капки (не ми текнува какви беа)...и среќа немам никакви стрии лузни, ништо. Сепак мислам дека се работи за генетика. Познавам другарки кои што мачкаа 300 чуда, какви не скапи креми, еуцерини, чуда, посебни за бремени, и пак цел стомак им е со стрии.
женичко сакам да ве прашам дали користите антиперспиранти или нешто слично за пазувите? Знам дека не се препорачува,ги затнуваат жлездите затоа и не користам но чуствувам повремено непријатен мирис. Ајде туширање ајде марамчиња ама.... Што вие користите
Ме замисливте сега со дезодорансов. Јас користам цело време од кога дознав и истиот гел за туширање си го користам на Dove и двете.
мене уште во првата бременост стрина ми ми кажа дека рол они такви ствари не се користат,и млечните жлезди и потните жлезди ги запушуваат,доведуваат до поголеми шанси за настанување на маститис. И престанав да ги користам. Ама сега ме фаќа пролетна и летна тудноќа па не можам без некое средство. Еве уште сега чуствувам 2 дена одкако ќе се искапам се појавува миризба.
Ехе до Август ние ќе се препотиме Чим така ајде кажувајте што може да се користи,фрлам дезодоранс. Се насекирав сега
Рол он од греен, на природна база е и убаво мириса. Максимум 400ден е, јас си земав чекам да го дотрошам стикот на рексона и да почнам со таков и здравје во следните години саамо таков ќе користам.