Јас кога се породив со првото дете сестрите ни забранија во болница да се прскаме со тие спрејовите јас рексона имав рекоја ако сакаме само рол он и тоа на природна база.како што е штетно за нас и за бебињата е зошто и тие вдишуваат така ни кажаа во болница и сега за оваа бременост се мислам што да користам
Ајдеее и мене шубе ме фати... јас ретко надвор искачам, ама кога одам ставам нивеа антиперспирант или балеа. Нешо на природна база викате а, уф бре тие ич не мирисаат убаво!
Еве јас разгледав одма по нет.. Имало во дм на Балеа без алуминиум некои стикови. После ќе идам да си купам
Аааа да ги знам тие , и не мирисаат лошо... може и ја ќе ги зеам... кај и да е ќе фати пролет, треба да си се спремиме...
Види па кажи каков е.во Охрид додека отворат еххе ако има опција да се порача од интернет од дм не знам
ааа.... Скоро нигде нема. Северна македонија само има - тетово скопје куманово велес. И сега битола. А ние од западна македонија? Ќе цркнуваме по патиштава еднаш месечно со список треба да одам и со вреќи да се враќам. Инаку еве што најдов јас на природна база. сиве производи ги имав ставено во листата за пазарење ,си чекаа ред ама изгледа сега ќе им дојде редот
Zenski jas imam mnogu suva koza i posle kapenje se mackav do sega cel zivot so mleka za telo pretezno od avon. Sega sakam da prasam da ne e stetno vo bremenost so ovie kremi da se mackam? So sto ja neguvate kozata vie? Za strii rano mi e seuste krema posebno da koristam.
Ние ти сме во Тингузија или Воливија веро немаме џамбо немаме дм немаме одвај еден вај кики го имаме и то
Немат проблем што би рекле ние во било кое време да ни дојдете ајде здравје сите со бебушите другото лето 
За дезодоранси природни (без алуминиум и без др штетни состојки) можете да читнете на темата Антипреспиранти без алуминиум , таму имаме пишувано доста кои се природни , кои штитат навистина итн. Од Алверде од ниеден дезодоранс и рол-он не сум задоволна. Има и два на Др.Хаушка- овие ги има во аптека ама не сум ги пробала и не можам да кажам дали и колку штитат. Можам да потврдам дека одлични дезодоранси се на Lush-Aromaсо и на Нивеа - мислам дека има два што има пишува 0% алуминиум. Јас би ви предложила некоја да отвори тема општо за нега во бременоста , за лице , тело , козметика , шминки што е добро да се користи а кои состојки да се избегнуваат - за ретиноли имам читано дека обавезно треба да се избегнува , за салицилната киселина исто така , бидејќи сите производи што ги користиме преку крвотокот штетните супстанции навлегуваат и преку плацентата на бебето..
Јас се опремив од ДМ со путер и масло од Алверде на природна база.Маслото одма го ставам после туширање на мокра кожа се облакам во бањарка и седам да се впие,после го ставам и путерот.Кожата е преубава,мека и хидрирана а и преубаво мириса.И плус не се скапи